Маратонци од Португалија, Велика Британија, Словенија трчаа по улиците на Струмица, хуманитарно и за Томе Јанев

Понеделник, 10 Јуни 2019

Синоќа се трчаше по улиците на Струмица, отворен 8-от „Струмица ОПЕН фестивал“ со полумаратонот „Струмица на улица“, на кој точно 427 натпреварувачите трчеа на 5, 10 и 21 километар.

Ова е двојно повеќе натпреварувачи за разлика од минатата година, а учествуваа рекреативци и професионалци не само од Македонија, туку и од Велика Британија, Португалија, Словенија, Бугарија и Србија.

Од годинава овој маратон, кој по втор пат се одржа беше со хумана димензија. Претставниците на компаниите ЕВН, ВИП, Адиент, Жикол, Стопанска, Булевар Кафе, Проспера, Портланд, Мегантик, Power AD, Аутсорс Консалтинг Сервис и GoFit, трчаа и за младиот струмичанец Томе Јанев, за секој помина километар донираа по 10 денари и собраа вкупно 10.500 денари.

Хуманитарно трчаа и 20-тина ученици од тимот на наставничката Билјана Гунова од ООУ „Никола Вапцаров“.

„Драго ни е што бројот на учесници е дупло поголем од минатата година. Трчаа претставници на многу локални компании, многу рекреативци од Струмица и цела земја. Особено ни е драго што „Струмица на улица” во својата втора година од одржување имаше 50-тина интернационални учесници” - рече Миле Ѓеоргиев од „Културен забавен живот“, организатор на СОФ.

Еве ги најдобрите на полумаратонот „Струмица на улица 2019“:

21КМ - женски
прво место: Адријана Поп Арсова (АК Делта)

второ место: Билјана Кираџиева (AC Endurance - Скопје)
трето место: Миљана Ристиќ (АК Делта)
21КМ - машки
прво место: Деан Атанасов (Азимут Бугарија)

второ место: Александар Кираџиев ( AC Endurance - Скопје  )
трето место: Игор Јакимовски (АК Делта)
10КМ - женски
прво место: Силвана Вељуслиев

второ место: Марија Донева (Green Power)
трето место: Ивана Настовска (ОК Златоврв)
10КM - машки
прво место: Alasdair Coupar (NRC - NIKE + RUN CLUB), Велика Британија

второ место: Бојан Митев
трето место: Кико Нистров (АК Струмица)
5КМ - женски
прво место: Елена Даниловска
второ место: Сара Ромих (Словенија)
трето место: Лидија Марков (ААК Скобул)
5КМ - машки
прво место: Димитар Петровски

второ место: Ријат Шеипи (АК Лирија)
трето место: Тодор Анчев (АК Струмица)

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Од утре во струмичкиот парк „Вежбаме во парк заедно со Елена“

Од утре во струмичкиот парк „Вежбаме во парк заедно со Елена…

Јун 16, 2019 Вести

„Струмица ОПЕН фестивал 2019“ продолжува со втората недела од своите настани. Од утре „Вежбаме во парк заедно со Елена“, со уникатни тренинзи на отвор...

Здружението „Здрава котлина“ денеска во Иловица ќе одржи собир со жителите од регионот

Здружението „Здрава котлина“ денеска во Иловица ќе одржи соб…

Јун 16, 2019 Вести

Од Здружението „Здрава котлина“ информираат дека денеска во 12:00 часот во Домот на културата во селото Иловица организираат собир со жителите од реги...

Претставата „Животинска фарма“ на Струмичкиот театар наградена за современа сценска драматизација на 54-от МТФ „Војдан Чернодрински“

Претставата „Животинска фарма“ на Струмичкиот театар награде…

Јун 15, 2019 Вести

Со доделувањето на наградите на најдобрите претстави и актери, вечерва заврши 54-от македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Пр...

Општините Струмица и Василево меѓу транспарентните при објавување информации на своја иницијатива, најслаби се Босилово и Ново Село

Општините Струмица и Василево меѓу транспарентните при објав…

Јун 15, 2019 Вести

Општина Струмица е рангирана на 18-то место во државата или втора од општините во Југоистокот по индексот на активна транспарентност на истражувањето...

Нестабилно со пороен дожд, грмежи и можна појава на град

Нестабилно со пороен дожд, грмежи и можна појава на град

Јун 15, 2019 Вести

Попладнево сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладнево во крајните источни и југоистои...

ФОТО: Македонската ракометна репрезентација пристигна во Струмица

ФОТО: Македонската ракометна репрезентација пристигна во Стр…

Јун 14, 2019 Вести

Македонската ракометна репрезентација пристигна во Струмица и го одработи првиот тренинг во спортската сала „Парк“ за неделниот натпревар со репрезент...

За хуманитарниот концерт за Томе Јанев, купени 700 влезници, струмичани ја покажаа хуманоста

За хуманитарниот концерт за Томе Јанев, купени 700 влезници…

Јун 14, 2019 Вести

Синоќа во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица пијанистката Клара Ристова одржа концерт на класична музика со интерпретација...

Во завршна фаза е тампонирањето на осум полски патишта

Во завршна фаза е тампонирањето на осум полски патишта

Јун 14, 2019 Вести

Во завршна фаза е тампонирањето на осум полски патишта на територијата на општина Струмица, а еден од нив е и патот од Дабиље кон Петралинци. „Барања...