Пет години од трагичната хеликоптерска несреќа кај Струмица

Среда, 10 Јули 2019

На денешен ден 2014-та година, ноќта околу 22 часот на периферијата од градот Струмица, се случи трагичната хеликоптерска несреќа, во која загинаа четворицата искусни пилоти на МВР, Драги Мицев, Марјан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички.

Според тогашните информации од МВР, хеликоптерот бил произведен 2008 година и имал опрема за ноќно летање. Пилотите во текот на денот биле на ноќен лет на релација Скопје - Кавадарци - Валандово - Струмица - Берово - Делчево и обратно, а во текот на летот била користена ноќна визуелизација. Околу 22 часот хеликоптерот тип МИ17, со регистарски ознаки MAP 7712 удрил во антенски столб на Македонската радиодифузија. Во текот на летот пилотите не пријавиле проблем.

Според очевидци, кои го виделе падот на хеликоптерот, четворицата пилоти ги жртвувале своите животи за да ја спасат Струмица од катастрофа, кога решиле да слетаат на ливадата на која единствено имале место да атерираат без да ги загрозат околните објекти.

Во близина на местото каде се сруши хеликоптерот има неколку фабрики, а на сто метри има и бензинска пумпа, па во експлозијата на керозинот можело да се запалат и овие објекти и да дојде до катастрофален пожар.

Противпожарната станица била известена за пожарот во 22:05 часот и само по 4 минути две возила тргнале кон местото. Пожарникарите реагираа со 12.000 литри вода и бидејќи станувало збор за високо запалливи материи од керозинот, се користело вода во комбинација со пена.

Според информациите од Основен суд во Струмица, судењето за хеликоптерската несреќа ќе почне на почетокот на месец Септември, а пет години по несреќата, истрагата заврши со поднесување обвинение од ОЈО Струмица против едно правно лице и директор и одговорно лице. Во април годинава до Основниот суд во Струмица е поднесен обвинителниот акт од ОЈО Струмица, а Советот за оценка на обвиненија на 28 мај го одобри обвинението.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Филмот „Медена земја“ ќе се прикажува во Центарот за култура во Струмица

Филмот „Медена земја“ ќе се прикажува во Центарот за култура…

Окт 23, 2019 Магазин

Филмот „Медена земја“, кој е годинашен македонски кандидат за „Оскар“, и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, премиерно...

Димитар Арапов снима нови песни

Димитар Арапов снима нови песни

Окт 22, 2019 Магазин

Познатиот музичар од Струмица, Димитар Арапов, по повеќе години снима нови песни во кој тој се јавува и како автор. Димитар ни најави дека деновиве ќе...

Да донираме за двегодишната Михаела од Куклиш

Да донираме за двегодишната Михаела од Куклиш

Окт 22, 2019 Вести

Следниот месец ќе наполни 2 години, а од почетокот на својот живот има непознати епилептични напади. Михаела Петров од селото Куклиш, кај Струмица, на...

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска информираше за сработеното во изминатите две години

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска информир…

Окт 22, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска на прес конференција даде отчет за двегодишното работење. Интегрален текст од прес конфе...

Во недела прв Family day во Струмица

Во недела прв Family day во Струмица

Окт 22, 2019 Вести

Агенцијата „Евентум“ го најавува првиот семеен ден во Струмица во градскиот парк кај Чешмичката. Адиент семејниот ден со наслов „Ние сме семејство“, ќ...

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со победа

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со по…

Окт 21, 2019 Вести

Девојките на ОК „Наковски Волеј“ стартуваа со победа и тоа на гости во Скопје, вечерва славеа со 3:1 над девојките на ОК „Јанта Волеј“, по сетови: 25:...

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

Окт 21, 2019 Вести

ЈПКД „Комуналец” започна со замена на осветлувањето во Кванташки пазар во Струмица, се поставува ново осветлување со штедливи лед светилки. Како што ...

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, се вратија со освоено прво, второ и трето место

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, …

Окт 21, 2019 Вести

Викендот во градот Гоце Делчев, Бугарија, се одржа традиционалниот маратон во трчање „Неврокоп тича“ на кој учествуваа повеќе од 150 ученици од основн...