На Спомен костурницата над Струмица одбележан Денот на ослободувањето на градот

Среда, 11 Септември 2019

Струмица празнува! Утрово на Спомен костурницата над Струмица беше одбележана 75-годишнината од ослободувањето на градот. За овој убав и голем јубилеј, говореше градоначалникот Коста Јаневски.

„Струмица е слободен град со слободни граѓани. Оваа вест не е нова, но секогаш е убава да се слушне, оти ништо на овој свет не е поубаво од слободата. Во името на таа слобода на нашата Струмица, еве сме пак заедно – горди и достоинствени и на овој 11. Септември, затоа што овој ден е вреден за одбележување, вреден за празнување и вреден за потсетување на неговата важност. Тоа го правиме секоја година, но годинава овој датум има посебна вредност бидејќи славиме убав и голем јубилеј – 75 години од првиот струмички слободарски ден“ - рече градоначалникот Јаневски.

Во знак на почит кон жртвите за денешната слобода на Струмица, беше положено свежо цвеќе од страна на градоначалникот и претставници на Советот на општина Струмица, Сојузот на борците, СВР Струмица, политичките партии и ЈУ „Детска радост“ Струмица. Се одржа и мал митинг на револуционерна поезија во кој учествуваа членови на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“.

Вечерва во 19:30 часот во НУЦК „Антон Панов“ е традиционалното претставување на делата од годинашната 56-та Меѓународна Струмичка ликовна колонија, на која ќе бидат изложени сликите направени од петнаесеттина автори од Македонија и странство.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Даскаловски ги повика струмичани во недела да се вклучат во еко акцијата за чистење на реонот околу спортскиот комплекс

Даскаловски ги повика струмичани во недела да се вклучат во …

Сеп 20, 2019 Вести

Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски, денеска ги повика струмичани да се вклучат во акцијата за чистење н...

Приведен струмичанец по распишана потерница

Приведен струмичанец по распишана потерница

Сеп 20, 2019 Вести

Вчера околу 17:00 часот во Полициската станица во Струмица од слобода бил лишен Ш.М. (31) од Струмица, врз основа на распишана Централна потерница за ...

Околу 150 ученици го разубавија дворот на СОУ „Никола Карев“, изработија и постелнини за Детското одделение во Струмичката болница

Околу 150 ученици го разубавија дворот на СОУ „Никола Карев“…

Сеп 20, 2019 Вести

Учениците од СОУ „Никола Карев“ и СОУ „Јане Сандански“ од Струмица, го одбележаа меѓународниот Ден на мирот. Околу 150 ученици од двете средни општин...

„Ден без (со) автомобили“  - одбележана Европската недела на мобилност

„Ден без (со) автомобили“ - одбележана Европската недела на…

Сеп 20, 2019 Вести

Навидум ден без автомобили, но коловозите полни, сите си ги користат автомобилите, само околу 200 ученици организирано од професорите по спорт дојдоа ...

Сообраќајка помеѓу два камиони, настрадал велосипедист

Сообраќајка помеѓу два камиони, настрадал велосипедист

Сеп 20, 2019 Вести

Вчера околу 14:30 часот на улицата „Климент Охридски“ во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Фолксваген Л80“ со штипски рег...

Под мотото „Пешачи со нас“ утре со велосипедско дефиле ќе се одбележи Европската недела на мобилност

Под мотото „Пешачи со нас“ утре со велосипедско дефиле ќе се…

Сеп 19, 2019 Вести

Во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност од 16 до 20 септември, утре (петок, 20 септември), Општина Струмица организира дефиле н...

ВИДЕО: Одбојкарите на Македонија пречекани со Џамбо и Агушеви

ВИДЕО: Одбојкарите на Македонија пречекани со Џамбо и Агушев…

Сеп 19, 2019 Вести

Македонската одбојкарска репрезентација попладнево се врати во Скопје, а беа пречекани со музика од Џамбо и Агушеви, ја свиреа „Бисер Балкански“, а на...

Утре прекин на електричната енергија во Требичино, Едрениково и Варварица

Утре прекин на електричната енергија во Требичино, Едреников…

Сеп 19, 2019 Вести

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...