ФОТО: По Струмица и во Скопје струмичани направија спектакл со Концертот под маски

Четврток, 11 Април 2019

Спектакуларно, распеано, сцената на Националната опера и балет во Скопје претворена во џунгла, како онаа во Струмица на карневалските празнувања.

Околу 200 деца на Музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица со четири автобуси и камион со сценски реквизити отидоа во Скопје и направија уште еден мјузикл во кој уживаше публиката.

Уживаше и премиерот Зоран Заев во оваа сценско-музичка претстава на своите млади сограѓани. И струмичкиот градоначалник Коста Јаневски повторно беше на Концертот под маски. Меѓу публиката и познати професори од музичката академија, пејачи од македонската естрада. „Не е возможно таков професионален мјузикл да создаде толку мал колектив“ – коментираа тие. Публиката воодушевена на струмичани кои живеат со карневалот, на прекрасните маски - животни изработени од рацете на домаќинот на училиштето.

Директорката Клара Патарова е пресреќна што нејзините ученици ги воодушевија скопјани, што беа на сцената на НОБ.

„Горди што бевме дел од сцената на која чекореле великани... Среќни што нашата работа, беше охрабрена од публиката и препознаена од вистинските луѓе... Благодарност до премиерот Зоран Заев и нашиот градоначалник Коста Јаневски. Благодарност до директорот на НОБ, Васко Ристов… А ние ветуваме... ќе продолжиме да ја негуваме традицијата“ - напиша директорката Клара Патарова на Фејсбук.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Порака“ го организираше традиционалниот Велигденски хепенинг на Лазарева сабота

„Порака“ го организираше традиционалниот Велигденски хепенин…

Апр 20, 2019 Вести

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, денеска во малото паркче, спроти ТЦ „Глобал“ во Струмица, организира хуманитарен В...

Ученици од струмичката гимназија го собираа ѓубрето што го фрлат рекреативците кон локалитетот Цареви кули

Ученици од струмичката гимназија го собираа ѓубрето што го ф…

Апр 20, 2019 Вести

Ѓубре фрлено од несовесни граѓани има насекаде, па и во еколошките зелени средини, покрај патеките кон излетничките и културно-историските локалитети...

Денеска во Струмица концерт на слепи лица од Македонија, Бугарија и Турција

Денеска во Струмица концерт на слепи лица од Македонија, Буг…

Апр 20, 2019 Вести

Националниот сојуз на слепи лица со поддршка на Здружението на слепи лица од Струмица, денеска во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица органи...

Во синоќешната сообраќајка кај Ново Село учествувале четири возила, три лица се повредени

Во синоќешната сообраќајка кај Ново Село учествувале четири …

Апр 20, 2019 Вести

Синоќа во 20:10 часот на магистралниот пат Струмица - Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“, се случила сообраќајна незгода помеѓу трак...

Во прекин патниот правец од Ново Село кон Граничниот премин за Бугарија

Во прекин патниот правец од Ново Село кон Граничниот премин …

Апр 19, 2019 Вести

Од 20:15 часот затворен за сообраќај е магистрален пат Струмица – ГП Ново Село, поточно меѓу селата Самоилово и Ново Село. Како што информираат АМСМ, ...

Во „Престиж“ пред идните медицинари презентирани новите методи за нега на лице и тело

Во „Престиж“ пред идните медицинари презентирани новите мето…

Апр 19, 2019 Магазин

Ученици – медицински техничари од СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, заедно со професорката Емилија Котеска, го посетија Студиото за естетика и убавина...

ВИДЕО: Васил Гарванлиев го објави најавеното видео со македонски песни

ВИДЕО: Васил Гарванлиев го објави најавеното видео со македо…

Апр 19, 2019 Вести

Проектот со македонска музика, популарни рефрени во изминатиот половина век, насловен „Дом, Патување, Љубов“, на еден од најмоќните македонски вокали...

Утре традиционалниот Велигденски хепенинг на невладината „Порака“

Утре традиционалниот Велигденски хепенинг на невладината „По…

Апр 19, 2019 Вести

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Струмица, утре (сабота), од 10:00 до 14:00 часот, кај малото паркче до раскрсниц...