Седум лица од Струмица под истрага за обид за убиство во Стар Дојран

Четврток, 09 Мај 2019

Седум лица од Струмица се под истрага за обид за убиство што се случи на 1-ви мај пред хотел во Стар Дојран.

„Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против седум лица од Струмица на возраст од 19 години до 25 години, и тоа, против едно лице на возраст од 24 години за кривично дело убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, против едно лице за истото кривично дело како поттикнувач и против пет други лица во својство на помагачи при извршување на кривичното дело“ - соопшти Јавното обвинителство.

На 1-ви мај пред хотел во Стар Дојран дошло до вербална расправија помеѓу двајца од осомничените кои биле во алкохолизирана состојба и двајца вработени во хотелот. Расправијата преминала во физичка пресметка. На вработените во хотелот им се придружило уште едно лице, додека двајцата сега осомничени повикале уште пет други лица да дојдат во хотелот, бидејќи имаат проблем. Во еден момент сите осомничени го заобиколиле оштетениот кој им помагал на вработените во хотелот. Додека оштетениот му бил завртен со грб, еден од осомничените со нож му нанел две убодни рани во пределот на горната десна страна од грбот и една убодна рана во средината на градниот кош. Од извршената анализа на алкохол во крвта, како што стои во соопштението, е констатирано дека осомничениот во тој момент бил во алкохолизирана состојба во која самиот се довел со количина од 1,69 промили алкохол во крвта.

Имајќи ја предвид тежината на стореното кривично дело и запретената казна, Основното јавно обвинителство Велес оценило дека постои можност осомничениот кој директно го извршил делото да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.

Исто така, бидејќи останатите осомничени му се блиски пријатели, а едниот му е брат, веројатно е дека може да врши и влијание врз нив со кое ќе го попречува водењето на истражната постапка. Затоа ОЈО Велес до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Велес поднесло Предлог за определување мерка притвор за ова осомничено лице, додека за останатите осомничени е предложено да бидат определени мерки на претпазливост.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

На денешен ден почина актерот Ристо Шишков

На денешен ден почина актерот Ристо Шишков

Јул 17, 2019 Вести

На денешен ден пред 33 години во Скопје почина истакнатиот македонски артист Ристо Шишков. Ги издржа неправдата што му ја нанесоа, пресудата од комун...

Почуствуван земјотрес во Струмица

Почуствуван земјотрес во Струмица

Јул 16, 2019 Вести

Вечерва во 21 часот и 17 минути почуствуван е земјотрес во Струмица, кој според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Ско...

На 24 јули во Струмичкиот регион ќе се изврши повторно прскање против комарци

На 24 јули во Струмичкиот регион ќе се изврши повторно прска…

Јул 16, 2019 Вести

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со осумте општини од регионот организира второ авио-третирање против комарци за оваа г...

Покрај езерцето се одржа Вечер на поезија со Владимир Мартиновски

Покрај езерцето се одржа Вечер на поезија со Владимир Мартин…

Јул 15, 2019 Вести

Вечерва во прекрасниот амбиент кај езерцето во големиот Градски парк во Струмица, во рамките на „Струмица ОПЕН фестивал 2019“ се одржа традиционалната...

Струмичанецот Трајче Ѓоргиев запеја на фестивал во Молдавија, во октомври за прв пат и на „Макфест“

Струмичанецот Трајче Ѓоргиев запеја на фестивал во Молдавија…

Јул 15, 2019 Магазин

Прекрасниот вокал од Струмица, момчето кое го воодушевуваше Балканот за време на неговото учество на „Пинковите ѕвездички“, Трајче Ѓоргиев, настапи на...

За шест часа струмичката полиција казни 56 возачи за брзо возење

За шест часа струмичката полиција казни 56 возачи за брзо во…

Јул 15, 2019 Вести

Полициски служебници на СВР Струмица, вчера во периодот од 14:00 до 20:00 часот спровеле акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возила...

ФОТО: Чисти и дезинфекцирани контејнери

ФОТО: Чисти и дезинфекцирани контејнери

Јул 15, 2019 Вести

Викендот екипи од ЈПКД „Комуналец” извршија поправка и дезинфекција на контејнерите за отпад во градот Струмица. Од комуналното претпријатие велат де...

Вечерва поезија со Владимир Мартиновски покрај езерцето во паркот

Вечерва поезија со Владимир Мартиновски покрај езерцето во п…

Јул 15, 2019 Вести

Вечерва во Струмица, со почеток од 21:00 часот, покрај езерцето во големиот Градски парк ќе се одржи традиционалната „Вечер на поезија“ од програмата ...