Активисти на струмичкиот Црвен крст во посета на стари и изнемоштени лица

Среда, 19 Јуни 2019

Активисти на Општинската организација на Црвен крст во Струмица беа во Добрејци, Куклиш, Балдовци и Раборци, во посета на стари и изнемоштени лица над 65-годишна возраст, кои се сами, за да им помогнат, а им доставија и хигиенски пакети.

Станува збор за реализација на проектот „Нега на стари лица со попреченост во домашни услови“, во кој се вклучени 10 млади активисти, едно медицинско лице и еден физиотерапевт кои пружаат нега на стари лица со попреченост во домашни услови, а чиј корисник на грант е ОО на Црвен крст од Струмица во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), финансирани од ЕУ имплементиран од УНДП, а кофинансиран и од Општина Струмица.

Фактот што се повеќе стари и изнемоштени лица над 65-годишна возраст се сами и немаат помош од најблиските го подига алармот за итноста на решавање на проблемот.

Целта на проектот е подигањето на свеста кај помладата популација за важноста од помош и поддршка на возрасната популација, а за ова зборува фактот што десетте млади активисти на Црвен крст од Струмица се свесни дека токму нивната помош за нега на стари лица со попреченост во домашни услови е од културно и социјално значење.

Исто така активностите за помош во домашни услови од страна на медицинското лице, физиотерапевтот и младите активисти се најповеќе во насока на социјална инклузија на таквите лица, истовремено подобрување на психо-здравствената состојба на постарата популација.

Ваквите активности не само што ќе придонесат за нега, туку и ќе го поттикнат и размислувањето на релевантните чинители во општеството во најмала рака за подигање на свеста кај самите за проширување на таквите активности.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Филмот „Медена земја“ ќе се прикажува во Центарот за култура во Струмица

Филмот „Медена земја“ ќе се прикажува во Центарот за култура…

Окт 23, 2019 Магазин

Филмот „Медена земја“, кој е годинашен македонски кандидат за „Оскар“, и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, премиерно...

Димитар Арапов снима нови песни

Димитар Арапов снима нови песни

Окт 22, 2019 Магазин

Познатиот музичар од Струмица, Димитар Арапов, по повеќе години снима нови песни во кој тој се јавува и како автор. Димитар ни најави дека деновиве ќе...

Да донираме за двегодишната Михаела од Куклиш

Да донираме за двегодишната Михаела од Куклиш

Окт 22, 2019 Вести

Следниот месец ќе наполни 2 години, а од почетокот на својот живот има непознати епилептични напади. Михаела Петров од селото Куклиш, кај Струмица, на...

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска информираше за сработеното во изминатите две години

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска информир…

Окт 22, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска на прес конференција даде отчет за двегодишното работење. Интегрален текст од прес конфе...

Во недела прв Family day во Струмица

Во недела прв Family day во Струмица

Окт 22, 2019 Вести

Агенцијата „Евентум“ го најавува првиот семеен ден во Струмица во градскиот парк кај Чешмичката. Адиент семејниот ден со наслов „Ние сме семејство“, ќ...

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со победа

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со по…

Окт 21, 2019 Вести

Девојките на ОК „Наковски Волеј“ стартуваа со победа и тоа на гости во Скопје, вечерва славеа со 3:1 над девојките на ОК „Јанта Волеј“, по сетови: 25:...

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

Окт 21, 2019 Вести

ЈПКД „Комуналец” започна со замена на осветлувањето во Кванташки пазар во Струмица, се поставува ново осветлување со штедливи лед светилки. Како што ...

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, се вратија со освоено прво, второ и трето место

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, …

Окт 21, 2019 Вести

Викендот во градот Гоце Делчев, Бугарија, се одржа традиционалниот маратон во трчање „Неврокоп тича“ на кој учествуваа повеќе од 150 ученици од основн...