Општините Струмица и Василево меѓу транспарентните при објавување информации на своја иницијатива, најслаби се Босилово и Ново Село

Сабота, 15 Јуни 2019

Општина Струмица е рангирана на 18-то место во државата или втора од општините во Југоистокот по индексот на активна транспарентност на истражувањето, што го направи Центарот за граѓански комуникации, помогнати од УСАИД. На врвот е општината Битола. Станува збор за објавување на информации и податоци на своја иницијатива, без да побара било кој.

Според податоците на Центарот, општина Струмица има 75,4 индексни поени и спаѓа во групата јавни институции со добра активна транспарентност.

Под „активна транспарентност“ се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации на своите интернет страници, а се во интерес на граѓаните. Конкретно, секојдневно информирање за работата на општинските служби, објавување одлуки, записници, службени весници, буџети, јавни набавки, завршни сметки.

Од општините во Струмичкиот регион, „добра“ е и општината Василево, со 72,3 индексни поени, (27 место), додека во групата општини со слаба активна транспарентност од струмичко се општините Босилово (74) и Ново Село (79).

Истражувањето се прави четврта година по ред на институциите кои се директни носители на извршната власт на централно и на локално ниво, односно на Владата, на министерствата и на локалните власти, односно на општините и градот Скопје.

Во однос на одделните области на активната транспарентност – институциите објавуваат најмногу информации од областа на пристапот до информации, а најмалку од областа на буџетската и финансиската транспарентност.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Филмот „Медена земја“ ќе се прикажува во Центарот за култура во Струмица

Филмот „Медена земја“ ќе се прикажува во Центарот за култура…

Окт 23, 2019 Магазин

Филмот „Медена земја“, кој е годинашен македонски кандидат за „Оскар“, и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, премиерно...

Димитар Арапов снима нови песни

Димитар Арапов снима нови песни

Окт 22, 2019 Магазин

Познатиот музичар од Струмица, Димитар Арапов, по повеќе години снима нови песни во кој тој се јавува и како автор. Димитар ни најави дека деновиве ќе...

Да донираме за двегодишната Михаела од Куклиш

Да донираме за двегодишната Михаела од Куклиш

Окт 22, 2019 Вести

Следниот месец ќе наполни 2 години, а од почетокот на својот живот има непознати епилептични напади. Михаела Петров од селото Куклиш, кај Струмица, на...

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска информираше за сработеното во изминатите две години

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска информир…

Окт 22, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска на прес конференција даде отчет за двегодишното работење. Интегрален текст од прес конфе...

Во недела прв Family day во Струмица

Во недела прв Family day во Струмица

Окт 22, 2019 Вести

Агенцијата „Евентум“ го најавува првиот семеен ден во Струмица во градскиот парк кај Чешмичката. Адиент семејниот ден со наслов „Ние сме семејство“, ќ...

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со победа

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со по…

Окт 21, 2019 Вести

Девојките на ОК „Наковски Волеј“ стартуваа со победа и тоа на гости во Скопје, вечерва славеа со 3:1 над девојките на ОК „Јанта Волеј“, по сетови: 25:...

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

Окт 21, 2019 Вести

ЈПКД „Комуналец” започна со замена на осветлувањето во Кванташки пазар во Струмица, се поставува ново осветлување со штедливи лед светилки. Како што ...

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, се вратија со освоено прво, второ и трето место

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, …

Окт 21, 2019 Вести

Викендот во градот Гоце Делчев, Бугарија, се одржа традиционалниот маратон во трчање „Неврокоп тича“ на кој учествуваа повеќе од 150 ученици од основн...