Даскаловски ги повика струмичани да гласат за Стево Пендаровски

Петок, 19 Април 2019

Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски, ги повика струмичани во недела да гласат за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, заокружувајќи го бројот 3.

Интегрален текст од прес конференцијата:

Почитувани сограѓани,

В недела на 21 април уште еднаш да покажеме и докажеме дека нашата Струмица знае да избере, знае да направи разлика меѓу НАПРЕД и НАЗАД.

Струмица и струмичани тоа многу пати досега го покажале. Победувале и во најтемните времиња, во време на режим и секогаш беа гласот на промените во нашата држава.

Вие, мои сограѓани, знаете секогаш правилно да изберете. Затоа нашиот избор во недела е само еден - ЗАЕДНО НАПРЕД! Република Северна Македонија да оди напред во НАТО и ЕУ, а не назад во наводните промени кои ги нуди ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател. Тие имаа доволно време да покажат каков не треба да биде претседателот на државата и како не треба да се владее.

Затоа, со нашиот кандидат Стево Пендаровски сигурно одиме напред, заедно ќе го чекориме патот по кој треба да се движи Република Северна Македонија, триесеттата членка на НАТО алијансата, земја која ќе има почеток на преговорите за влез во ЕУ.

Почитувани сограѓани,

В недела не колебајте се кому ќе му ја дадете вашата поддршка.

Струмица знае кој води напред - тоа е Стево Пендаровски, идниот претседател на Република Северна Македонија.

Заокружете го бројот 3 на гласачкото ливче, заокружете за НАПРЕД, заокружете за ЗАЕДНО. Заедно напред сите за да докажеме дека Струмица знае да избере прогрес, знае да избере иднина. Излезете масовно. Дајте го вашиот глас за Стево Пендаровски, заокружете број 3.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Претседателот Пендаровски ја продолжи вонредната состојба до 13 јуни

Претседателот Пендаровски ја продолжи вонредната состојба до…

Мај 30, 2020 Вести

Растот на бројот на новозаразени со корона вирусот и смртни случаи беа доволна причина за претседателот на државата, Стево Пендаровски да ја продолжи ...

Почина познатиот струмичанец, најголемиот фан на ФК „Академија Пандев“, познат како Гокче, кој има исто име и презиме со Горан Пандев

Почина познатиот струмичанец, најголемиот фан на ФК „Академи…

Мај 30, 2020 Вести

Денеска на 28-годишна возраст почина еден од најверните поддржувачи на ФК „Академија Пандев“ од Струмица, познат како Гокче, кој има исто име и презим...

Се уредува просторот околу Манастирската црква „Свети Леонтиј” во Водоча

Се уредува просторот околу Манастирската црква „Свети Леонти…

Мај 30, 2020 Вести

Се уредува просторот околу Манастирската црква „Свети Леонтиј” во Водоча, која е една од најзначајните културно-историски споменици на територијата на...

Денеска регистрирани 35 новозаразени, починаа пет пациенти, меѓу кои и бебето кое беше транспортирано во Швајцарија

Денеска регистрирани 35 новозаразени, починаа пет пациенти, …

Мај 30, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени се 1120 тестирања, а регистрирани 35 нови случаи на Ковид-19. Најмногу во Скопје 22, во Тетово 6, Куманово 4 и по еден...

Владата предлага прогласување вонредна состојба во наредните 14 дена

Владата предлага прогласување вонредна состојба во наредните…

Мај 30, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

На денешната 59-та седница Владата донесе заклучок да достави до претседателот Стево Пендаровски извештај за преземените активности на државните инсти...

Фирма за производство на ПВЦ столарија има потреба од работници

Фирма за производство на ПВЦ столарија има потреба од работн…

Мај 30, 2020 Веб Билборд

Фирма за производство на ПВЦ столарија од Струмица има потреба од работници со или без работно искуство. Повеќе информации и пријавување на: 070/374-3...

„Комуналец“: Кванташкиот пазар работи од 05:00 до 17:00 часот

„Комуналец“: Кванташкиот пазар работи од 05:00 до 17:00 часо…

Мај 29, 2020 Вести

ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги известува граѓаните дека Кванташкиот пазар работи секој ден од 05:00 до 17:00 часот, освен недела и државни празници. По...

Министерот Филипче потврди за 52 новозаразени од Ковид-19, починале четири лица

Министерот Филипче потврди за 52 новозаразени од Ковид-19, п…

Мај 29, 2020 Вести

Денеска се потврдени 52 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се четири лица, кажа министерот за здравство, Венко Филипче на п...