Млади одбојкарки од Македонија, Словачка и Србија, денеска и утре учествуваат на првиот Меѓународен турнир во одбојка за жени, во чест на професорот, поранешен одбојкар и тренер, Илија Караманов, што го организира Одбојкарскиот клуб „Наковски Волеј“ од Струмица.
Попладнево по официјалното отворање на турнирот во Спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“, се одигра првиот натпревар помеѓу екипите, шампионот на Македонија, ОК „Работнички“ и ОК „Брусно“ од Словачка, а потоа и помеѓу домаќинот ОК „Наковски Волеј“ и ОК „Партизан“ од Белград, Србија. Турнирот продолжува и утре со финалното разигрување помеѓу најдобрите екипи.
Илија Караманов, кој почина на 9 август годинава на 58-годишна возраст, беше десет години одбојкар на некогашниот Одбојкарски клуб „Југославија“ од Струмица, тренер на некогашниот женски одбојкарски клуб „Македонија Траншпед“ од Струмица и помошник на тренерот Кире Ричлиев во ОК „Струмица“ од 1994 до 2004 година. Од 1992 година беше вработен во Општинскиот сојуз на спортови во Струмица, како одговорен за финансиското работење на оваа спортска организација.
.
.
Дек 09, 2019 Вести
Синоќа во прекрасниот амбиент на храмот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица се одржа мултимедијалниот настан „А се' што на да...
Дек 09, 2019 Настани
Ансамблот за народни игри и ора „Тримери“ од Струмица во сабота (14 декември) од 19:00 часот во големата сала на Домот на АРМ, ќе го одржи традиционал...
Дек 08, 2019 Вести
Струмичани ќе имат можност да ги видат струмичките наставници и професори од основните и средните училишта на големата сцена во Центарот за култура, к...
Дек 08, 2019 Настани
На денот на заштитниците на градот Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе се одржи Годишн...
Дек 08, 2019 Вести
Познатиот струмички фотограф Сречко Гунчев, во вторник (10 декември) во 20:30 часот ќе постави изложба на свои фотографии во фоајето на Центарот за ку...
Дек 08, 2019 Вести
Капитенот на македонската репрезентација попладнево понуди егзотичен гол за присутните на стадионот во Лече откако во нападот на неговата екипа ја иск...
Дек 08, 2019 Вести
Селото Муртино доби Детска градинка, на просторот на некогашната општинска зграда, кога постоеше општина Муртино. Капацитетот е за 26 деца од предучил...
Дек 08, 2019 Вести
Струмица на 11-ти декември празнува, го одбележува својот Патрон, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. По тој повод од денеска на празник...