Карневалистите го вратија клучот од градот

Среда, 13 Март 2019

Карневалистите од Струмица денеска му го вратија клучот од градот на градоначалникот Коста Јаневски. Александар Цицимов му се заблагодари за довербата што им ја довери во изминатата недела да „управуваат“ со градот.

Градоначалникот Јаневски упати јавна благодарност до членовите на Организациониот одбор и до граѓаните на општина Струмица за одговорноста што ја покажаа и придонесот што го дадоа, а поради кои сите карневалски денови поминаа во најдобар ред и без ниту еден инцидент.

„Посебно ме радува што оваа недела помина во едно општо задоволство, општа веселба и без инциденти што е најважно. Јас ви благодарам што за ова време, додека беше ваше управувањето со овој град, навистина се грижевте за градот и тоа не само да биде весело, туку и да биде безбедно. Ви благодарам најмногу за тоа и ви честитам за се она што направивте нашите сограѓани да се чувствуваат убаво, да се потсетат на една вековна традиција и ве охрабрувам и во наредните години да бидете уште поуспешни, а општината ќе ве поддржи со сите свои сили“ - рече градоначалникот Јаневски.

На оваа мала свеченост присуствуваше и Евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој виде дел од Тримерскиот обичај организиран од „Струмичкиот карневал“ и „Распеани струмичани“.

ФОТОГАЛЕРИЈА

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Богородица Брзопослушница повторно низ Струмичките улици

Богородица Брзопослушница повторно низ Струмичките улици

Мар 20, 2019 Вести

Во спомен на пристигнувањето на иконата на Пресвета Богородица „Брзопослушничка“ и оваа година ќе биде одржана свечена литија во Струмица. Пред две г...

Во петок прекин на струјата на „Младинска“, во Баница и Просениково

Во петок прекин на струјата на „Младинска“, во Баница и Прос…

Мар 20, 2019 Вести

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...

Ученици од основните училишта цртаа на тема „Нацртај ја водата“

Ученици од основните училишта цртаа на тема „Нацртај ја вода…

Мар 20, 2019 Вести

Во рамките на културно-уметничкиот проект „Уметност и вода – магија на животот“, кој го спроведува Здружението за третман на вода со поддршка на Европ...

Повредена припадничка на Шумската полиција

Повредена припадничка на Шумската полиција

Мар 20, 2019 Вести

Припадничка на Шумската полиција денеска е повредена и пренесена во болницата во Струмица откако дрвокрадци удриле во два џипа на полицајците – објави...

Струмичанец уапсен на скопскиот аеродром

Струмичанец уапсен на скопскиот аеродром

Мар 20, 2019 Вести

Струмичанец бил уапсен вчера во 16:30 часот на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“. При пасошка контрола, било констатирано дека лицето П...

Со Флеш моб на 500 деца ќе биде одбележан денот на лицата со Даунов синдром

Со Флеш моб на 500 деца ќе биде одбележан денот на лицата со…

Мар 20, 2019 Вести

Утре е светскиот Ден на лицата родени со Даунов синдром – 21 март, а Здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром ќе го одбележени со и...

Здружението „ВЕРА“ и струмичкиот Црвен крст со Сертификат за благодарност од мрежата „Сите сити“

Здружението „ВЕРА“ и струмичкиот Црвен крст со Сертификат за…

Мар 19, 2019 Вести

Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „ВЕРА“ од Струмица и Општинската организација на Црвен крст во Струмица, денеска ...

Се нивелираат шахтите на повеќе улици во Струмица

Се нивелираат шахтите на повеќе улици во Струмица

Мар 19, 2019 Вести

Шахтите во градот Струмица кои се подигнати повеќе од потребното или кои се пропаднати во коловозот се нивелираат од страна на работните единици на ЈП...