Околу 650 матуранти ќе блеснат на плоштадот во Струмица со танцот квадрил

Среда, 15 Мај 2019

Во петок точно напладне околу 650 матуранти од трите средни општински училишта во Струмица по 12-ти пат ќе го танцуваат познатиот квадрил, заедно со нивните врсници од 70 градови во десет земји од Југоисточна Европа, истовремено испраќајќи порака за борба против насилството, за меѓусебна комуникација и толеранција.

30.000 матуранти од 70-те градови точно во 12:00 часот ќе го започнат синхронизираниот танц на квадрил и играње салса, како дел од традиционалната „Матурска парада 2019“.

Околу 10:00 часот матурантите од СОУ „Јане Сандански“, СОУ „Никола Карев“ и СОУ „Димитар Влахов“ ќе се соберат на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, каде ќе им бидат поделени маиците – во бојата на ЕУ за машките и жолти за женските, како и чадорите за изведба на квадрилот. Во 11:45 часот на матурантите ќе им се обрати градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, по што ќе ја кажат изјавата за ненасилство. Точно напладне ќе почне танцувањето на квадрилот на музика која ќе биде пуштена директно од Радио Словенија - интернационал.

Инаку годинава во трите средни општински училишта во Струмица, 665 ученици го завршуваат своето средно образование, од кои 374 се девојки, а 291 се момчиња. Се очекува наголемиот дел од нив да бидат на годинашната „Матурска парада“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:
    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Бројката на нови случаи на КОВИД-19 се искачи на 101

Бројката на нови случаи на КОВИД-19 се искачи на 101

Јун 03, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се направени 974 тестирања за вирусот КОВИД-19 од кои 101 се позитивни. Најмногу се во ...

Струмичката болница доби донација од респиратори и кревети за новата болница

Струмичката болница доби донација од респиратори и кревети з…

Јун 03, 2020 Вести

ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица доби три респираторни машини, донација од Норвешка, кои се реализирани преку претставништвото на УНОПС во земјава, а с...

Почнаа уписите за првачиња, во општина Струмица се планираат 837 нови ученици во деветте основни училишта

Почнаа уписите за првачиња, во општина Струмица се планираат…

Јун 03, 2020 Вести

Од понеделникот во сите основни училишта на територијата на општина Струмица, како и во целата држава започна уписот во прво одделение за учебната 202...

На 16 и 17 јуни е уписот на новите средношколци во трите средни училишта во Струмица, влез во училишта со маска и без родителите

На 16 и 17 јуни е уписот на новите средношколци во трите сре…

Јун 02, 2020 Вести

Во трите средни општински училишта во Струмица планирано е да се запишат 1292 нови средношколци, од кои по 374 во СОУ „Јане Сандански“ и СОУ „Димитар ...

Утре прекин на електричната енергија во Нова Маала, Висока Маала, Добрашинци, Муртино, Дрвош и Рудник „Огражден“ Хамзали

Утре прекин на електричната енергија во Нова Маала, Висока М…

Јун 02, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (среда, 3 јуни), во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во ...

За само два дена струмичани купиле 208 велосипеди кои ќе добијат субвенција до 4.000 денари

За само два дена струмичани купиле 208 велосипеди кои ќе доб…

Јун 02, 2020 Вести

Од општина Струмица информираат дека денеска до 16:00 часот, 208 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, по вчерашниот објавен јав...

Денеска 76 новозаразени, еден починат

Денеска 76 новозаразени, еден починат

Јун 02, 2020 Вести

Во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на Ковид-19. Најмногу во Скопје 52, во Тетово 14, по двајца во Кума...

Хуманитарна помош од  Здружението „Сите заедно можеме“ за граѓаните во Казнено-поправните домови

Хуманитарна помош од Здружението „Сите заедно можеме“ за гр…

Јун 02, 2020 Вести

Граѓанското здружение „Сите заедно можеме“ од Струмица после акциите за донација на хуманитарни пакети за ранливите групи граѓани почна со реализација...