Во Струмица се одржува меѓународна средношколска „Економијада“

Петок, 15 Март 2019

Струмица и СОУ „Јане Сандански“ од 14 до 16 март се домаќини на меѓународната средношколска манифестација „Економијада 2019“, на која учествуваат средношколци од 11 училишта од Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора и домаќините ученици-економисти од СОУ „Јане Сандански“.

„Економијадата“ низ годините се претвори во традиционален настан, така што истата се одржува од 2009 година. Целта на оваа манифестација е поврзување на учениците преку дружење, запознавање со културата на земјите-домаќини, натпреварување меѓу учениците од областа на стручните економски предмети, размена на искуства за различни проекти и слично.

Меѓу денешните активности од „Економијадата“ кои се одржаа во големата сала на Домот на АРМ беше и играње квиз насловен „Паметна економија“, на кој првото место го освоија учениците од СОУ „Јане Сандански“, втори беа економистите од Подгорица, Црна Гора, а трети учениците од Бања Лука, БиХ.

Утревечер во хотелот „Сириус“ е затворањето на оваа манифестација каде ќе се обрати градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Инаку, на состанокот кој се одржа меѓу директорите на сите 11 училишта вклучени во манифестацијата беше донесена одлука идната година домаќин на „Економијада 2020“ да биде Сараево, Босна и Херцеговина.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Фудбалерите на „Академија Пандев“ КУП пехарот го носат во Струмица

Фудбалерите на „Академија Пандев“ КУП пехарот го носат во Ст…

Мај 22, 2019 Вести

ФК „Академија Пандев“ од Струмица е победник на 27-то финале во Купот на Македонија и за првпат по клупската историја го освои трофејот во најмасовнот...

ФИНАЛЕ НА КУПОТ: Академија Пандев по пехар за историја

ФИНАЛЕ НА КУПОТ: Академија Пандев по пехар за историја

Мај 22, 2019 Вести

Фудбалерите на ФК „Академија Пандев“ денеска против ФК „Македонија ЃП“ го игра првото КУП финале во својата историја. Натпреварот се игра на Националн...

Ракометарите на Македонија против Грција, место во Скопје ќе играт во Струмица

Ракометарите на Македонија против Грција, место во Скопје ќе…

Мај 22, 2019 Вести

Ракометната репрезентација на Македонија одново ќе игра натпревар надвор од Скопје. Како што е објавено на официјалната страна „ЕХФ“ Македонија натпре...

Струмичанецот Митко Ников со прва награда за Веб платформа за подобра интерактивна настава

Струмичанецот Митко Ников со прва награда за Веб платформа з…

Мај 22, 2019 Вести

17-годишниот струмичанец Митко Ников, ученик во трета година при СОУ „Јане Сандански“ во Струмица го освои првото место на средношколскиот натпревар з...

Годишен концерт на Музичкото училиште „Боро Џони“ во чест на патронот

Годишен концерт на Музичкото училиште „Боро Џони“ во чест на…

Мај 22, 2019 Вести

Општинското основно музичко училиште „Боро Џони“ од Струмица, синоќа го одржа својот Годишен концерт, во чест на својот патрон - 75 години од убиствот...

Фирма за достава има потреба од работници

Фирма за достава има потреба од работници

Мај 22, 2019 Веб Билборд

Фирма за достава има потреба од работници со полно или скратено работно време. Кандидатите потребно е да имат возачка дозвола од „Б категорија“, а пож...

„Паркиралишта Струмица“ ги обновува пешачките премини во градот

„Паркиралишта Струмица“ ги обновува пешачките премини во гра…

Мај 21, 2019 Вести

За зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ја обновува хоризонталната сигнализација в...

ФОТО: Прекрасна убавина! Пречистителната станица за отпадни води прерасна во бајка од сликовниците

ФОТО: Прекрасна убавина! Пречистителната станица за отпадни …

Мај 20, 2019 Вести

Пречистителната станица за отпадни води кај Сачево, во близина на Струмица, од денеска изгледа како бајка од сликовниците. Животински свет, куќички во...