Бидна карневалското лудило во Струмица

Недела, 10 Март 2019

И бидна уште едно интернационално карневалско издание на познатиот европски карневалски бренд „Струмички карневал“. Околу 1800 маскирани лица продефилираа долж карневалската маршрута, а илјадници низ улиците на Струмица, по Струмичкото корзо, во угостителските објекти.

Струмица синоќа беше под маска, струмичани празнуваа, ги угостија добронамерниците дојдени од сите краишта на Македонија, од Германија, Турција, Бугарија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Албанија. Убавина од маски насекаде низ градот. Цели четири часа дефиле низ центарот, карневалистите ги покажаа своите креации кои со месеци ги создаваа. Сите имаа и своја порака.

Имаше Струмички шпагети, златни потковици, „човеци“ со по две лица, штрумфови, султани... Некои беа чекор напред во Европа, некои си правеа ретроспектива на изминатите години на карневалот, други правеа магија во уметноста, трети се претворија во пијано... Од „концертот под маски“ дојдоа и животните од џунглата имаше разновидност, но како нешто да фалеше, го немаше тој раскош од огромни прекрасни маски кои го привлекуваа вниманието на публиката. Ги немаше „замрзнатите“ од лани, годинава ќе правеле пауза, но до година уште од сега најавуват нешто невидено и раскошно.

И годинава ни дојде премиерот Зоран Заев, тој и така се си е на карневалот, до скоро беше домаќин, но сега како гостин дома, со себе носеше и многу владини функционери. Имаше и амбасадори, градоначалници, спонзори и пријатели на карневалот.

На Струмичкиот карневал беше и комплетниот Борд на Федерацијата на Европските карневалски градови на чело со новиот претседател, швеѓанецот Ларс Алгел, заедно со многубројните претставници на FECC од околните земји.

Еден од најдобрите зимски карневали во Европа заврши, но карневалското празнување за струмичани продолжува и денеска со Детскиот карневал, утре со Чист понеделник, а во вторник организаторите ќе се обидат да потсетат на карневалот во вторник, вечерта пред Тримери, со Карневалска забава на отворено.

Со Тримерскиот обичај во среда ќе заврши годинашното издание на Струмичкиот карневал, догодина на 29 февруари.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Богородица Брзопослушница повторно низ Струмичките улици

Богородица Брзопослушница повторно низ Струмичките улици

Мар 20, 2019 Вести

Во спомен на пристигнувањето на иконата на Пресвета Богородица „Брзопослушничка“ и оваа година ќе биде одржана свечена литија во Струмица. Пред две г...

Во петок прекин на струјата на „Младинска“, во Баница и Просениково

Во петок прекин на струјата на „Младинска“, во Баница и Прос…

Мар 20, 2019 Вести

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...

Ученици од основните училишта цртаа на тема „Нацртај ја водата“

Ученици од основните училишта цртаа на тема „Нацртај ја вода…

Мар 20, 2019 Вести

Во рамките на културно-уметничкиот проект „Уметност и вода – магија на животот“, кој го спроведува Здружението за третман на вода со поддршка на Европ...

Повредена припадничка на Шумската полиција

Повредена припадничка на Шумската полиција

Мар 20, 2019 Вести

Припадничка на Шумската полиција денеска е повредена и пренесена во болницата во Струмица откако дрвокрадци удриле во два џипа на полицајците – објави...

Струмичанец уапсен на скопскиот аеродром

Струмичанец уапсен на скопскиот аеродром

Мар 20, 2019 Вести

Струмичанец бил уапсен вчера во 16:30 часот на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“. При пасошка контрола, било констатирано дека лицето П...

Со Флеш моб на 500 деца ќе биде одбележан денот на лицата со Даунов синдром

Со Флеш моб на 500 деца ќе биде одбележан денот на лицата со…

Мар 20, 2019 Вести

Утре е светскиот Ден на лицата родени со Даунов синдром – 21 март, а Здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром ќе го одбележени со и...

Здружението „ВЕРА“ и струмичкиот Црвен крст со Сертификат за благодарност од мрежата „Сите сити“

Здружението „ВЕРА“ и струмичкиот Црвен крст со Сертификат за…

Мар 19, 2019 Вести

Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „ВЕРА“ од Струмица и Општинската организација на Црвен крст во Струмица, денеска ...

Се нивелираат шахтите на повеќе улици во Струмица

Се нивелираат шахтите на повеќе улици во Струмица

Мар 19, 2019 Вести

Шахтите во градот Струмица кои се подигнати повеќе од потребното или кои се пропаднати во коловозот се нивелираат од страна на работните единици на ЈП...