Во недела стартува „Струмица ОПЕН фестивал 2019“, со трчање по улиците на Струмица

Среда, 05 Јуни 2019

Најмасовната домашна манифестација „Струмица ОПЕН фестивал“, стартува во недела, 9-ти јуни, со полумаратон „Струмица на улица“, кој по втор пат е во рамките на оваа манифестација.

Новитет за годинавшното 8-мо издание е поголемиот акцент на спортско-рекреативните активности во соработка со локалните спортски клубови.

Во недела во 19:00 часот е најавено отворањето и стартот на полумаратонот на кој ќе учествуваат над 300 учесници и ќе трчат на 5, 10 и 21 километар, а според пријавите, ќе има од рекреативци до професионалци, но и актери, музичари, спортисти, млади лица и повозрасни како и амбасадори, политичари и вработени од повеќе компании кои со настапот ќе упатат порака за спортување и дружење.

Тука ќе бидат нашите евровизиски вокали Александра Јанева и Васил Гарванлиев, фудбалерите Александар Милушев, Дино Захов, одбојкари на ОК „ЏИО Струмица“, Валентина Узунова од Богданици, Тоше Анчев од Јосифово, Столе Ангеловски, Кире Нистров, Никола Полизовски од Струмица, Радица Лазаровска, Петар Христов, професионалците кои ќе трчат на најдолгата патека од 21 километар: Адријана Поп Арсова, Билјана Кираџиева, Дарио Ивановски, Атанас Анчевски, Александар Кираџиев, Игор Јакимовски, Дејан Атанасов, Жан Тосев, Мирјана Ристиќ.

Овој полумаратон „Струмица ОПЕН фестивал“ го организира заедно со ЗСК „Југоисток“, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Дегацијата на Европската унија во Македонија. За најуспешните ќе има и парични награди, како во машка, така и во женска конкуренција. Пријавувањето за полумаратонот ќе трае до вечерва на полноќ на следниот линк >>>

„Струмица ОПЕН фестивал 2019“ ќе трае десет недели, односно до 18 август...

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Љупче Дориев од „Академија Пандев“ најскап фудбалер во македонското првенство

Љупче Дориев од „Академија Пандев“ најскап фудбалер во макед…

Авг 17, 2019 Вести

Според „Трансфермаркт“, официјалниот сајт каде се вреднуваат фудбалерите по нивните настапи, Љупче Дориев од ФК „Академија Пандев“ од Струмица е еден ...

Кој ќе пее вечерва на „Струмица ОПЕН фестивал 2019“

Кој ќе пее вечерва на „Струмица ОПЕН фестивал 2019“

Авг 17, 2019 Магазин

Од 21:00 часот започнува втората финална вечер од 8-то издание на „Струмица ОПЕН фестивал“. Прв ќе настапи Дарио со едночасовен концерт, а по него во ...

ФОТО: Северина дојде во Скопје, доцна попладне е во Струмица

ФОТО: Северина дојде во Скопје, доцна попладне е во Струмица

Авг 17, 2019 Магазин

Балканската мега ѕвезда од Хрватска, Северина Вучковиќ пристигна во Скопје. Облечена во црвена латино сукња и ретро кошула од 50-тите, црно-бела комби...

Повредена 27-годишна жена на мопед, во сообраќајна незгода во Струмица

Повредена 27-годишна жена на мопед, во сообраќајна незгода в…

Авг 17, 2019 Вести

Вчера во 15:30 часот се случила сообраќајна незгода во Струмица на крстосницата од булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Климент Охридски“, помеѓу патнич...

Од вечерва ќе се тресе Струмичкиот плоштад, музика и забава до раните утрински часови - финале на „Струмица ОПЕН фестивал 2019“

Од вечерва ќе се тресе Струмичкиот плоштад, музика и забава …

Авг 16, 2019 Вести

Се отвора големата опенфестовска сцена на плоштадот во Струмица. По концертите на малата сцена кај чешмичката, вечерва кулминација на годинашното 8-мо...

„Црвена Ружа“ го отвора 10-от маркет во новата населба во Струмица

„Црвена Ружа“ го отвора 10-от маркет во новата населба во Ст…

Авг 16, 2019 Маркетинг

Добро познатиот струмички бренд на маркети со над 30-годишна традиција „Црвена Ружа“, во среда, 21 август во 15:00 часот, го отвора својот 10-ти марке...

Горниот дел од градот Струмица е без вода, се работи на отстранување на дефект

Горниот дел од градот Струмица е без вода, се работи на отст…

Авг 16, 2019 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека од 13:00 часот се без вода жителите кои живеат во дел од високата зона на градот Струмица, односно на потегот од ...

Утврден идентитетот на „телото“ најдено во браната Турија, убиецот е истиот кој го уби и Ристо Илјашев

Утврден идентитетот на „телото“ најдено во браната Турија, у…

Авг 16, 2019 Вести

62-годишниот Александар Мицев од Струмица е лицето кое е пронајдено во резервоар за гориво во водите на браната Турија на 5-ти август, убиецот е истио...