Жители на Иловица и Штука барат да се отвори рудникот на Еуромакс

Четврток, 07 Март 2019

Жители од населените места Иловица и Штука, во чија близина се гради рудникот за бакар и злато „Иловица-Штука“ на компанијата „Еуромакс ресоурцес“ се за отворањето на рудникот.

Синоќа во изјавите за медиумите потенцираа дека идниот рудник може да им овозможи подобри услови за живот и нема да ја загадува околината. Тие сметат дека се работи за голема инвестиција, која ќе овозможи нови вработувања и развој на овие општини и регионот.

Митко Костадинов од село Штука, вели дека 40-тина негови соселани од 2004 до 2016 година работеа во тој рудник, добро заработуваа и напреднаа.

„Од пред три години повеќе не работат. Заради тоа нашето село остана без народ и затоа барам да се отвори рудникот за да можеме да живееме. Имаме голема компанија која гарантира дека нема да има загадување и затоа апелирам до Владата да и даде дозвола на компанијата за да почне да се вработува народот“ – кажа Костадинов.

За Јадранка Јанева од село Иловица важно е да се отвори рудникот за да се вработат младите. Кога веќе рудникот е тука, кога се инвестира, да им овозможиме на младите да работат и да имаат иднина за да не заминуваат во странство.

„Јас досега живеам од земјоделство, ама никој не ни гарантира дека ќе го продадеме произведеното. Доколку не дозволат да се отвори рудникот, тогаш нека се затворат и факултетите за рударство и децата да не учат“ - смета Јанева, чиј син има завршено рударски факултет.

Климент Младенов, инжeнер по билогија, смета дека студиите за заштита на животната средина на компанијата, која треба да го отвори рудникот, покажуваат дека рудникот нема да влијае на животната средина и дури ќе ги подобри условите и ќе ги заштитат водите и животинскиот свет.

„Мислам дека рудникот треба да почне со работа и да има вработување за да не си заминуваат младите оттука“ - посочи Младенов.

И други граѓани побараа Рудникот „Иловица-Штука“ да се отвори и додаваат дека е голема пропаганда дека рудникот ќе загадува и прашаа како не е загадено во другите локации во државата каде има рудници.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лиц…

Јан 20, 2020 Вести

Во четврток од 16:00 часот, во Струмица ќе биде отворен специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост, како дел од проектот „И ние постоиме“ на ...

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

Јан 20, 2020 Вести

Утрово околу 05:00 часот во селото Сарај, струмичко, автомобил марка „Опел“ се забил во дрвен електричен столб на ЕВН и направил прекин на електричнат...

Поради дефект без вода се жителите од улицата „Ката Поцкова“

Поради дефект без вода се жителите од улицата „Ката Поцкова“

Јан 20, 2020 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради дефект на водоводната мрежа од утрово е прекинато водоснабдувањето на улицата „Ката Поцкова“ во Струмица, ...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2020 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Сообраќајка кај Габровските водопади, едно лице го загуби животот

Сообраќајка кај Габровските водопади, едно лице го загуби жи…

Јан 19, 2020 Вести

Попладнево кај Габровски водопади се случи сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а други тројца се повредени. Како што информираше ...

Почина сестра Лујза, сестра Евхаристинка во Католичката Катедрала во Струмица

Почина сестра Лујза, сестра Евхаристинка во Католичката Кате…

Јан 19, 2020 Вести

Синоќа почина сестра Лујза Стојчева, сестра Евхаристинка, - информираат од Католичката Катедрала „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица“ По пов...

26-годишниот Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица

26-годишниот Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во вод…

Јан 19, 2020 Вести

26-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трајче беше најсреќ...

ВИДЕО: Струмичанецот Сашко Митев сними песна за Подгоријата

ВИДЕО: Струмичанецот Сашко Митев сними песна за Подгоријата

Јан 19, 2020 Магазин

Струмичанецот Сашко Митев, кој е дел од оркестарот на НУ Ансамбл „Танец“ ја сними својата прва авторска песна насловена „Подгорија“, песна за подбелас...