Струмичката полиција со предупредување до угостителите: Намалете ја гласната музика, не пуштајте малолетници по полноќ

Понеделник, 05 Август 2019

Секторот за внатрешни работи - Струмица, во рамките на своите надлежности во претстојниот период превзема интензивни мерки и активности во угостителските објекти на подрачјето, имајќи ја во предвид зголемената бучава (гласната музика), раздвиженоста во угостителските објекти, пред се во кафулињата, на летните тераси и во дискотеките, во кои се позабележително е присуството на младите, посебно во вечерните часови.

Активностите на полицијата се насочени на: присуство на малолетници во угостителски објекти после 24:00 часот, точењето алкохолни пијалоци на малолетни лица и прегласната музика која неретко ги вознемирува граѓаните, а пред се оние што живеат во близина на угостителските објекти.

За сите сопственици на угостителските објекти кај кои ќе бидат констатирани прекршоци, СВР Струмица ќе поднесе соодветни поднесоци, согласно членовите 8, 21 и 38 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а ќе биде предложена и мерка забрана за вршење на дејност во законски предвидениот период.

Од СВР Струмица апелираат до сопствениците на угостителските објекти и граѓаните да ги почитуваат законите. Доколку се констатира состојба спротивна на Законот истата соодветно ќе се санкционира.

Ваквите интензивни мерки и активности на полициските службеници самостојно и во координација со надлежни инспекциски служби ќе продолжат да се реализират и во претстојниот период.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Јаневски: „Комуналец“ го раскина договорот со приватната фирма за собирање отпад

Јаневски: „Комуналец“ го раскина договорот со приватната фир…

Дек 10, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски на денешната прес конференција ја информираше јавноста дека договорот којшто ЈПКД „Комуналец“ го и...

Одбојкарите на ЏИО Струмица и Вардар почетниот удар на денешниот натпревар му го посветија на Дени Стојчев

Одбојкарите на ЏИО Струмица и Вардар почетниот удар на денеш…

Дек 09, 2019 Вести

Двата најдобри одбојкарски клубови „ЏИО Струмица“ и „Вардар“, денеска попладне се сретнаа во Спортската сала „Парк“ во Струмица во рамките на седмото ...

Струмица денеска тагува за младиот менаџер на „Далвина“ и поранешен одбојкар Дени Стојчев

Струмица денеска тагува за младиот менаџер на „Далвина“ и по…

Дек 09, 2019 Вести

Синоќа пред полноќ по кратко боледување почина 32-годишниот Дени Стојчев од Струмица. Струмичани го знаат како секогаш насмеaниот млад менаџер на Вина...

Четворица струмички спортисти номинирани за годинашниот избор на ФФМ - „Најдобрите во македонскиот фудбал“

Четворица струмички спортисти номинирани за годинашниот избо…

Дек 09, 2019 Вести

Фудбалската Федерација на Македонија и годинава ги избира „Најдобрите во македонскиот фудбал“ за сезона 2018/2019-та. По категории ќе бидат изберени ...

Со мултимедијалниот настан „А се' што на дар добивте, на дар го дадовте“ почна празнувањето во Струмица за Светите Петнаесет

Со мултимедијалниот настан „А се' што на дар добивте, на дар…

Дек 09, 2019 Вести

Синоќа во прекрасниот амбиент на храмот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица се одржа мултимедијалниот настан „А се' што на да...

И годинава Ансамблот „Тримери“ со Годишен концерт за своите струмичани

И годинава Ансамблот „Тримери“ со Годишен концерт за своите …

Дек 09, 2019 Настани

Ансамблот за народни игри и ора „Тримери“ од Струмица во сабота (14 декември) од 19:00 часот во големата сала на Домот на АРМ, ќе го одржи традиционал...

Триесеттина наставници и професори ќе пеат на сцената во Центарот за култура

Триесеттина наставници и професори ќе пеат на сцената во Цен…

Дек 08, 2019 Вести

Струмичани ќе имат можност да ги видат струмичките наставници и професори од основните и средните училишта на големата сцена во Центарот за култура, к...

„Распеани струмичани“ ќе пеат во среда во чест на патрониот празник на градот Струмица

„Распеани струмичани“ ќе пеат во среда во чест на патрониот …

Дек 08, 2019 Настани

На денот на заштитниците на градот Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе се одржи Годишн...