Заев и Пендаровски од Струмица: „Заедно напред“

Недела, 14 Април 2019

Кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски и лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на синоќешниот митингот во Стумица ги повикаа струмичани масовно да ја поддржат опцијата „Заедно напред“.

„Оваа политичка опција е единствено европска и ќе ја однесе државата меѓу европски равиените нации и држави“ - рече кандидатот за претседател на државата, Пендаровски.

Тој додаде дека клучните работи во нашата држава се солидарност, почит и еднаквост меѓу сите етнички заедници.

„Немаме намера да им овозможиме на оние кои ја зацрнија државата, кои со режимот децата ги избркаа, да ја вратат назад. Република Северна Македонија дефинитивно оди кон развиениот свет, немаме намера да дозволимре да се врати во мрачното минато. Ќе бидеме вистински реални победници во интерес на сите нас и нашата заедничка татковина. Заедно одиме напред“ - порача претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Лидерот на СДСМ и премиер, Заев, посочи дека Струмица отсекогаш била европска општина и дека „покажавме како се води и држава“.

„Отворивме перспективи кон НАТО и ЕУ, почнавме економски да ја развиваме државата, економските параметри го покажуваат тоа, доаѓа убава иднина, назад нема“ - рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој посочи дека „вниманието на регионот и светот го свртевме кон нас, од сите страни доаѓаат потврди и признанија, рекордниот број странски инестиции, повисоките плати, намалената невработеност, отворениот просперитет".

„И дадовме на Европа вредности: се обединивме во Едно општество за сите, покажавме дека различностите се предност, ги решивме најчувствителните прашања низ европска култура на компромис, на дело, застанавме како стожер на соработката во регионот, на дело. Ќе им подадеме на Европа и на светот уште една вредност, европски, демократски претседател, на европска демократска држава… еве го, Стево Пендаровски“ - истакна Заев.

И Заев и Пендаровски ги повикаа струмичани на 21 април и на 5 мај масовно да излезат на гласање, да покажеме на сите дека вака се оди заедно, здружено, напред.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Филмот „Медена земја“ ќе се прикажува во Центарот за култура во Струмица

Филмот „Медена земја“ ќе се прикажува во Центарот за култура…

Окт 23, 2019 Магазин

Филмот „Медена земја“, кој е годинашен македонски кандидат за „Оскар“, и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, премиерно...

Димитар Арапов снима нови песни

Димитар Арапов снима нови песни

Окт 22, 2019 Магазин

Познатиот музичар од Струмица, Димитар Арапов, по повеќе години снима нови песни во кој тој се јавува и како автор. Димитар ни најави дека деновиве ќе...

Да донираме за двегодишната Михаела од Куклиш

Да донираме за двегодишната Михаела од Куклиш

Окт 22, 2019 Вести

Следниот месец ќе наполни 2 години, а од почетокот на својот живот има непознати епилептични напади. Михаела Петров од селото Куклиш, кај Струмица, на...

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска информираше за сработеното во изминатите две години

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска информир…

Окт 22, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска на прес конференција даде отчет за двегодишното работење. Интегрален текст од прес конфе...

Во недела прв Family day во Струмица

Во недела прв Family day во Струмица

Окт 22, 2019 Вести

Агенцијата „Евентум“ го најавува првиот семеен ден во Струмица во градскиот парк кај Чешмичката. Адиент семејниот ден со наслов „Ние сме семејство“, ќ...

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со победа

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со по…

Окт 21, 2019 Вести

Девојките на ОК „Наковски Волеј“ стартуваа со победа и тоа на гости во Скопје, вечерва славеа со 3:1 над девојките на ОК „Јанта Волеј“, по сетови: 25:...

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

Окт 21, 2019 Вести

ЈПКД „Комуналец” започна со замена на осветлувањето во Кванташки пазар во Струмица, се поставува ново осветлување со штедливи лед светилки. Како што ...

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, се вратија со освоено прво, второ и трето место

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, …

Окт 21, 2019 Вести

Викендот во градот Гоце Делчев, Бугарија, се одржа традиционалниот маратон во трчање „Неврокоп тича“ на кој учествуваа повеќе од 150 ученици од основн...