Пораката е испратена, децата направија Флеш моб и играа во ритамот на музиката

Четврток, 21 Март 2019

Срцето не го формираа, оти играа од срце, многу повеќе од 500 деца беа, можеби и 1000, од градинките и училиштата од Струмица, облечени во бело, со искрени насмевки, сјајни како денешното сонце на пладне на Струмичкиот плоштад, играа по ритамот на музиката „A ram sam sam“ од Gasca Zurli со децата со Даунов синдром, со децата од Посебното основно училиште од Ново Село, со младите штитеници од Заводот за рехабилитација Бања Банско.

Убава глетка на плоштадот полна со срце и љубов од најмладите струмичани, со јасна порака дека „Светот е поубаво место за живеење кога се имаме едни со други“. Тие беа сплотени, тие ја покажаа искрената љубов кон своето другарче, тие не прават разлики меѓу своите врсници, како возрасните.

Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“, по повод денешниот ден на овие лица со посебни потреби, организираше Флеш моб, но и цртање на плоштадот со разнобојни креди, напишаа и пораки, а имаше и штандови со рачни ракотворби.

„За нас родителите, кои имаме дете со Даунов синдром, 21 март е втор роденден на детето, бидејќи со здружени сили праќаме една порака дека овие деца се тука. Се надевам дека ја подигаме свеста, се бориме за инклузија, а Струмица е средина во која се добро прифатени децата со Даун и се вклучени во редовното образование, што е желба на секој родител кој има дете со попреченост“ - вели Анче Туфекчиева од Здружението „Вера“.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Манастирот „Св. Петнаесет“ ќе биде промовирана книгата „Светилници на светот – Македонски светители“

Во Манастирот „Св. Петнаесет“ ќе биде промовирана книгата „С…

Јун 20, 2019 Вести

Со благослов на Митополитот Струмички г. Наум, денеска (четврток, 20 јуни), со почеток во 19:00 часот во Манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски све...

Утре во СОУ „Димитар Влахов“ ќе се полагаат квалификациони тестови за медицинска сестра

Утре во СОУ „Димитар Влахов“ ќе се полагаат квалификациони т…

Јун 20, 2019 Вести

Утре во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица ќе се полагаат квалификациони тестови, поради бројот на пријавени ученици со висок успех, односно во паралелк...

Активисти на струмичкиот Црвен крст во посета на стари и изнемоштени лица

Активисти на струмичкиот Црвен крст во посета на стари и изн…

Јун 19, 2019 Вести

Активисти на Општинската организација на Црвен крст во Струмица беа во Добрејци, Куклиш, Балдовци и Раборци, во посета на стари и изнемоштени лица над...

ФОТОГАЛЕРИЈА: Стотина рекреативци вечерва вежбаа аеробик во „Партизан“, во петок пак во паркот покрај езерцето

ФОТОГАЛЕРИЈА: Стотина рекреативци вечерва вежбаа аеробик во …

Јун 19, 2019 Вести

Дождливото време ги пресели рекреативците од настанот „Вежбаме во парк заедно со Елена“, од големиот парк во Спортската сала „Партизан“ во Струмица. И...

Градоначалникот на општина Ново Село ги прими Балканските шампионки во футсал за основци

Градоначалникот на општина Ново Село ги прими Балканските ша…

Јун 19, 2019 Вести

Женската екипа на ООУ „Видое Подгорец“ од Колешино, која го освои Балканскиот шампионат во футсал за основци во Косово, беше примена од градоначалнико...

„ПРЕСТИЖ“ бара фризер/ка и козметичар/ка

„ПРЕСТИЖ“ бара фризер/ка и козметичар/ка

Јун 19, 2019 Веб Билборд

Центарот за убавина „ПРЕСТИЖ“ од Струмица бара фризер/ка и козметичар/ка. Доколку имаш солидно познавање во овие области, не двоуми се да ги контактир...

Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Јун 19, 2019 Вести

Од 1 јули, почнете да собирате фискални сметки од секое купување, платена услуга. Владата, Министерството за финансии и УЈП денеска го најавија старто...

Вечерва ќе вежбаме со Елена во „Партизан“, наместо во паркот

Вечерва ќе вежбаме со Елена во „Партизан“, наместо во паркот

Јун 19, 2019 Вести

„Струмица ОПЕН фестивал 2019“ информира дека вториот ден од настанот „Вежбаме во парк заедно со Елена“, од 19:00 часот ќе биде во спортската сала „Пар...