Еуромакс и македонскиот рударски потенцијал презентирани на најголемата светска рударска конференција

Понеделник, 04 Март 2019

Еуромакс Ресоурцес (Еуромакс) викендов го презентираше проектот Иловица – Штука, како и рудниот потенцијал на државата, пред најголемите меѓународни инвеститори во рударството и рударски компании на Годишната конференција организирана од Асоцијацијата за истражување и развој во рударство на Канада (Prospectors & Developers Association of Canada), што од 3 до 6 март годинава се одржува во Торонто.

Во организација на Асоцијацијата за истражување и развој во рударство традиционално во Торонто се одржува најголемиот светски саем и конференција во областа на рударството, на која учествуваат над 1000 изложувачи, над 3.800 инвеститори и над 25 илјади учесници од над 130 држави. Тоа е можност да се претстави државата и Еуромакс на голема меѓународна сцена.

По третпат Еуромакс беше домаќин на сесијата којашто привлече голема посетеност и е атрактивна затоа што ги истакнува потенцијалите на Западниот Тетијски појас како нов и сѐ попривлечен регион за проекти за минерални ресурси. Тетијскиот појас е геолошки тренд кој се протега од Алпите, преку Карпатите и Балканот сè до Хималаите. Конференцијата се фокусира на западниот дел од појасот кој ги вклучува Источна Европа и Турција.

„Пред претставниците на рударската индустрија од целиот свет ги презентиравме развојните фази на проектот Иловица – Штука, придобивките и потенцијалниот развој што го носи со себе за регионот. Горди сме што нашата сесија е дел од оваа конференција со многу голема меѓународна посетеност, како одраз на континуираниот интерес на истражувачите во другите земји и присуството на странските владини делегации за да ги презентираат своите можности. Следејќи го успехот на нашите сесии во 2017 и во 2018 и годинава сме домаќини на сесијата за Западниот Тетијски појас, област која е атрактивна за многу инвеститори затоа што е препознаена како богата со минерални суровини, особено со бакар и со злато, но е недоволно истражена. Сите компании учеснички докажаа дека не се само рударски компании, туку се економски двигатели во областите каде што работат“ - вели оперативниот директор на Еуромакс Ресоурцес, Патрик Форвард.

На сесијата учествуваат повеќе компании од регионов, како Мундоро капитал (Mundoro Capital), Зиџин мaјнинг (Zijin Mining), Данди Прешс Металс (Dundee Precious Metals), Медголд Ресоурцес (MedGold Resources), Велосити Минералс (Velocity Minerals), Еуросан Мајнинг (EuroSun Mining), Елдорадо Голд (Eldorado Gold), Џорџиaн Мајнинг (Georgian Mining) и Честерфилд Ресоурцес (Chesterfield Resources) кои ги презентира нивните проекти, како и канадските амбасадори во земјите од регионот и владини претставници од Србија и Грузија кои дадоа увид во бизнис климата и рударските проекти во нивните држави.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

СВР Струмица со детали за пожарот во Гечерлија во кој беше опожарена куќа и земјоделска површина

СВР Струмица со детали за пожарот во Гечерлија во кој беше о…

Авг 07, 2020 Вести

СВР Струмица денеска информираше за пожарот кој во средата попладне се случи во селото Гечерлија. Според информацијата, опожарена била куќа во изград...

И годинава по 57-ми пат ќе се одржи Струмичката ликовна колонија, но без странски уметници

И годинава по 57-ми пат ќе се одржи Струмичката ликовна коло…

Авг 07, 2020 Вести

Традиционалната меѓународна Струмичка ликовна колонија и годинава ќе се одржи, но без странските уметници, поради ситуацијата со пандемијата. Ќе учест...

Во Струмица во изминатото деноноќие наврнало најмногу дожд, 62 л/м², попладне невреме со силен ветер и појава на град

Во Струмица во изминатото деноноќие наврнало најмногу дожд, …

Авг 07, 2020 Вести

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Струмица, 62 л/м², во Прилеп 54, Скопје 50, П...

Кире Ричлиев го комплетираше стручниот штаб на ОК „ЏИО Струмица“

Кире Ричлиев го комплетираше стручниот штаб на ОК „ЏИО Струм…

Авг 07, 2020 Вести

Најдобриот тренер во македонската одбојкарска лига, струмичанецот Кире Ричлиев го продолжи договорот за соработка со ОК „ЏИО Струмица“. По потпишув...

Почнува „Струмица ОПЕН фестивал“, годинава со поинаква приказна

Почнува „Струмица ОПЕН фестивал“, годинава со поинаква прика…

Авг 06, 2020 Вести

Во недела започнува деветтото издание на „Струмица ОПЕН фестивал 2020“ и ќе трае до 3 септември. Ќе се реализираат 20 бесплатни настани распоредени во...

„Новус“ со средношколци од Струмица организираа волонтерски кампањи за подигање на свеста кај струмичани за одредени проблеми

„Новус“ со средношколци од Струмица организираа волонтерски …

Авг 06, 2020 Вести

Центарот за истражување и анализи НОВУС од Струмица во рамките на проектот „Волонтерство – надеж за иднината“, кој е финансиран од Цивика Мобилитас, о...

Васил Гарванлиев објави „ПриКазна“, нова македонска песна со видео спот

Васил Гарванлиев објави „ПриКазна“, нова македонска песна со…

Авг 06, 2020 Магазин

Струмичанецот Васил Гарванлиев синоќа на неговиот официјален YouTube канал ја објави најновата песна и видеозапис за „ПриКазна“. Ова е негов втор про...

Избувна пожар во стара куќа во Гечерлија, гореше и депонијата кај Добрашинци

Избувна пожар во стара куќа во Гечерлија, гореше и депонијат…

Авг 05, 2020 Вести

Денеска напладне повторно избувна пожер во депонијата кај Добрашинци, се прошири и на околниот рид, а силниот ветар го ширеше и кон акумулацијата „Тур...