Советот на општина Струмица ја усвои завршната сметка на буџетот за 2018-та

Петок, 15 Март 2019

На денешната 21 седница на Советот на општина Струмица, беа усвоени повеќе предлог извештаи, одлуки, и програми на Општината, јавни претпријатија и локални институции. Беа изгласани кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Струмица за четвртиот квартал од 2018 година, годишниот извештај на општината и предлог-завршната сметка на буџетот за 2018 година, како и извештаите за реализација на Програмите за уредување на градежното земјиште на подрачјето на  општина Струмица за 2018 година, за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици, за изработка на урбанистички планови, за активностите на општина Струмица во  областа на спорт и млади, во областа на локалниот економски развој и туризмот, социјалната и детската заштита, заштитата на животната средина, еднаквите можности на жените и мажите, меѓународната соработка и активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2018 година.

Советниците ги усвоија и предлог - програмата за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2019 година, како и предлог - одлуките за одобрување на извештаите за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски, за измена и дополнување на буџетот на општина Струмица за 2019 година, за долгорочно задолжување на општина Струмица, за давање на трајно користење и управување на недвижни ствари (Пречистителна станица за отпадни води) на ЈПКД „Комуналец“, за спроведување на превентивна дезинсекција, дезинфекција и дератизација на подрачјето на општина Струмица за 2019 година, за измена и дополнување на одлуката за општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица.

На денешната седница беа усвоени и извештајот  за работа, годишната сметка и одлуката за распоредување на остварената добивка по годишната сметка на ЈП „Паркиралишта Струмица“, ЈПЕД „Струмица Гас”, ЈПКД „Комуналец“, како и извештаите за работата на библиотеката „Благој Јанков Мучето“, на Домот за деца и млади „Благој Мучето“ и на општинската јавна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ Струмица за 2018 година.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Богородица Брзопослушница повторно низ Струмичките улици

Богородица Брзопослушница повторно низ Струмичките улици

Мар 20, 2019 Вести

Во спомен на пристигнувањето на иконата на Пресвета Богородица „Брзопослушничка“ и оваа година ќе биде одржана свечена литија во Струмица. Пред две г...

Во петок прекин на струјата на „Младинска“, во Баница и Просениково

Во петок прекин на струјата на „Младинска“, во Баница и Прос…

Мар 20, 2019 Вести

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...

Ученици од основните училишта цртаа на тема „Нацртај ја водата“

Ученици од основните училишта цртаа на тема „Нацртај ја вода…

Мар 20, 2019 Вести

Во рамките на културно-уметничкиот проект „Уметност и вода – магија на животот“, кој го спроведува Здружението за третман на вода со поддршка на Европ...

Повредена припадничка на Шумската полиција

Повредена припадничка на Шумската полиција

Мар 20, 2019 Вести

Припадничка на Шумската полиција денеска е повредена и пренесена во болницата во Струмица откако дрвокрадци удриле во два џипа на полицајците – објави...

Струмичанец уапсен на скопскиот аеродром

Струмичанец уапсен на скопскиот аеродром

Мар 20, 2019 Вести

Струмичанец бил уапсен вчера во 16:30 часот на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“. При пасошка контрола, било констатирано дека лицето П...

Со Флеш моб на 500 деца ќе биде одбележан денот на лицата со Даунов синдром

Со Флеш моб на 500 деца ќе биде одбележан денот на лицата со…

Мар 20, 2019 Вести

Утре е светскиот Ден на лицата родени со Даунов синдром – 21 март, а Здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром ќе го одбележени со и...

Здружението „ВЕРА“ и струмичкиот Црвен крст со Сертификат за благодарност од мрежата „Сите сити“

Здружението „ВЕРА“ и струмичкиот Црвен крст со Сертификат за…

Мар 19, 2019 Вести

Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „ВЕРА“ од Струмица и Општинската организација на Црвен крст во Струмица, денеска ...

Се нивелираат шахтите на повеќе улици во Струмица

Се нивелираат шахтите на повеќе улици во Струмица

Мар 19, 2019 Вести

Шахтите во градот Струмица кои се подигнати повеќе од потребното или кои се пропаднати во коловозот се нивелираат од страна на работните единици на ЈП...