Годишен концерт на Музичкото училиште „Боро Џони“ во чест на патронот

Среда, 22 Мај 2019

Општинското основно музичко училиште „Боро Џони“ од Струмица, синоќа го одржа својот Годишен концерт, во чест на својот патрон - 75 години од убиството на Боро Џони.

„Вечерашниот повод е чествување на животот и делото на нашиот патрон, кој го величиме со Годишниот концерт на нашето музичко училиште „Боро Џони“. Задоволството од реализацијата на овој Годишен концерт е уште поголемо кога се знае дека ставаме точка на една исклучително успешна учебна година“ - вели директорката на ОМУ „Боро Џони“, Клара Патарова.

На големата сцена беа претставени учениците кои освоија прво, второ и трето место на домашни и меѓународни натпревари. На шестмина успешни ученици, Димитар Филев, Васја Стојанов, Јован Филев, Андреј Филев, Мартина Пачоова и Славица Томова, семејството на Боро Џони, Џонови, им ја додели традиционалната парична награда, а полматурантката Славица Томова покрај оваа награда доби и плакета за исклучителен талент и успеси.

Најдобрите ученици пред струмичката публика во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“, се претставија со дела на познати светски композитори, како и традиционална македонска изворна музика.

Публиката беше воодушевена од настапите на младите струмички таленти. Професорите беа со своите ученици и ги бодреа, а некои и настапија со нив.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Од утре во струмичкиот парк „Вежбаме во парк заедно со Елена“

Од утре во струмичкиот парк „Вежбаме во парк заедно со Елена…

Јун 16, 2019 Вести

„Струмица ОПЕН фестивал 2019“ продолжува со втората недела од своите настани. Од утре „Вежбаме во парк заедно со Елена“, со уникатни тренинзи на отвор...

Здружението „Здрава котлина“ денеска во Иловица ќе одржи собир со жителите од регионот

Здружението „Здрава котлина“ денеска во Иловица ќе одржи соб…

Јун 16, 2019 Вести

Од Здружението „Здрава котлина“ информираат дека денеска во 12:00 часот во Домот на културата во селото Иловица организираат собир со жителите од реги...

Претставата „Животинска фарма“ на Струмичкиот театар наградена за современа сценска драматизација на 54-от МТФ „Војдан Чернодрински“

Претставата „Животинска фарма“ на Струмичкиот театар награде…

Јун 15, 2019 Вести

Со доделувањето на наградите на најдобрите претстави и актери, вечерва заврши 54-от македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Пр...

Општините Струмица и Василево меѓу транспарентните при објавување информации на своја иницијатива, најслаби се Босилово и Ново Село

Општините Струмица и Василево меѓу транспарентните при објав…

Јун 15, 2019 Вести

Општина Струмица е рангирана на 18-то место во државата или втора од општините во Југоистокот по индексот на активна транспарентност на истражувањето...

Нестабилно со пороен дожд, грмежи и можна појава на град

Нестабилно со пороен дожд, грмежи и можна појава на град

Јун 15, 2019 Вести

Попладнево сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладнево во крајните источни и југоистои...

ФОТО: Македонската ракометна репрезентација пристигна во Струмица

ФОТО: Македонската ракометна репрезентација пристигна во Стр…

Јун 14, 2019 Вести

Македонската ракометна репрезентација пристигна во Струмица и го одработи првиот тренинг во спортската сала „Парк“ за неделниот натпревар со репрезент...

За хуманитарниот концерт за Томе Јанев, купени 700 влезници, струмичани ја покажаа хуманоста

За хуманитарниот концерт за Томе Јанев, купени 700 влезници…

Јун 14, 2019 Вести

Синоќа во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица пијанистката Клара Ристова одржа концерт на класична музика со интерпретација...

Во завршна фаза е тампонирањето на осум полски патишта

Во завршна фаза е тампонирањето на осум полски патишта

Јун 14, 2019 Вести

Во завршна фаза е тампонирањето на осум полски патишта на територијата на општина Струмица, а еден од нив е и патот од Дабиље кон Петралинци. „Барања...