„Еуромакс Ресоурцес“ на информативна средба со жители од општините Босилово и Ново Село

Недела, 17 Март 2019

Можностите за вработување и за соработка со локалното население и претприемачи беше во фокусот на неформалната информативна средба што се одржа во хотелот „Цар Самуил“ во Банско, каде околу 500 жители од општините Босилово и Ново Село имаа можност поблиску да се запознаат и со тимот на „Еуромакс Ресоурцес“, концесионерот на рудникот за бакар Иловица-Штука.

Инфо средбата беше во функција да се презентира целиот проект, но и да се зајакне соработката со локалната заедница како главен партнер во целиот тој процес, вели Никола Гулев, финансов директор на компанијата.

„Комуникацијата со локалното население и заедницата останува наш приоритет, бидејќи е наш долгорочен партнер за понатамошниот развој на проектот. Во таа насока и денешната средба е една од многуте настани организирани од страна на Еуромакс за комуникација со локалното население и заедницата. Имаше голем интерес за пополнување на апликации за вработување, дури во еден момент останавме без формулари. Жителите покажаа и интерес да се запознаат со техничките карактеристики на идниот рудник преку моделот што беше изложен во салата“ - вели Гулев.

Додека траеше средбата активисти на грашански организации кои се против отворањето на рудникот над Иловица, со протест го искажаа своето незадоволство, бидејќи не им било дозволено да присуствуваат на средбата.

На обвинувањата на активистите, финансискиот директор Никола Гулев вели дека се работи за граѓани кои не се согласуваат со останатите присутни на средбата, акои во последниот период ги злоупотребуваат социјалните медиуми за напади кон локални жители кои го поддржуваат проектот. Од таа причина презеле чекори средбата да биде со покани, за да има услови граѓаните бидат запознаени со проектот.

Еуромакс минатата година организираше неколку информативни средби со жители од општините Босилово и Ново Село каде исто имаше значителен интерес со повеќе од 500 присутни. Презентации беа одржани и од професори од Градежен и Рударски факултет како и експерти од областа на минирањето, а во текот на ноември беше организирана и посета за жители од општините Босилово, Ново Село на рудникот за бакар во Крумовград, Бугарија.

Од „Еуромакс Ресоурцес“, велат дека компанијата останува отворена за комуникација за сите оние кои имаат прашања за проектот во канцелариите во Скопје, Струмица и во Иловица, како и на интернет страницата euromaxresources.mk во насока на правилно информирање поткрепено со факти и точни информации.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лиц…

Јан 20, 2020 Вести

Во четврток од 16:00 часот, во Струмица ќе биде отворен специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост, како дел од проектот „И ние постоиме“ на ...

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

Јан 20, 2020 Вести

Утрово околу 05:00 часот во селото Сарај, струмичко, автомобил марка „Опел“ се забил во дрвен електричен столб на ЕВН и направил прекин на електричнат...

Поради дефект без вода се жителите од улицата „Ката Поцкова“

Поради дефект без вода се жителите од улицата „Ката Поцкова“

Јан 20, 2020 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради дефект на водоводната мрежа од утрово е прекинато водоснабдувањето на улицата „Ката Поцкова“ во Струмица, ...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2020 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Сообраќајка кај Габровските водопади, едно лице го загуби животот

Сообраќајка кај Габровските водопади, едно лице го загуби жи…

Јан 19, 2020 Вести

Попладнево кај Габровски водопади се случи сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а други тројца се повредени. Како што информираше ...

Почина сестра Лујза, сестра Евхаристинка во Католичката Катедрала во Струмица

Почина сестра Лујза, сестра Евхаристинка во Католичката Кате…

Јан 19, 2020 Вести

Синоќа почина сестра Лујза Стојчева, сестра Евхаристинка, - информираат од Католичката Катедрала „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица“ По пов...

26-годишниот Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица

26-годишниот Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во вод…

Јан 19, 2020 Вести

26-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трајче беше најсреќ...

ВИДЕО: Струмичанецот Сашко Митев сними песна за Подгоријата

ВИДЕО: Струмичанецот Сашко Митев сними песна за Подгоријата

Јан 19, 2020 Магазин

Струмичанецот Сашко Митев, кој е дел од оркестарот на НУ Ансамбл „Танец“ ја сними својата прва авторска песна насловена „Подгорија“, песна за подбелас...