Голем успех оваа лето на струмичките средношколци на полуфиналето од Светскиот ученички куп по англиски јазик, кој се одржа од 22 до 26 јули во Хаг, Холандија.
Тринаесетте ученици од трите средни општински училишта од Струмица, „Јане Сандански“, „Никола Карев“ и Димитар Влахов“ се вратија со 36 освоени медали, злато, сребро и бронза, а девет од нив, три тимови се пласираа во финалната рунда која ќе се одржи од 8 до 13 ноември на Јеил Универзитетот во Њу Хевн, САД.
Младите Македонци се натпреваруваа во различни категории со своите врсници од 50 држави, а ги имаше околу 1900 ученици и успееја да продолжат во финалното натпреварување. Но дали ќе продолжат сите, професорката Верица Јанкова вели дека тешко, проблем им се финансиите, бидејќи учеството таму чини многу пари, ќе се сведе на родителите кои се во можност.
„Ние ќе се обидеме да побараме помош и од општината, за да се олесни учеството, бидејќи навистина многу чини, а целиот терет е на добрата волја на родителите кои сакат да инвестираат во нивните деца. Трета година е оваа, како учествуваме на престижниот Светски ученички куп, досега сме ја имале поддршката, во рамките на своите можности и од градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и од Советот на општината, а со финансиски средства ни помогнале и директорите на СОУ „Јане Сандански“ и СОУ „Никола Карев“, во рамките на можностите од училишниот буџет“ – вели професорката Верица Јанкова, која на оваа натпреварување беше прогласена за „Ментор на годината 2019“ и доби пехар, а го добија само четири ментори од целиот свет.
За жал само четири ученици ќе одат на Јеил, поради тие финансиски проблеми, Сара Заева и Светлана Иванова од СОУ „Јане Сандански“, Симона Крстева од СОУ „Димитар Влахов“ и Михаил Шумаров од СОУ „Никола Карев“.
Ученичката Бојана Витанова која се пласира во финалната рунда, нема да може да оди во САД да ги покаже своите квалитети на Јеил Универзитетот. Таа апелира до општината и Министерството за образование да се осврнат повеќе на интернационалните натпреварувања, да ги поддржат финансиски учениците кои се избориле да стигнат до таму и да бидат забележани нивните трудови и на тоа поле, а не само на локално и државно ниво.
.
.
Дек 09, 2019 Вести
Синоќа во прекрасниот амбиент на храмот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица се одржа мултимедијалниот настан „А се' што на да...
Дек 09, 2019 Настани
Ансамблот за народни игри и ора „Тримери“ од Струмица во сабота (14 декември) од 19:00 часот во големата сала на Домот на АРМ, ќе го одржи традиционал...
Дек 08, 2019 Вести
Струмичани ќе имат можност да ги видат струмичките наставници и професори од основните и средните училишта на големата сцена во Центарот за култура, к...
Дек 08, 2019 Настани
На денот на заштитниците на градот Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе се одржи Годишн...
Дек 08, 2019 Вести
Познатиот струмички фотограф Сречко Гунчев, во вторник (10 декември) во 20:30 часот ќе постави изложба на свои фотографии во фоајето на Центарот за ку...
Дек 08, 2019 Вести
Капитенот на македонската репрезентација попладнево понуди егзотичен гол за присутните на стадионот во Лече откако во нападот на неговата екипа ја иск...
Дек 08, 2019 Вести
Селото Муртино доби Детска градинка, на просторот на некогашната општинска зграда, кога постоеше општина Муртино. Капацитетот е за 26 деца од предучил...
Дек 08, 2019 Вести
Струмица на 11-ти декември празнува, го одбележува својот Патрон, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. По тој повод од денеска на празник...