Млади од Македонија, Романија, Италија, Данска, Турција, Хрватска и Португалија преку меѓународната размена „АгроМлади“ во Струмица

Недела, 22 Септември 2019

Од 14-ти септември до денеска, Струмица беше домаќин на третата меѓународна размена под име „АгроМлади - Трето издание“.

Група од 35 млади од 7 европски земји, Македонија, Романија, Италија, Данска, Турција, Хрватска и Португалија беа гости на Струмица. Теми на размената кои беа дискутирани беа поврзани со развој на руралните подрачја, земјоделието и како младите да се мотивираат и да започнат свои мали бизниси во областа производство на храна.

Во текот на размената тие имаа можност да споделат искуства, информации и најдобри практики во овие области. Исто така беа имплементирани и студиски посети преку кои младите научија повеќе за производството. Групата ја посети фабриката ЈОКА од Струмица каде научија повеќе за производството на јогурт, МАБИ Трејд каде видоа како се конзервира и обработува пиперката, и беа гости на Бети Рингова во Горно Балдовци каде имаа можност и директно да помогнат при берење на црвена пиперка.

На овој начин тие преку студиски посети дознаа повеќе и искусија практично што значи бизнис, како да станеш земјоделец и добија мотивација за иднината.

Младите имаа можност направат и свој мармалад од јаболка и модри сливи. Мармаладот денеска беше претставен на струмичани, а средствата од продажбата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Исто така тие како гости на Општина Струмица имаа можност да ги посетат и видат Колешинските и Смоларските водопади, Водоча, Вељуса и Струмичкиот музеј и да научат нешто повеќе за Струмица.

Оваа меѓународна размена е имплементирана од страна на младинската организација КРЕАТОР од Куманово, а финансирана од Националната агенција за европски програми и мобилност преку програмата ЕРАСМУС+.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Автомеханичарската работилница „ЗЕТОВ“ има потреба од работници

Автомеханичарската работилница „ЗЕТОВ“ има потреба од работн…

Јан 28, 2020 Веб Билборд

Автомеханичарската работилница „ЗЕТОВ“ од Струмица има потреба од автомеханичари. Подетални информации на: 078/214-944...

Советниците утре ќе одржат седница, најмногу точки за трошењето на буџетските пари

Советниците утре ќе одржат седница, најмногу точки за трошењ…

Јан 28, 2020 Вести

Советот на општина Струмица утре ќе ја одржи првата седница во ова година на која се поставени 36 точки на дневен ред. Советниците ќе ја утврдуваат м...

Објавен конкурсот за 21-от Фестивал на карикатура и афоризам во Струмица

Објавен конкурсот за 21-от Фестивал на карикатура и афоризам…

Јан 28, 2020 Вести

Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица го објави конкурсот за 21-от меѓународен Фестивал на карикатура и афоризам „Струмица 2020“, кој се одржу...

Владата одобри пари за реконструкција на Центарот за култура и новиот Струмички театар

Владата одобри пари за реконструкција на Центарот за култура…

Јан 28, 2020 Вести

Владата на денешната седница ја усвои Годишната програма за инвестиции во културата за 2020 година, која содржи 12 проектни активности кои ќе се реали...

Десет дена никаква трага од исчезнатата Марија Брзакова, Јавното обвинителство го презема случајот

Десет дена никаква трага од исчезнатата Марија Брзакова, Јав…

Јан 28, 2020 Вести

Десет дена се уште нема никаква трага од 28-годишната сопруга и мајка, Марија Брзакова од Босилово, струмичко, која од 18-ти јануари во утринските час...

Велосипедист удрил во жена и побегнал, повредената со тешки телесни повреди е пренесена во болница

Велосипедист удрил во жена и побегнал, повредената со тешки …

Јан 28, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера во 14:00 часот на улицата „Ката Поцкова“ во Струмица велосипед удрил во пешак Ц.Т. (68 години) од Струмица, по што в...

Општина Струмица објави препораки за загадувањето на воздухот по надминување на прагот во два последователни дена

Општина Струмица објави препораки за загадувањето на воздухо…

Јан 27, 2020 Вести

Општина Струмица на својата веб страница објави препораки од градоначалникот Коста Јаневски, во врска со надминување на праг за информирање на граѓани...

„ЏИО Струмица“ ја промовира одбојката во училиштата под покровителство на Европската одбојкарска федерација

„ЏИО Струмица“ ја промовира одбојката во училиштата под покр…

Јан 27, 2020 Вести

Дваесеттина ученици имаа можност да бидат дел од теоретската и практична настава по одбојка во Спортската сала „Партизан“, во организација на Одбојкар...