ЕКСКЛУЗИВНО: СЕ СНИМА... „Дом, Патување, Љубов“

Недела, 07 Април 2019

Моќниот глас од Струмица, момчето кое пеело на големите оперски сцени, кој нанижи македонски Ѓердан и се врати во Македонија, Васил Гарванлиев, продолжува со својот втор проект насловен „Дом, Патување, Љубов“...

На големата сцена во Центарот за култура во Струмица, во специјално адаптиран амбиент со светлосни ефекти, со публика, снима македонски евергрини, забавни, традиционални народни, со музиката од гитарата на Горан Алиќ.

„Многу ми е мило што се вратив пак после „Ѓердан“, еве го вториот мој чекор кој потенцира колку ние вредиме, какво богатство ние имаме со нашата музика во нашата земја“ - вели Васил.

Васил открива дека проектот започнува и завршува со мелодиско прашање без зборови со гитара, што всушност е и скриената порака на проектот во кој има осум песни тематски споени.

Меѓу публиката на снимањето на „Дом, Патување, Љубов“ е и познатиот стилист Драган Гоцев Даци, кој вели дека емоциите и чуствата кои се побудија во него на снимањето, беа од многу ведри до многу тажни.

„Не верувам дега некој друг во Македонија може да успее да направи ваков склоп на песни коишто навистина побудуваат таква разноличност на чуства и емоции во нас. Се надевам дека сите, буквално го имат почуствувано тој дух и таа енергија која денес ни ја прикажа Васил“ – вели Даци.

За снимањето на овој проект на Васил, Тања Брковска вели дека тоа беше емотивна бомба којашто се разлеа во бојата на виножитото, воопшто немаше црно-бело, иако замислата со публиката беше таа црно-бела комбинација.

„Во еден миг ги доживеав сите оние емоции којшто сум ги живеела целиот свој живот. Преку тага, болка, радост, среќа, верба, надеж, до љубов, до многу љубов“ – вели Брковска.

Видео со осумте македонски евергрини, кои се свират и пејат во живо, наскоро ќе биде објавен на YouTube каналот. Видео екипата е составена од Ѓорги Вацев, Столе Ангелов и Бошко Столиќ, под режисерската палка на Јелмаз Дервиши. Светлосните ефекти се на „Riversound“.

Васил не сака да ги открие сите песни, вели, стрпете се, сакам да уживате во него кога ќе го погледнете прв пат, како што уживаше и публиката присутна на снимањето. /Р.Ѓ./

ФОТО/ВИДЕО: Бојан Стоилковски

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Порака“ го организираше традиционалниот Велигденски хепенинг на Лазарева сабота

„Порака“ го организираше традиционалниот Велигденски хепенин…

Апр 20, 2019 Вести

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, денеска во малото паркче, спроти ТЦ „Глобал“ во Струмица, организира хуманитарен В...

Ученици од струмичката гимназија го собираа ѓубрето што го фрлат рекреативците кон локалитетот Цареви кули

Ученици од струмичката гимназија го собираа ѓубрето што го ф…

Апр 20, 2019 Вести

Ѓубре фрлено од несовесни граѓани има насекаде, па и во еколошките зелени средини, покрај патеките кон излетничките и културно-историските локалитети...

Денеска во Струмица концерт на слепи лица од Македонија, Бугарија и Турција

Денеска во Струмица концерт на слепи лица од Македонија, Буг…

Апр 20, 2019 Вести

Националниот сојуз на слепи лица со поддршка на Здружението на слепи лица од Струмица, денеска во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица органи...

Во синоќешната сообраќајка кај Ново Село учествувале четири возила, три лица се повредени

Во синоќешната сообраќајка кај Ново Село учествувале четири …

Апр 20, 2019 Вести

Синоќа во 20:10 часот на магистралниот пат Струмица - Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“, се случила сообраќајна незгода помеѓу трак...

Во прекин патниот правец од Ново Село кон Граничниот премин за Бугарија

Во прекин патниот правец од Ново Село кон Граничниот премин …

Апр 19, 2019 Вести

Од 20:15 часот затворен за сообраќај е магистрален пат Струмица – ГП Ново Село, поточно меѓу селата Самоилово и Ново Село. Како што информираат АМСМ, ...

Во „Престиж“ пред идните медицинари презентирани новите методи за нега на лице и тело

Во „Престиж“ пред идните медицинари презентирани новите мето…

Апр 19, 2019 Магазин

Ученици – медицински техничари од СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, заедно со професорката Емилија Котеска, го посетија Студиото за естетика и убавина...

ВИДЕО: Васил Гарванлиев го објави најавеното видео со македонски песни

ВИДЕО: Васил Гарванлиев го објави најавеното видео со македо…

Апр 19, 2019 Вести

Проектот со македонска музика, популарни рефрени во изминатиот половина век, насловен „Дом, Патување, Љубов“, на еден од најмоќните македонски вокали...

Утре традиционалниот Велигденски хепенинг на невладината „Порака“

Утре традиционалниот Велигденски хепенинг на невладината „По…

Апр 19, 2019 Вести

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Струмица, утре (сабота), од 10:00 до 14:00 часот, кај малото паркче до раскрсниц...