Избрани најдобрите маски на годинашниот „Струмички карневал“

Понеделник, 11 Март 2019

Денеска напладне на прес конференција во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, Организациониот одбор на „Струмичкиот карневал“ ги објави освоените награди од годинашното издание, според бодовите на жири комисијата.

Како што информираше Александар Филев, претседател на жири комисијата, годинава учествувале 47 групни и поединечни маски, од кои 20-тина биле од странство, коишто не учествуваат за награди.

За категорија А: групна маска со 50 и повеќе лица

1-ва награда, маска со реден број 7, „Танцот на Кабаутерите“ Газели, во висина од 1.000 евра во денарска противвредност - (69 бода)

2-ра награда, маска со реден број 9 „Весели марионети“ СОУ „Никола Карев“, во висина од 850 евра во денарска противвредност - (60 бода)

2-ра награда, маска со реден број 12 „Етно рапсодија“ СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица, во висина од 850 евра во денарска противвредност - (60 бода).

Категорија Б Групна маска со 30 до 50 лица

1-ва награда, маска со реден број 23 „Фламинго“ на „Мулен руж 1“ Струмица, во висина од 600 евра во денарска противвредност - (67 бода),

1-ва награда, маска со реден број 28 Неуништива вечна љубов “Здружение Струма“ Струмица, во висина од 600 евра во денарска противвредност; (67 бода),

2-ра награда, маска со реден број 17 „Џентламени“ на ООУ „Герас Цунев“ Просениково во висина од 400 евра во денарска противвредност - (51 бод),

Трета награда не се доделува.

Категорија В Групна маска со 20 до 30 лица

1-ва награда, маска со реден број 19 „Чекор напред“ на Мулен Руж - 2, во висина од 500 евра во денарска противвредност - (70 бода);

2-ра награда, маска со редеден број 1 „Чувари на традицијата“ Ефтимови, во висина од 400 евра во денарска противвредност - (60 бода),

3-та награда, маска со реден број 22 „Човек со две лица„ Струмички Викинзи, во висина од 300 евра во денарска противвредност - (57 бода).

Категорија Г: Групна маска од 10 до 20 лица

1-ва награда, маска под реден број 4, „Златните потковици“ на Кико Стил - Струмица, во висина од 400 евра во денарска противвредност - (69 бода),

2-ра награда, маска со реден број 30 „Магијата на уметноста“ ООУ Св. Кирил и Методиј - Дабиље, во висина од 300 евра во денарска противвредност - (61 бода),

3-та награда , маска под реден број 8 „На бишка џн’гр’лак“ ООУ „Маршал Тито“ Струмица, во висина од 200 евра во денарска противвредност - (59 бода).

Категорија Д: Групна маска од 5-10 лица

1-ва награда, маска под реден број 13 „Сурва“ на Багашоивски, во висина од 150 евра во денарска противвредност - (65 бода).

Категорија Ѓ: Поединечна маска од 1 до 5 лица

1-ва награда, маска под реден број 16 „Пушти Стојко рогови“ на Багашовски, во висина од 100 евра во денарска противвредност - (67 бода),

2-ра награда, маска под реден број 21 „Комарец“ на Багашевски, во висина од 75 евра во денарска противвредност - (64 бода).

Категорија Е : со алегориско возило

1-ва награда , маска под реден бројн 28 „Неуништива вечна љубов“ на Здружение „Струма“ Струмица, во висина од 500 евра во денарска противвредност - (69 бода),

2-ра награда, маска под реден број 23 „Фламинго“ на Мулен Руж 1, во износ од 300 евра во денарска противвредност - ( 63 бода),

3-та награда, маска под реден број 19 „Чекор напред“ на Мулен руж 2, во износ од 200 евра во денарска противвредност - (57 бода).

Натегорија Ж: дебитантска група

1 -ва награда, маска под реден бројн 5 „Струмички шпагети“ на ООУ „Видое Подгорец“ Струмица, во висина од 500 евра во денарска противвредност - (70 бода).

Наградите ќе бидат доделени утре (вторник, 12 март), во 19:30 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, а веднаш потоа ќе се одржи Карневалска забава.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Фудбалерите на „Академија Пандев“ КУП пехарот го носат во Струмица

Фудбалерите на „Академија Пандев“ КУП пехарот го носат во Ст…

Мај 22, 2019 Вести

ФК „Академија Пандев“ од Струмица е победник на 27-то финале во Купот на Македонија и за првпат по клупската историја го освои трофејот во најмасовнот...

ФИНАЛЕ НА КУПОТ: Академија Пандев по пехар за историја

ФИНАЛЕ НА КУПОТ: Академија Пандев по пехар за историја

Мај 22, 2019 Вести

Фудбалерите на ФК „Академија Пандев“ денеска против ФК „Македонија ЃП“ го игра првото КУП финале во својата историја. Натпреварот се игра на Националн...

Ракометарите на Македонија против Грција, место во Скопје ќе играт во Струмица

Ракометарите на Македонија против Грција, место во Скопје ќе…

Мај 22, 2019 Вести

Ракометната репрезентација на Македонија одново ќе игра натпревар надвор од Скопје. Како што е објавено на официјалната страна „ЕХФ“ Македонија натпре...

Струмичанецот Митко Ников со прва награда за Веб платформа за подобра интерактивна настава

Струмичанецот Митко Ников со прва награда за Веб платформа з…

Мај 22, 2019 Вести

17-годишниот струмичанец Митко Ников, ученик во трета година при СОУ „Јане Сандански“ во Струмица го освои првото место на средношколскиот натпревар з...

Годишен концерт на Музичкото училиште „Боро Џони“ во чест на патронот

Годишен концерт на Музичкото училиште „Боро Џони“ во чест на…

Мај 22, 2019 Вести

Општинското основно музичко училиште „Боро Џони“ од Струмица, синоќа го одржа својот Годишен концерт, во чест на својот патрон - 75 години од убиствот...

Фирма за достава има потреба од работници

Фирма за достава има потреба од работници

Мај 22, 2019 Веб Билборд

Фирма за достава има потреба од работници со полно или скратено работно време. Кандидатите потребно е да имат возачка дозвола од „Б категорија“, а пож...

„Паркиралишта Струмица“ ги обновува пешачките премини во градот

„Паркиралишта Струмица“ ги обновува пешачките премини во гра…

Мај 21, 2019 Вести

За зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ја обновува хоризонталната сигнализација в...

ФОТО: Прекрасна убавина! Пречистителната станица за отпадни води прерасна во бајка од сликовниците

ФОТО: Прекрасна убавина! Пречистителната станица за отпадни …

Мај 20, 2019 Вести

Пречистителната станица за отпадни води кај Сачево, во близина на Струмица, од денеска изгледа како бајка од сликовниците. Животински свет, куќички во...