Градоначалникот на Струмица најави градежна офанзива низ целата општина

Сабота, 08 Јуни 2019

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, вчера од населеното место Добрејци, каде се поставува нов асфалтен слој на главната улица, најави почеток на нова градежна офанзива во општината, односно реализација на инфраструктурни проекти како во градот така и во населените места на територијата на општината Струмица.

Според најавите на Јаневски, освен во Добрејци каде се асфалтираат две улици, ќе се работи и во Куклиш, но и во села. Паралелно се работи и во градот на повеќе позиции.

„Во тек е реконструкција на тротоари на улицата „Ѓуро Салај“ и на улицата „Климент Охридски“ и на еден дел од улицата „Младинска“, а планираме и асфалтирање со втор слој на делницата од семафорите пред трговскиот центар „Глобал“ до улицата „24-ти Октомври“, кој е еден доста руиниран дел. Асфалтирање околу популарно наречениот кружен тек „Бурчо“ и исто така многу важно асфалтирање со втор слој и реновирање на улицата „Бетовенова“ во Турското маало, каде што е започната подготовката и изведбата на еден подолг потпорен ѕид, којшто заради конфигурацијата на самиот терен е малку сложен за изведба“ - рече Јаневски.

Градоначалникот Јаневски при посетата на изведбените работи во Добрејци најави и други градежни активности што се случуваат или пак допрва ќе се реализираат во општината, додека средствата се обезбедени главно од сопствениот Буџет, но и во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, како и државните институции.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со струмичките бизнисмени

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со стру…

Јул 10, 2020 Избори 2020

„Ја зајакнуваме директната поддршка на македонските компании. Нашата цел е да создадеме амбиент за динамичен и конкурентен бизнис, ослободен од полити...

Во 16 градови ќе се формираат регионални „Ковид-центри“, меѓу кои и во Струмица

Во 16 градови ќе се формираат регионални „Ковид-центри“, меѓ…

Јул 10, 2020 Вести

Градоначалниците на 16 општини го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-...

Уште една струмичанка позитивна на Ковид-19, денеска во земјава регистрирани дури 205 нови случаи

Уште една струмичанка позитивна на Ковид-19, денеска во земј…

Јул 10, 2020 Вести

Во последните 24 часа во земјава се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравств...

Донација за новото крило на струмичката болница од ИГМ „Еленица“

Донација за новото крило на струмичката болница од ИГМ „Елен…

Јул 10, 2020 Вести

Електрични кревети, отомани за преглед, натказни и друг медицински инвентар и опрема денеска беа донирани во новото крило на ЈЗУ „Општата болница“ во ...

Приведено 24-годишно момче кај кого е пронајдено марихуана

Приведено 24-годишно момче кај кого е пронајдено марихуана

Јул 10, 2020 Вести

Вчера во 10:30 часот, врз основа на Наредба на Основен суд Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле претрес во...

Обраќање на Костадин Костадинов, кандидат за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“

Обраќање на Костадин Костадинов, кандидат за пратеник во Изб…

Јул 10, 2020 Избори 2020

Обраќање на Костадин Костадинов, кандидат за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ. На 15 јули одлучуваме за ...

Костадинов на предизборна трибина со здравствените работници од Струмица: Држава со европски здравствен систем посветен на потребите на граѓаните

Костадинов на предизборна трибина со здравствените работници…

Јул 10, 2020 Избори 2020

„Пандемијата на КОВИД-19 беше најсериозниот тест за нашиот здравствен систем. Во услови на најтешка светска криза, покажавме како треба да се работи и...

Шест години од трагичната хеликоптерска несреќа кај Струмица

Шест години од трагичната хеликоптерска несреќа кај Струмица

Јул 10, 2020 Вести

На денешен ден 2014-та година, ноќта околу 22 часот на периферијата од градот Струмица, се случи трагичната хеликоптерска несреќа, во која загинаа чет...