Поставена изложба на дела од 56. Струмичка ликовна колонија

Среда, 11 Септември 2019

Од вечерва во Изложбениот салон на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица е поставена изложба на 40 дела создадени од 14 ликовни уметници на годинашната меѓународна Струмичка ликовна колонија, која по 56-ти пат се одржа од 1 до 12 август.

„56 години традиција, преку 1300 ликовни творци од цел свет кои учествувале, создале над 2600 дела. Со право можам да кажам дека сме најстарата и најафирмирана ликовна колонија не само во Македонија, туку и на Балканот. Големо богатство е да се има дела од основоположниците на македонското современо ликовно сликарство, Пандилов, Мартиновски, Владимирски, Наумовски, Кондовски, Мазив, Чемерски, Куноски и уште многу други уметници кои оставија дел од своето срце“ – рече уметничкиот раководител на колонијата, Александар Филев.

На годинашната Струмичка ликовна колонија имаше уметници, освен од Македонија и од Русија, Полска, Бугарија, Грција и САД, кои биле фасцинирани од старата архитектура и тесните улички и сокаци во Струмица. Инспирирајќи се од тоа, тие своите чуства ги пренесоа на платна, секој со својот дух, со своите креации, што е и убавината на уметноста.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски ја отвори изложбата, по повод ослободувањето на градот, 11-ти септември. Рече дека овие дела се непроценливо богатство кои ја осведочуваат ликовната историја на нашиот град и нашата држава.

„Новата страница од таа историја е веќе напишана со јазикот на творечкиот сензилибитет, а Општина Струмица несебично ќе го поддржува и испишувањето на следните нејзини страници“ – рече градоначалникот Јаневски.

Делата од годинашната Струмичка ликовна колонија струмичани ќе имат можност да ги видат во наредните десеттина дена, а потоа ќе бидат претставени во неколку градови во државата.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Даскаловски ги повика струмичани во недела да се вклучат во еко акцијата за чистење на реонот околу спортскиот комплекс

Даскаловски ги повика струмичани во недела да се вклучат во …

Сеп 20, 2019 Вести

Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски, денеска ги повика струмичани да се вклучат во акцијата за чистење н...

Приведен струмичанец по распишана потерница

Приведен струмичанец по распишана потерница

Сеп 20, 2019 Вести

Вчера околу 17:00 часот во Полициската станица во Струмица од слобода бил лишен Ш.М. (31) од Струмица, врз основа на распишана Централна потерница за ...

Околу 150 ученици го разубавија дворот на СОУ „Никола Карев“, изработија и постелнини за Детското одделение во Струмичката болница

Околу 150 ученици го разубавија дворот на СОУ „Никола Карев“…

Сеп 20, 2019 Вести

Учениците од СОУ „Никола Карев“ и СОУ „Јане Сандански“ од Струмица, го одбележаа меѓународниот Ден на мирот. Околу 150 ученици од двете средни општин...

„Ден без (со) автомобили“  - одбележана Европската недела на мобилност

„Ден без (со) автомобили“ - одбележана Европската недела на…

Сеп 20, 2019 Вести

Навидум ден без автомобили, но коловозите полни, сите си ги користат автомобилите, само околу 200 ученици организирано од професорите по спорт дојдоа ...

Сообраќајка помеѓу два камиони, настрадал велосипедист

Сообраќајка помеѓу два камиони, настрадал велосипедист

Сеп 20, 2019 Вести

Вчера околу 14:30 часот на улицата „Климент Охридски“ во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Фолксваген Л80“ со штипски рег...

Под мотото „Пешачи со нас“ утре со велосипедско дефиле ќе се одбележи Европската недела на мобилност

Под мотото „Пешачи со нас“ утре со велосипедско дефиле ќе се…

Сеп 19, 2019 Вести

Во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност од 16 до 20 септември, утре (петок, 20 септември), Општина Струмица организира дефиле н...

ВИДЕО: Одбојкарите на Македонија пречекани со Џамбо и Агушеви

ВИДЕО: Одбојкарите на Македонија пречекани со Џамбо и Агушев…

Сеп 19, 2019 Вести

Македонската одбојкарска репрезентација попладнево се врати во Скопје, а беа пречекани со музика од Џамбо и Агушеви, ја свиреа „Бисер Балкански“, а на...

Утре прекин на електричната енергија во Требичино, Едрениково и Варварица

Утре прекин на електричната енергија во Требичино, Едреников…

Сеп 19, 2019 Вести

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...