Николоски од Банско: Ова што го гледаме во Струмица е исто што се случува низ целата држава

Сабота, 10 Август 2019

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во придружба на раководството на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, денеска имаа средба со жителите на селото Банско.

Николоски вели дека во Банско гледаме многу нереализирани ветувања, уште во 2009 година беше ветено дека тука ќе се изгради голем и модерен СПА центар преку кој ќе може преку туризмот да остварува приход локалното население.

„Но десет години подоцна тој проект не е реализиран, што самото зборува дека се даваат многу лажни ветувања, но и многу малку реализација. Тоа беше ветување на Зоран Заев кога беше кандидат за градоначалник во 2009 година, со тоа ветување, меѓу другото, ја освои довербата на граѓаните, но не го реализира. На исти начин како што не ја реализира ниту индустриската промена во Струмица, каде што ветуваше три слободни економски зони со триста економски субјекти, каде би работеле околу 3000 луѓе. Гледаме дека економската зона ТИРЗ Струмица има само една фабрика, а тоа е „Џонсон контролс“, која што дојде тука уште во време на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, останатите зони се празни, изгледаат празни, и практично нема ниту една инвестиција“ – рече Николоски на денешната прес конференција во селото Банско.

Николоски вели дека ако во минатото причина им беше или образложението дека нема соработка помеѓу локалната самоуправа и тогашната Влада, сега нема никакво образложение, затоа што токму Зоран Заев е премиер на Република Македонија.

Големи нереализирани ветување има во целиот регион, како на пример магистралниот пат од Штип до Струмица, скоро и да не се работи, а треба да биде експресен пат со четири ленти, кој исто така беше започнат во време на претходната Влада, како и проекти кои беа започнати во тоа време, а се скоро запрени, како доградбата на крилото на ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица, патот кон Ново Село и стариот Струмички театар.

„Ова што го гледаме во Струмица е исто што се случува низ целата држава. Имено, она што беше започнато е запрено, нови проекти нема, ветувања огромни, реализација нула, што само говори на кој начин се добивале избори, на кој начин за жал сега се владее“ - додаде Николоски.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во сообраќајка на влезот во Струмица повредено 20-годишно момче

Во сообраќајка на влезот во Струмица повредено 20-годишно мо…

Авг 21, 2019 Вести

Околу 17:30 часот на влезот во Струмица од магистралниот пат ГП „Ново Село“ - Струмица, кај „Мало стопанство“ се случи сообраќајна незгода помеѓу авто...

Компанијата „TeDe“ од Берлин бара монтери на гипс картони, дрвени панели и мајстори за градежна столарија

Компанијата „TeDe“ од Берлин бара монтери на гипс картони, д…

Авг 21, 2019 Веб Билборд

Компанијата „TeDe“ од Берлин, бара работници со полно работно време во Германија и тоа: Монтери на гипс картони Мајстори за градежна столарија Мо...

Се проектира експресен пат од граничниот премин „Ново Село“ до клучката кај Смоквица

Се проектира експресен пат од граничниот премин „Ново Село“ …

Авг 20, 2019 Вести

Се проектира експресен пат од Граничниот премин „Ново Село“ до клучката кај Смоквица со изградба на обиколница на Струмица за ефикасно сообраќајно реш...

Утре прекин на електричната енергија во Радичево, Сушево, Дукатино и Владевци

Утре прекин на електричната енергија во Радичево, Сушево, Ду…

Авг 20, 2019 Вести

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информира дека утре (среда, 21 август), во периодот од 10:00 до 13:30 часот ќе има прекин на електричната енергија во на...

Генерално чистење на плоштадот по завршувањето на „Струмица ОПЕН фестивал“

Генерално чистење на плоштадот по завршувањето на „Струмица …

Авг 20, 2019 Вести

Вчера уште од раните утрински часови екипи на ЈПКД „Комуналец“ почнаа со чистење на плоштадот „Гоце Делчев“, каде доцна вечерта заврши 8-то издание на...

Мирно беше на „Струмица ОПЕН фестивал 2019“, без интервенции на полицијата и Брзата помош

Мирно беше на „Струмица ОПЕН фестивал 2019“, без интервенции…

Авг 19, 2019 Вести

Трите „најлуди“ ноќи на „Струмица ОПЕН фестивал 2019“, петок, сабота и недела поминаа без инциденти и било каква интервенција на полициските службениц...

Во недела почнува тридневниот турнир „Street Basket – Владевци 2019“

Во недела почнува тридневниот турнир „Street Basket – Владев…

Авг 19, 2019 Вести

Почнува пријавувањето на екипите за годинашното 7-мо издание на турнирот во улична кошарка „Street Basket – Владевци 2019“, кој секоја година се орган...

Ако беше жив денеска ќе полнеше 65 години

Ако беше жив денеска ќе полнеше 65 години

Авг 19, 2019 Вести

Ако беше жив, денеска легендата на македонската фолк музика Гоце Арнаудов, ќе го слaвеше својот 65 роденден. Гоце кој од мали нозе, па се до неговото ...