Македонската пијанистка од Струмица, Даница Стојанова ќе одржи концерт во Рим

Среда, 10 Јули 2019

Македонската пијанистака, струмичанката Даница Стојанова, денеска ќе настапи во Рим, во рамки на најголемиот национален фестивал што го организира концертната агенција „Ил Темпието”. Таа ќе изведе дела од железниот класичен репертоар на Медтнер, Шопен, како и дела од современите Зографски и италијанскиот композитор Миренци. Минатата година Стојанова имаше концерт и во театарот „Марчело“.

Даница Стојанова е родена во Струмица каде и го завршува основното музичко образование. Продолжува во Средното училиште ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје, а во меѓувреме соработува со професори од Музичката академија во Белград. Потоа ги завршува студиите по пијано кај проф. Јокут Михаиловиќ и магистрира на ФМУ во Скопје. Активно учествува на интернационалните музички академии по пијано во Белгија, Русија, Бугарија, Мароко, Германија, Холандија и работи со светски познатите педагози како Жени Захариева, Акил Дел Вињ, Жак Рувие, Људмила Рошчина, Хериберт Кох, како и на мастер класите по камерна музика во Суздаљ Русија, каде работи со исклучителната проф. Гајдамович, Сашико Кодама Јапонија и други.

Стојанова денес е еден од најреномираните професори по пијано и камерна музика во средното училиште ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје, каде постигнува високи резултати со своите ученици на државната и меѓународната сцена. Член е на жири комисии на престижните натпревари по пијано и камерна музика во регионов (Македонија, Србија, Бугарија, Косово). Држи мастер класи за пијано во Македонија, Малезија, Косово, како и стручни предавања на меѓународни фестивали (Шопен фестивал - Белград, Епта - Скопје, Шопен фестивал Куала Лумпур). Има настапувано како солист со Македонска Филхармонија и Видинска Филхармонија (Бугарија). Добитничка е на бројни награди, а од 2016 година е почесен член на Фондацијата „Томислав Зографски“. Годинава по повод 85 години од раѓањето на композиторот Зографски доби специјално признание од Фондацијата, за посветеноста на музиката и уметноста и бројните концерти ширум светот, за промоција на творештвото на Зографски и македонското музичко творештво. Автор е на книгата „Фредерик Шопен - поет на пијаното“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Филмот „Медена земја“ ќе се прикажува во Центарот за култура во Струмица

Филмот „Медена земја“ ќе се прикажува во Центарот за култура…

Окт 23, 2019 Магазин

Филмот „Медена земја“, кој е годинашен македонски кандидат за „Оскар“, и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, премиерно...

Димитар Арапов снима нови песни

Димитар Арапов снима нови песни

Окт 22, 2019 Магазин

Познатиот музичар од Струмица, Димитар Арапов, по повеќе години снима нови песни во кој тој се јавува и како автор. Димитар ни најави дека деновиве ќе...

Да донираме за двегодишната Михаела од Куклиш

Да донираме за двегодишната Михаела од Куклиш

Окт 22, 2019 Вести

Следниот месец ќе наполни 2 години, а од почетокот на својот живот има непознати епилептични напади. Михаела Петров од селото Куклиш, кај Струмица, на...

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска информираше за сработеното во изминатите две години

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска информир…

Окт 22, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска на прес конференција даде отчет за двегодишното работење. Интегрален текст од прес конфе...

Во недела прв Family day во Струмица

Во недела прв Family day во Струмица

Окт 22, 2019 Вести

Агенцијата „Евентум“ го најавува првиот семеен ден во Струмица во градскиот парк кај Чешмичката. Адиент семејниот ден со наслов „Ние сме семејство“, ќ...

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со победа

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со по…

Окт 21, 2019 Вести

Девојките на ОК „Наковски Волеј“ стартуваа со победа и тоа на гости во Скопје, вечерва славеа со 3:1 над девојките на ОК „Јанта Волеј“, по сетови: 25:...

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

Окт 21, 2019 Вести

ЈПКД „Комуналец” започна со замена на осветлувањето во Кванташки пазар во Струмица, се поставува ново осветлување со штедливи лед светилки. Како што ...

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, се вратија со освоено прво, второ и трето место

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, …

Окт 21, 2019 Вести

Викендот во градот Гоце Делчев, Бугарија, се одржа традиционалниот маратон во трчање „Неврокоп тича“ на кој учествуваа повеќе од 150 ученици од основн...