Еуромакс: Лажни вести и говор на омраза не е граѓански активизам

Недела, 24 Март 2019

Вклученост, навремено и точно информирање на сите засегнати страни за сите карактеристики и придобивки од идниот рудник се принципите според кои работи концесионерот на проектот рудник за бакар Иловица-Штука, Еуромакс Ресоурцес. Ја поддржуваме секоја активност за заштита на животната средина која е поткрепена со точни информации, но лажните вести и говорот на омраза воопшто не е граѓански активизам – велат од компанијата „Еуромакс Ресоурцес“.

Имаме редовна  комуникација со неколку локални здруженија, а во повеќе наврати се обидовме да воспоставме и комуникација со малата група, коja без чувство за одговорност, шири паушални изјави и неточни податоци на штета на компанијата и пошироката јавност.

Впрочем, откако се појави оваа група, стручни лица и реномирани професори за теми поврзани со заштитата на животната средина и здравјето на луѓето, постојано одговараат на сите потенцирани прашања и дилеми поврзани со проектот. За жал и покрај сите одговорени прашања, се повторуваат неоснованите напади од оваа група.

Досега слушнавме бројни обвинувања од областа на животната средина, геохемијата, сеизмичката активност во регионот, но ниту еднаш зад овие обвинувања немаше доказ од нивен експерт или познавач на таа област.

Eуромакс ја почитува важноста на земјоделството во Струмичкиот регион и слушнавме обвинувања дека рудникот ќе биде штетен за земјоделството, но ниту еден земјоделец не го кажал тоа досега.

Ниту едно од нивните тврдења за загадување не е поддржано од нашите сеопфатни извештаи и студии направени од независни македонски и меѓународни експерти во таа област или од други студии што сме ги презентирале. Овие постапки наведуваат на тоа дека таа група не бара одговори на прашањата, туку едноставно со навреди и лаги се обидува да привлече публицитет за да се промовира себеси и своите интереси.

На протестите редовно ги гледаме истите неколку лица кои немаат стручно познавање за рударството или за заштитата на животната средина, ниту за заштитата на човековото здравје или за земјоделството. И веројатно, водени од интереси кои само ним им се познати, постојано ги повторуваат истите работи за кои повеќепати се одговорени од кредибилни извори.

Понатаму, на неколку состаноци кои ги организиравме со цел да се информира јавноста или да се добие слика за јавното мислење, овие неколку лица доминираа со свирежи за да не се слушне гласот на локалното население. Ова не претставува слобода на говор, туку ограничување на слободата на изразување.

Еуромакс Ресоурцес посвети многу ресурси и време за да се обезбеди заштита на животната средина и на здравјето на луѓето, согласно највисоките европски стандарди.

Станува збор за економска инвестиција која ќе донесе добробит за целата држава а особено за сите жители на општините Босилово и Ново Село. Ќе вработиме 500 лица и ќе ангажираме 2.700 други жители преку компаниите со кои ќе соработуваме. Ќе обезбедиме прилив во буџетите на двете општини и во државниот буџет и на тој начин, ќе заживее локална економија и ќе се поддржи развојот на Струмичкиот регион.

Неопходно е да се истакне и дека жители од општините Босилово и Ново Село, во повеќе наврати и јавно покажаа поддршка за проектот. Одзивот меѓу жителите за јавните презентации и средби, како и неформални дружења кои ги организиравме минатата година и годинава, е исклучително висок, што покажува дека локалното население верува во проектот.

Во оваа насока, Еуромакс Ресоурцес повторно замолува и апелира до сите поединци, здруженија и политички партии, да се воздржат од лиферување лажни вести, клевети и говор на омраза и од непотребни вознемирувања на засегнатите страни.

Ние продолжуваме со редовните активности за вклучување и информирање на заедницата, граѓанските здруженија и пошироката јавност – стои во соопштението на „Еуромакс Ресоурцес“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лиц…

Јан 20, 2020 Вести

Во четврток од 16:00 часот, во Струмица ќе биде отворен специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост, како дел од проектот „И ние постоиме“ на ...

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

Јан 20, 2020 Вести

Утрово околу 05:00 часот во селото Сарај, струмичко, автомобил марка „Опел“ се забил во дрвен електричен столб на ЕВН и направил прекин на електричнат...

Поради дефект без вода се жителите од улицата „Ката Поцкова“

Поради дефект без вода се жителите од улицата „Ката Поцкова“

Јан 20, 2020 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради дефект на водоводната мрежа од утрово е прекинато водоснабдувањето на улицата „Ката Поцкова“ во Струмица, ...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2020 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Сообраќајка кај Габровските водопади, едно лице го загуби животот

Сообраќајка кај Габровските водопади, едно лице го загуби жи…

Јан 19, 2020 Вести

Попладнево кај Габровски водопади се случи сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а други тројца се повредени. Како што информираше ...

Почина сестра Лујза, сестра Евхаристинка во Католичката Катедрала во Струмица

Почина сестра Лујза, сестра Евхаристинка во Католичката Кате…

Јан 19, 2020 Вести

Синоќа почина сестра Лујза Стојчева, сестра Евхаристинка, - информираат од Католичката Катедрала „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица“ По пов...

26-годишниот Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица

26-годишниот Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во вод…

Јан 19, 2020 Вести

26-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трајче беше најсреќ...

ВИДЕО: Струмичанецот Сашко Митев сними песна за Подгоријата

ВИДЕО: Струмичанецот Сашко Митев сними песна за Подгоријата

Јан 19, 2020 Магазин

Струмичанецот Сашко Митев, кој е дел од оркестарот на НУ Ансамбл „Танец“ ја сними својата прва авторска песна насловена „Подгорија“, песна за подбелас...