Кризниот штаб на Струмица на „готовс“, по најавите за невреме во регионот

Понеделник, 13 Мај 2019

По најавите од УХРМ за обилни врнежи од дожд во наредните денови, денеска вонредна седница имаше Општинскиот штаб за заштита и спасување.

На седницата на која што присуствуваа претставници на Јавното претпријатие „Комуналец“, Противпожарната единица, Струмичко поле, Дирекцијата за заштита и спасување, Регионалниот центар за управување со кризи и општина Струмица, беше разгледана состојбата со браните „Турија“, „Водоча“ и „Маркова река“, состојбата на реките, пороите, каналите за одводнување и атмосферската канализација во урбаните делови на градот и населените места во општина Струмица - информираат од општината.

На седницата било констатирано дека браните се во добра состојба, каналите и пороите исто така, како резултат на нивното чистење од страна на општина Струмица и „Комуналец“.

Согласно процената на загрозеност на подрачјето на општина Струмица, како критични точки беа констатирани мостот кај Софилар и Ракиџиски мост каде што ќе се направи итна интервенција.

Истовремено ќе се известат и приватните фирми кои располагаат со соодветна механизација да бидат подготвени за интервенција доколку биде потребно.

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека денеска започна со вонредна акција за чистење на сливниците на критичните точки низ градот, како што се улиците: „Младинска“, „Ѓорги Василев“, „Ката Поцкова“, Ристо Ќурчиев“, „Браќа Минкови“ и „Боро Поцков“. Проверени се сите кризни точки каде што се очекува голема количина на вода и континуирано ќе се следи состојбата на овие делови од градот.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Паркиралишта Струмица“ ги обновува пешачките премини во градот

„Паркиралишта Струмица“ ги обновува пешачките премини во гра…

Мај 21, 2019 Вести

За зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ја обновува хоризонталната сигнализација в...

ФОТО: Прекрасна убавина! Пречистителната станица за отпадни води прерасна во бајка од сликовниците

ФОТО: Прекрасна убавина! Пречистителната станица за отпадни …

Мај 20, 2019 Вести

Пречистителната станица за отпадни води кај Сачево, во близина на Струмица, од денеска изгледа како бајка од сликовниците. Животински свет, куќички во...

Гореше „Мерцедес“ и барака на „Фриком“ во Струмица

Гореше „Мерцедес“ и барака на „Фриком“ во Струмица

Мај 20, 2019 Вести

Во саботата вечер околу 21:45 часот избувнал пожар во дворно место на „Терзи Компани“ на улица „Гоце Делчев“ во Струмица. Опожарени биле автомобил мар...

Струмичките одбојкари го добија првиот натпревар со Шутова за освојување на Шампионската титула

Струмичките одбојкари го добија првиот натпревар со Шутова з…

Мај 20, 2019 Вести

Вечерва во Кичево, ОК „ЏИО Струмица“ со победа го стартуваше првиот натпревар во разигрувањето за шампионската титула со екипата на ОК „Шутова“ со рез...

Со почесен круг и вклучени сирени, показна вежба со нова опрема ТППЕ од Струмица го одбележа Денот на пожарникарите

Со почесен круг и вклучени сирени, показна вежба со нова опр…

Мај 20, 2019 Вести

Со почесен круг и вклучени сирени низ улиците на Струмица, демострација на показна вежба со нова опрема за побрзо извлекување на заглавени во возило п...

Жител на Зубово се повредил додека работел во „пластеник“, се откачила метална шипка

Жител на Зубово се повредил додека работел во „пластеник“, с…

Мај 19, 2019 Вести

Б.К. (66) од село Зубово, струмичко, вчера починал работејќи со трактор на нивата. Додека работел под пластеници со трактор, една метална шипка од пл...

„Малиот пекар“ вработува

„Малиот пекар“ вработува

Мај 19, 2019 Веб Билборд

Компанијата „ТОП БРЕНД“ (Малиот Пекар) од Струмица има потреба од три работнички за во прва смена за следните работни места: Една работничка за раб...

Беласица следната сезона се враќа во Втората лига, „романтичарите“ им ги уништија надежите

Беласица следната сезона се враќа во Втората лига, „романтич…

Мај 19, 2019 Вести

ФК „Беласица“ следната сезона ќе се врати во Втората фудбалска лига. На стадионот „Младост“ во Струмица, струмичките сино-бели не успееја да извлечат ...