Градоначалникот на општина Ново Село ги прими Балканските шампионки во футсал за основци

Среда, 19 Јуни 2019

Женската екипа на ООУ „Видое Подгорец“ од Колешино, која го освои Балканскиот шампионат во футсал за основци во Косово, беше примена од градоначалникот на општина Ново Село, Никола Андонов.

Тој им го честиташе успехот на ученичките и професорот Спаско Миков, истакнувајќи дека се вистински промотори на општината, но и на државата претставувајќи ја на оваа Балканско првенство.

„Гордост сте на општината, регионот и државата. Мислам дека ваков успех не е постигнат и давате обврска кон нас, но и кон повеќе државни институции пред се Агенцијата за млади спорт, бидејќи немате спортска сала. Значи Вие постигнувате резултати, тренирајќи на асфалт и камења. После овој успех ние како општина ќе покренеме иницијатива до Владата, Агенцијата за млади и спорт и Министерството за финансии, да излобираме изградба на спортска сала, не само за Вас, туку и за учениците што ќе доаѓаат по вас. Очекувајте од нас целосна поддршка. На првата седница на Советот ќе донесеме одлука за награда“ – им рече градоначалникот на општина Ново Село, Никола Андонов на младите шампионки.

Екипата на ООУ „Видое Подгорец“ од Колешино освен што го освои првото место на Балканското првенство, освои и уште една награда, односно ученичката Александра Котева е избрана за најдобар играч и најефикасен стрелец со 11 голови.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Филмот „Медена земја“ ќе се прикажува во Центарот за култура во Струмица

Филмот „Медена земја“ ќе се прикажува во Центарот за култура…

Окт 23, 2019 Магазин

Филмот „Медена земја“, кој е годинашен македонски кандидат за „Оскар“, и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, премиерно...

Димитар Арапов снима нови песни

Димитар Арапов снима нови песни

Окт 22, 2019 Магазин

Познатиот музичар од Струмица, Димитар Арапов, по повеќе години снима нови песни во кој тој се јавува и како автор. Димитар ни најави дека деновиве ќе...

Да донираме за двегодишната Михаела од Куклиш

Да донираме за двегодишната Михаела од Куклиш

Окт 22, 2019 Вести

Следниот месец ќе наполни 2 години, а од почетокот на својот живот има непознати епилептични напади. Михаела Петров од селото Куклиш, кај Струмица, на...

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска информираше за сработеното во изминатите две години

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска информир…

Окт 22, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска на прес конференција даде отчет за двегодишното работење. Интегрален текст од прес конфе...

Во недела прв Family day во Струмица

Во недела прв Family day во Струмица

Окт 22, 2019 Вести

Агенцијата „Евентум“ го најавува првиот семеен ден во Струмица во градскиот парк кај Чешмичката. Адиент семејниот ден со наслов „Ние сме семејство“, ќ...

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со победа

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со по…

Окт 21, 2019 Вести

Девојките на ОК „Наковски Волеј“ стартуваа со победа и тоа на гости во Скопје, вечерва славеа со 3:1 над девојките на ОК „Јанта Волеј“, по сетови: 25:...

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

Окт 21, 2019 Вести

ЈПКД „Комуналец” започна со замена на осветлувањето во Кванташки пазар во Струмица, се поставува ново осветлување со штедливи лед светилки. Како што ...

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, се вратија со освоено прво, второ и трето место

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, …

Окт 21, 2019 Вести

Викендот во градот Гоце Делчев, Бугарија, се одржа традиционалниот маратон во трчање „Неврокоп тича“ на кој учествуваа повеќе од 150 ученици од основн...