Во завршна фаза е тампонирањето на осум полски патишта

Петок, 14 Јуни 2019

Во завршна фаза е тампонирањето на осум полски патишта на територијата на општина Струмица, а еден од нив е и патот од Дабиље кон Петралинци.

„Барањата беа од граѓаните и во овој дел опфативме осум такви локации, во атарите на населените места Дабиле, Муртино, Просениково, Добрејци, вака ги посочувам овие населени места, меѓутоа, тие поврзуваат и други, тука е Муртино – Сачево, Дабиле – Просениково, тоа е еден пат кој што планираме понатаму да биде и асфалтиран. Јас мислам ќе има ефект, бидејќи и самите луѓе го бараа тоа. Вкупната должина е 6 километри, секако дека има потреба од повеќе, но како практика не била воспоставена досега, ова е за поздравување затоа што е почеток на реализација на една потреба која што нашите сограѓани ја имаат и која не се практикувала“ – вели градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, кој направи обиколка на местата каде во моментот се вршат активностите околу тампонирање на полски патишта.

Ингеренцијата на полските патишта е во надлежност на Министерството за земјоделие, општината Струмица таа иницијатива на жителите ја проследи како проект до Министерството, по што следуваше процедура околу објавувањето на тендерските постапки, проект кој сега е во завршна фаза.

„Некои од овие патишта, понатаму во нашите проекти за развој на нашата општина, се потенцијални патишта кои можат да прераснат во сообраќајници со комплетно уреден и асфалтиран пристап, пред се за поврзување меѓу две населени места и полесна комуникација меѓу луѓето“ - вели градоначалникот Јаневски.

За Бончо Божиков, претседател на Месната заедница од Дабиље, овој пат е многу значаен за нив, бидејќи ги поврзува селата Дабиље и Петралинци, а по вакви патишта најлесно ќе можат да си ги извршуваат своите земјоделски работи со било какви превозни средства, а кога ќе се собират земјоделските производи ќе има услови за подобар транспорт за пласман.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Филмот „Медена земја“ ќе се прикажува во Центарот за култура во Струмица

Филмот „Медена земја“ ќе се прикажува во Центарот за култура…

Окт 23, 2019 Магазин

Филмот „Медена земја“, кој е годинашен македонски кандидат за „Оскар“, и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, премиерно...

Димитар Арапов снима нови песни

Димитар Арапов снима нови песни

Окт 22, 2019 Магазин

Познатиот музичар од Струмица, Димитар Арапов, по повеќе години снима нови песни во кој тој се јавува и како автор. Димитар ни најави дека деновиве ќе...

Да донираме за двегодишната Михаела од Куклиш

Да донираме за двегодишната Михаела од Куклиш

Окт 22, 2019 Вести

Следниот месец ќе наполни 2 години, а од почетокот на својот живот има непознати епилептични напади. Михаела Петров од селото Куклиш, кај Струмица, на...

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска информираше за сработеното во изминатите две години

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска информир…

Окт 22, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска на прес конференција даде отчет за двегодишното работење. Интегрален текст од прес конфе...

Во недела прв Family day во Струмица

Во недела прв Family day во Струмица

Окт 22, 2019 Вести

Агенцијата „Евентум“ го најавува првиот семеен ден во Струмица во градскиот парк кај Чешмичката. Адиент семејниот ден со наслов „Ние сме семејство“, ќ...

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со победа

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со по…

Окт 21, 2019 Вести

Девојките на ОК „Наковски Волеј“ стартуваа со победа и тоа на гости во Скопје, вечерва славеа со 3:1 над девојките на ОК „Јанта Волеј“, по сетови: 25:...

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

Окт 21, 2019 Вести

ЈПКД „Комуналец” започна со замена на осветлувањето во Кванташки пазар во Струмица, се поставува ново осветлување со штедливи лед светилки. Како што ...

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, се вратија со освоено прво, второ и трето место

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, …

Окт 21, 2019 Вести

Викендот во градот Гоце Делчев, Бугарија, се одржа традиционалниот маратон во трчање „Неврокоп тича“ на кој учествуваа повеќе од 150 ученици од основн...