Никола Андонов и официјално избран за кандидат за градоначалник

Петок, 15 Март 2019

Познатиот Струмички бизнисмен од Колешино, Никола Андонов доби едногласна поддршка на Општинска Конференција на СДСМ Ново Село, да биде кандидат за градоначалник на општина Ново Село од оваа партија на предвремените Локални избори за избор на градоначалник, кои ќе се одржат на 21 април.

На синоќешната Конференција, покрај делегатите и кандидатот за градоначалник, присуствуваше и потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Штип, Благој Бочварски.

„Имаме цел, а целта ни е победа. Треба да направиве добра стратегија, да бидеме добро организирани и да почекаме резултати. Резултатите, според мене, со моето искуство, со моето знаење, ќе бидат единствено ако сите ние бидеме обединети. Има двајца кандидати за градоначалник, јас и Николчо Стоилков. Се надевам дека сите вие ќе застанете зад мене, за една цел, да ја постигнеме сите заедно. Успехот е на сите заедно, успехот ќе биде и на општина Ново Село и на Никола Андонов и на сите вас“ - рече во своето обраќање до делегатите и членовите на ОО на СДСМ Ново Село, Никола Андонов.

Никола Андонов беше градоначалник на општина Ново Село во периодот од 2005 до 2009 година. Андонов во својот мандат успеа да ја екипира општина Ново Село со сите потребни одделенија и тела. Го постави костурот на функционирање и развој на општината, а заедно со неговите колеги од општините Босилово и Василево ја формираа и заедничката општинска администрација, проект што беше поздравен и пофален од УНДП и сите министерства во државата.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Богородица Брзопослушница повторно низ Струмичките улици

Богородица Брзопослушница повторно низ Струмичките улици

Мар 20, 2019 Вести

Во спомен на пристигнувањето на иконата на Пресвета Богородица „Брзопослушничка“ и оваа година ќе биде одржана свечена литија во Струмица. Пред две г...

Во петок прекин на струјата на „Младинска“, во Баница и Просениково

Во петок прекин на струјата на „Младинска“, во Баница и Прос…

Мар 20, 2019 Вести

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...

Ученици од основните училишта цртаа на тема „Нацртај ја водата“

Ученици од основните училишта цртаа на тема „Нацртај ја вода…

Мар 20, 2019 Вести

Во рамките на културно-уметничкиот проект „Уметност и вода – магија на животот“, кој го спроведува Здружението за третман на вода со поддршка на Европ...

Повредена припадничка на Шумската полиција

Повредена припадничка на Шумската полиција

Мар 20, 2019 Вести

Припадничка на Шумската полиција денеска е повредена и пренесена во болницата во Струмица откако дрвокрадци удриле во два џипа на полицајците – објави...

Струмичанец уапсен на скопскиот аеродром

Струмичанец уапсен на скопскиот аеродром

Мар 20, 2019 Вести

Струмичанец бил уапсен вчера во 16:30 часот на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“. При пасошка контрола, било констатирано дека лицето П...

Со Флеш моб на 500 деца ќе биде одбележан денот на лицата со Даунов синдром

Со Флеш моб на 500 деца ќе биде одбележан денот на лицата со…

Мар 20, 2019 Вести

Утре е светскиот Ден на лицата родени со Даунов синдром – 21 март, а Здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром ќе го одбележени со и...

Здружението „ВЕРА“ и струмичкиот Црвен крст со Сертификат за благодарност од мрежата „Сите сити“

Здружението „ВЕРА“ и струмичкиот Црвен крст со Сертификат за…

Мар 19, 2019 Вести

Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „ВЕРА“ од Струмица и Општинската организација на Црвен крст во Струмица, денеска ...

Се нивелираат шахтите на повеќе улици во Струмица

Се нивелираат шахтите на повеќе улици во Струмица

Мар 19, 2019 Вести

Шахтите во градот Струмица кои се подигнати повеќе од потребното или кои се пропаднати во коловозот се нивелираат од страна на работните единици на ЈП...