Против осум угостителски објекти покрената прекршочна пријава од полицијата за пуштање гласна музика, пронајдени малолетници кои пиеле алкохол

Понеделник, 08 Јули 2019

Струмичката полиција до Основниот суд во Струмица покрена прекршочни пријави против 8 угостителски објекти од Струмица, каде се констатирани прекршок по член 8 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир - пуштање гласна музика. Тие ќе се соочат со парична казна која се движи од 500 до 1000 евра во денарска противвредност и плус 200 до 500 евра за одговорното лице на угостителскиот објект.

Од СВР Струмица апелираат до сопствениците на угостителските објекти, кафулиња, дискотеки, ноќни барови и други, да внимаваат на силината на музиката што ја пуштаат во нивните локали или ја свират музички групи.

Секторот за внатрешни работи - Струмица, во рамките на своите надлежности во текот на месец јуни и почетокот на овој месец презеде интензивни мерки и активности самостојно или во содејство со надлежни инспекциски служби, имајќи ја во предвид зголемената раздвиженост во угостителските објекти, пред се во кафулињата, на летните тераси и во дискотеките, во кои забележително е присуството на млади, посебно во вечерните часови.

Активностите на полициските службеници беа насочени на присуството на малолетници во угостителски објекти после 24:00 часот, точењето алкохолни пијалоци на малолетни лица и прегласната музика која неретко ги вознемирува граѓаните, а пред се оние што живеат во близина на угостителските објекти. Активностите пак на инспекциските служби беа насочени на неиздавање фискални сметки, неводење книга за дневни финансиски извештаи…

На подрачјето Полициската станица Струмица, при контрола во угостителските објекти, во 6 угостителски објекти констатирани се 6 прекршока по член 21 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир - овозможување присуство на малолетници подоцна од 24:00 часот.

Секторот за внатрешни работи - Струмица, апелира, угостителите да не дозволуваат присуство на малолетници во угостителските објекти по 24:00 часот, ниту да ги послужуваат со алкохолни пијалаци.

При извршените контроли во угостителските објекти на подрачјето на Полициската станица Струмица, покрај констатираните прекршоци во 3 угостителски објекти откриени се 3 кривични дела „точење алкохолни пијалоци на малолетници“, предвидени во член 204 од Кривичниот закон.

Во содејство пак со надлежни инспекциски служи во 4 угостителски објекти откриени се 4 прекршока, односно не води книга за дневни финансиски извештај, во 2 угостителски објекти констатирани се 2 прекршока, не издавање на фискална сметка, а во 1 угостителски објект констатиран е 1 прекршок од Законот за приватно обезбедување.

Ваквите интензивни мерки и активности на полициските службеници самостојно и во координација со надлежни инспекциски служби ќе продолжат да се реализират и во претстојниот период.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Филмот „Медена земја“ ќе се прикажува во Центарот за култура во Струмица

Филмот „Медена земја“ ќе се прикажува во Центарот за култура…

Окт 23, 2019 Магазин

Филмот „Медена земја“, кој е годинашен македонски кандидат за „Оскар“, и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, премиерно...

Димитар Арапов снима нови песни

Димитар Арапов снима нови песни

Окт 22, 2019 Магазин

Познатиот музичар од Струмица, Димитар Арапов, по повеќе години снима нови песни во кој тој се јавува и како автор. Димитар ни најави дека деновиве ќе...

Да донираме за двегодишната Михаела од Куклиш

Да донираме за двегодишната Михаела од Куклиш

Окт 22, 2019 Вести

Следниот месец ќе наполни 2 години, а од почетокот на својот живот има непознати епилептични напади. Михаела Петров од селото Куклиш, кај Струмица, на...

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска информираше за сработеното во изминатите две години

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска информир…

Окт 22, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска на прес конференција даде отчет за двегодишното работење. Интегрален текст од прес конфе...

Во недела прв Family day во Струмица

Во недела прв Family day во Струмица

Окт 22, 2019 Вести

Агенцијата „Евентум“ го најавува првиот семеен ден во Струмица во градскиот парк кај Чешмичката. Адиент семејниот ден со наслов „Ние сме семејство“, ќ...

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со победа

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со по…

Окт 21, 2019 Вести

Девојките на ОК „Наковски Волеј“ стартуваа со победа и тоа на гости во Скопје, вечерва славеа со 3:1 над девојките на ОК „Јанта Волеј“, по сетови: 25:...

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

Окт 21, 2019 Вести

ЈПКД „Комуналец” започна со замена на осветлувањето во Кванташки пазар во Струмица, се поставува ново осветлување со штедливи лед светилки. Како што ...

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, се вратија со освоено прво, второ и трето место

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, …

Окт 21, 2019 Вести

Викендот во градот Гоце Делчев, Бугарија, се одржа традиционалниот маратон во трчање „Неврокоп тича“ на кој учествуваа повеќе од 150 ученици од основн...