МАССУМ 2019: Струмичките гимназијалци со најдобар штанд, филм, фотографија

Сабота, 13 Април 2019

Во Средното општинско училиште „Мирко Милески“ во Кичево, вчера и денеска се одржа традиционалната манифестација „Образовно рандеву - МАССУМ 2019“, на која учествуваат 60-тина средни стручни училишта од Македонија со над 2000 ученици.

Учениците со своите ментори-професори од СОУ „Јане Сандански“ од Струмица освоија десет награди, а плакатот на годинашниот 14-ти средношколски натпревар „МАССУМ 2019“, е дизајниран од ученик во струмичката гимназија, Мартин Спасовски, под менторство на професорката Софија Тошева, кој воедно и е и првонаграден во категоријата „Најдобар постер“.

Струмичките гимназијалци се претставија со најдобриот штанд, освојувајќи го првото место во оваа категорија, а го изработија ученичките Ружица Ефтимова, Мери Мастева, Божана Манева, Невена Танчева и Цвета Велкова, под менторство на професорките Јованка Михаиловиќ, Катерина Милушева, Гордана Вукашиновиќ и Македонка Манушева.

Од оваа струмичко училиште Митко Ников, под менторство на проф. Славица Милева ја доби наградата на најдобра фотографија, а во категоријата за „Најдобар филм“ беше награден Костаќе Ќосев, под менторство на Билјана Костадинова со филмот „Вистински вредности“. Најдобри беа и со Маркетинг план, подготвен од учениците Анета Манева, Теодора Дузлеска, Никола Танушев и Ана Николова, под менторство на Стаменка Џорлева и Македонка Манушева. Во категоријата „Кариерно портфолио“ најдобра беше ученичката Вера Солевска, под менторство на професорите Катерина Милушева и Гордана Вукашиновиќ.

Како втори, беа во категоријата „Најдобра драма“, каде ученичката Викторија Баџукова, под менторство на професорката Јулија Ковачевска, изведе дел од монодрамата „Пиреј“ на Петре М. Андреевски. Во категоријата „Интервју за работа на англиски јазик“, второто место го освои Теодора Дузлеска, под менторство на Зорица Витанова. Втори и во категоријата „Steet Backet“, а екипата беше составена од учениците Билјана Витанова, Елена Панеска, Ристе Бунгурџиев и Миле Ѓоргиев, под менторство на Гоце Кончалиев.

Музичката група на СОУ „Јане Сандански“ под менторство на професорот Денис Кирчанов, составена од учениците Филип Костов, Стојан Дончев, Васил Бунгурџиев, Даниел Наков, Џоко Ѓоргиев и Џејд Бинева го освоија третото место во категоријата „Најдобар бенд“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Манастирот „Св. Петнаесет“ ќе биде промовирана книгата „Светилници на светот – Македонски светители“

Во Манастирот „Св. Петнаесет“ ќе биде промовирана книгата „С…

Јун 20, 2019 Вести

Со благослов на Митополитот Струмички г. Наум, денеска (четврток, 20 јуни), со почеток во 19:00 часот во Манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски све...

Утре во СОУ „Димитар Влахов“ ќе се полагаат квалификациони тестови за медицинска сестра

Утре во СОУ „Димитар Влахов“ ќе се полагаат квалификациони т…

Јун 20, 2019 Вести

Утре во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица ќе се полагаат квалификациони тестови, поради бројот на пријавени ученици со висок успех, односно во паралелк...

Активисти на струмичкиот Црвен крст во посета на стари и изнемоштени лица

Активисти на струмичкиот Црвен крст во посета на стари и изн…

Јун 19, 2019 Вести

Активисти на Општинската организација на Црвен крст во Струмица беа во Добрејци, Куклиш, Балдовци и Раборци, во посета на стари и изнемоштени лица над...

ФОТОГАЛЕРИЈА: Стотина рекреативци вечерва вежбаа аеробик во „Партизан“, во петок пак во паркот покрај езерцето

ФОТОГАЛЕРИЈА: Стотина рекреативци вечерва вежбаа аеробик во …

Јун 19, 2019 Вести

Дождливото време ги пресели рекреативците од настанот „Вежбаме во парк заедно со Елена“, од големиот парк во Спортската сала „Партизан“ во Струмица. И...

Градоначалникот на општина Ново Село ги прими Балканските шампионки во футсал за основци

Градоначалникот на општина Ново Село ги прими Балканските ша…

Јун 19, 2019 Вести

Женската екипа на ООУ „Видое Подгорец“ од Колешино, која го освои Балканскиот шампионат во футсал за основци во Косово, беше примена од градоначалнико...

„ПРЕСТИЖ“ бара фризер/ка и козметичар/ка

„ПРЕСТИЖ“ бара фризер/ка и козметичар/ка

Јун 19, 2019 Веб Билборд

Центарот за убавина „ПРЕСТИЖ“ од Струмица бара фризер/ка и козметичар/ка. Доколку имаш солидно познавање во овие области, не двоуми се да ги контактир...

Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Јун 19, 2019 Вести

Од 1 јули, почнете да собирате фискални сметки од секое купување, платена услуга. Владата, Министерството за финансии и УЈП денеска го најавија старто...

Вечерва ќе вежбаме со Елена во „Партизан“, наместо во паркот

Вечерва ќе вежбаме со Елена во „Партизан“, наместо во паркот

Јун 19, 2019 Вести

„Струмица ОПЕН фестивал 2019“ информира дека вториот ден од настанот „Вежбаме во парк заедно со Елена“, од 19:00 часот ќе биде во спортската сала „Пар...