За хуманитарниот концерт за Томе Јанев, купени 700 влезници, струмичани ја покажаа хуманоста

Петок, 14 Јуни 2019

Синоќа во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица пијанистката Клара Ристова одржа концерт на класична музика со интерпретација на поетски стихови од Наташа Василевска Трајчевска.

Концертот беше со хумана цел, да се соберат што повеќе средства за младиот струмичанец, поранешниот фудбалер Томе Јанев, за лекување во Москва, Русија.

Ристова е задоволна од покажаната хуманост на струмичани и се надева дека со овој мал дел од потребните финансии ќе му помогнат на Томе да оди на потребното лекување во Русија.

За Томе Јанев ќе се организира уште еден хуманитарен настан, овој пат спортски, „Трчаме заедно за Томе“ во организација на Здужението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ од Струмица.

Настанот е закажан за сабота, 22 јуни, точно напладне. Стартот на трката е од шеталиштето кон Градскиот парк, се до Амфитеатарот, каде ќе се финишира. Апелираат струмичани, но и сите хумани луѓе од целата земја да земат учество на настанот и да помогнат како и многу пати до сега.

Томе Јанев е младо момче (29 години) од Струмица, кое неодамна се соочи со дијагноза, болест на моторниот неврон или ALS (Amyotrophic Lateral Sclerosis). Ова момче беше активен фудбалер од својата најрана возраст во македонските клубови Силекс, Брегалница, Кожуф, Хоризонт Турново и матичниот клуб Беласица.

Томе Јанев 2019-та година ја започна со лоша вест за здравствената состојба. Му беше дијагностицирана ALS (Amyotrophic Lateral Sclerosis), болест на моторниот неврон. Болеста е во почетна фаза, но доколку не му се помогне навреме, последиците од неа може да бидат катастрофални, преку целосна атрофија на мускулниот систем.

Надеж за подобрување на неговата состојба има преку лекување и терапија со матични клетки на секои четири месеци во рок од три години и ќе го чини околу 160.000 евра.

За Томе и понатаму може да се донира на следните сметки и телефонски броеви:

- преку денарска сметка број:

Томе Јанев

210-5017071183-75

НЛБ Банка

- преку девизна сметка број:

Tome Janev

MK07210501707118375

NLB Banka AD Skopje

Makedonija

SWIFT: TUTNMK22

- преку Телеком со повик од 100 денари:

143 454

- преку ВИП со повик од 100 денари:

143 502

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Филмот „Медена земја“ ќе се прикажува во Центарот за култура во Струмица

Филмот „Медена земја“ ќе се прикажува во Центарот за култура…

Окт 23, 2019 Магазин

Филмот „Медена земја“, кој е годинашен македонски кандидат за „Оскар“, и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, премиерно...

Димитар Арапов снима нови песни

Димитар Арапов снима нови песни

Окт 22, 2019 Магазин

Познатиот музичар од Струмица, Димитар Арапов, по повеќе години снима нови песни во кој тој се јавува и како автор. Димитар ни најави дека деновиве ќе...

Да донираме за двегодишната Михаела од Куклиш

Да донираме за двегодишната Михаела од Куклиш

Окт 22, 2019 Вести

Следниот месец ќе наполни 2 години, а од почетокот на својот живот има непознати епилептични напади. Михаела Петров од селото Куклиш, кај Струмица, на...

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска информираше за сработеното во изминатите две години

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска информир…

Окт 22, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска на прес конференција даде отчет за двегодишното работење. Интегрален текст од прес конфе...

Во недела прв Family day во Струмица

Во недела прв Family day во Струмица

Окт 22, 2019 Вести

Агенцијата „Евентум“ го најавува првиот семеен ден во Струмица во градскиот парк кај Чешмичката. Адиент семејниот ден со наслов „Ние сме семејство“, ќ...

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со победа

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со по…

Окт 21, 2019 Вести

Девојките на ОК „Наковски Волеј“ стартуваа со победа и тоа на гости во Скопје, вечерва славеа со 3:1 над девојките на ОК „Јанта Волеј“, по сетови: 25:...

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

Окт 21, 2019 Вести

ЈПКД „Комуналец” започна со замена на осветлувањето во Кванташки пазар во Струмица, се поставува ново осветлување со штедливи лед светилки. Како што ...

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, се вратија со освоено прво, второ и трето место

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, …

Окт 21, 2019 Вести

Викендот во градот Гоце Делчев, Бугарија, се одржа традиционалниот маратон во трчање „Неврокоп тича“ на кој учествуваа повеќе од 150 ученици од основн...