Донев ги повика струмичани да гласат за Гордана Силјановска Давкова

Петок, 19 Април 2019

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Александар Донев, ги повика струмичани во недела да гласат за претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова, заокружувајќи го бројот 2.

Интегрален текст од прес конференцијата:

Почитувани претставници на медиумите, почитувани членови и сограѓани.

Најпрвин да ја искористам оваа пригода во името на Општинскиот комитет да изразам благодарност до сите членови и до сограѓаните кои активно ја следеа нашата кампања, учествуваа на нашите настани и што на сите средби ни изразија срдечна поддршка.

Тој бран на охрабрување доаѓа како увереност дека народот умее да процени што всушност се случува со татковината и не прави да бидеме  убедени дека во недела на 21 април нашите граѓани ќе излезат и ќе го заокружат редниот број 2, давајќи го својот глас за професорката Гордана Силјановска Давкова.

Почитувани членови и симпатизери – Татковината повикува!

Поминаа две години од владеењето на СДСМ за кои зборот демократија е очигледно туѓ. Како претседател на Општински комитет, секојдневно имам можност да слушнам за притисоците и искушенијата пред кои сме исправени.

Овие факти потврдуваат колку бил и останува голем предизвикот да се биде верен и остане лојален на идејата на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. Мотив кој извира од нашата убеденост дека се бориме за посилна Струмица и поуспешна Македонија.

Ве повикувам во недела на 21 април уште во раните часови масовно да излеземе на гласање, да ги поканиме нашите пријатели да го заокружат редниот број 2 и да го дадеме гласот за Гордана Силјановска Давкова.

Ве повикувам будно да го следиме процесот на изборите како света граѓанска должност и да го зачуваме демократскиот карактер на процесот на гласањето во првиот круг, на кој ВМРО-ДПМНЕ и нашиот кандидат ќе победат и ќе донесат Правда за Македонија.

Почитувани сограѓани – Македонија го возвраќа ударот!

Недела  21 април не е обичен ден. Тоа е денот кога започнува процесот на делегитимирање на оваа власт. За сите неправди и притисоци, за сите лаги, за сите предавства, време е да се раскине со оние кои излажаа, време е Македонија да го возврати ударот!

Ве повикуваме во недела на 21 април да го дадете Вашиот глас за жената која се исправи среде сите проблеми и го заложи својот професионален и човечки потенцијал, заедно со ВМРО-ДПМНЕ да вети уставност, законитост, еднаквост и повисок стандард, иднина на младите во татковината.

Во недела на 21 април да го заокружиме редниот број 2, да гласаме за кандидатот Гордана Силјановска Давкова. Сега ние граѓаните сме на потег, татковината повикува да сториме се што можеме за да има  Правда за Македонија!

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Претседателот Пендаровски ја продолжи вонредната состојба до 13 јуни

Претседателот Пендаровски ја продолжи вонредната состојба до…

Мај 30, 2020 Вести

Растот на бројот на новозаразени со корона вирусот и смртни случаи беа доволна причина за претседателот на државата, Стево Пендаровски да ја продолжи ...

Почина познатиот струмичанец, најголемиот фан на ФК „Академија Пандев“, познат како Гокче, кој има исто име и презиме со Горан Пандев

Почина познатиот струмичанец, најголемиот фан на ФК „Академи…

Мај 30, 2020 Вести

Денеска на 28-годишна возраст почина еден од најверните поддржувачи на ФК „Академија Пандев“ од Струмица, познат како Гокче, кој има исто име и презим...

Се уредува просторот околу Манастирската црква „Свети Леонтиј” во Водоча

Се уредува просторот околу Манастирската црква „Свети Леонти…

Мај 30, 2020 Вести

Се уредува просторот околу Манастирската црква „Свети Леонтиј” во Водоча, која е една од најзначајните културно-историски споменици на територијата на...

Денеска регистрирани 35 новозаразени, починаа пет пациенти, меѓу кои и бебето кое беше транспортирано во Швајцарија

Денеска регистрирани 35 новозаразени, починаа пет пациенти, …

Мај 30, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени се 1120 тестирања, а регистрирани 35 нови случаи на Ковид-19. Најмногу во Скопје 22, во Тетово 6, Куманово 4 и по еден...

Владата предлага прогласување вонредна состојба во наредните 14 дена

Владата предлага прогласување вонредна состојба во наредните…

Мај 30, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

На денешната 59-та седница Владата донесе заклучок да достави до претседателот Стево Пендаровски извештај за преземените активности на државните инсти...

Фирма за производство на ПВЦ столарија има потреба од работници

Фирма за производство на ПВЦ столарија има потреба од работн…

Мај 30, 2020 Веб Билборд

Фирма за производство на ПВЦ столарија од Струмица има потреба од работници со или без работно искуство. Повеќе информации и пријавување на: 070/374-3...

„Комуналец“: Кванташкиот пазар работи од 05:00 до 17:00 часот

„Комуналец“: Кванташкиот пазар работи од 05:00 до 17:00 часо…

Мај 29, 2020 Вести

ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги известува граѓаните дека Кванташкиот пазар работи секој ден од 05:00 до 17:00 часот, освен недела и државни празници. По...

Министерот Филипче потврди за 52 новозаразени од Ковид-19, починале четири лица

Министерот Филипче потврди за 52 новозаразени од Ковид-19, п…

Мај 29, 2020 Вести

Денеска се потврдени 52 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се четири лица, кажа министерот за здравство, Венко Филипче на п...