Формирано прво Координативно тело на карневалски градови, прв претседател струмичанецот Ѓорѓи Пелтековски

Сабота, 09 Февруари 2019

Се здружија карневалските градови во Македонија. Македонија и официјално доби прво Координативното тело за карневалските градови. Денеска во Прилеп на иницијатива на прилепскиот градоначалник, Илија Јованоски, претставници на карневалските македонски градови Струмица, Кавадарци и Прилеп го избраа Координативното тело и првата асоцијација на карневалски градови „ФЕЕК Македонија“, која ќе го претставува карневалскиот живот на Македонија во Европа и светот.

За претседател на „ФЕЕК Македонија“ е избран Ѓорѓи Пелтековски од Струмица, член на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, а потпретседатели се Ванчо Георгиев од здружението „Мечкари“ од Прилеп, Сања Митев од Кавадарци и Ванчо Ристов Патриков, член на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал. За почесен претседател е избран Александар Цицимов, член на интернационалниот Борд на Европските карневали и долгогодишен претседател на Организационот одбор на Струмичкиот карневал.

Образложувајќи ја идејата, прилепскиот градоначалник Јованоски нагласи дека Прилеп е пред новото меѓународно карневалско издание „Прочка 2019“ и ова е поттик за карневалска презентација на македонските фестивали, но секако и на традициите.

Александар Цицимов вели дека секој карневалски град треба да ги задржи традициите како културолошки придобивки кои треба да бидат меѓународно заштитени.

И досега ја претставувавме Македонија со високото ниво на организирањето на карневалите, а сега уште поорганизирано. Целта е секој да ја сочува својата традиција, зашто сите ние: Прилеп, Кавадарци и Струмица имаме прекрасна традиција. Не ги запоставувајте вашите традиционални „Мечкари“, бидејќи тие се големо културолошко богатство и на Европа. Затоа, сите заедно да поведеме постапка, сите овие наши раритети, како што се „Мечкарите“, „Џумаларите“ да ги подигнеме на ниво на културна вредност на целиот свет, изјави Цицимов.

Ѓорѓи Пелтековски, од Струмичкиот карневал и нов претседател на „ФЕЕК Македонија“ смета дека има што да му претставиме на светот.

Се надевам дека ќе ја оправдам довербата во претставувањето на македонските карневали во светот, вели Пелтековски.

Ванчо Ристов Патриков смета дека првпат, по неколку децении, добиваме организирана форма на ФЕЕК во Македонија. Струмица, Прилеп и Кавадарци први ги почнаа карневалите и ја претставуваат Македонија надвор од земјава. Се надевам овој тим кој денеска се формираше ќе придонесе за поголема афирмација на карневалите и на градовите од каде тие произлегуваат“ - нагласи Ристов Патриков.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Непоразениот „Џио Струмица“ останува лидер на прволигашкиот шампионат

Непоразениот „Џио Струмица“ останува лидер на прволигашкиот …

Фев 23, 2019 Спорт

Моќните момци на ОК „Џио Струмица“ продолжуваат да бидат неприкосновени во својата игра. И денеска на свој терен славеа уште една победа над една од н...

„Џамбо Агушеви“ најпопуларен оркестар на „Златна Бубамара“

„Џамбо Агушеви“ најпопуларен оркестар на „Златна Бубамара“

Фев 22, 2019 Магазин

Оркестарот на Џамбо Агушев повторно избран за најпопуларен оркестар за изминатата 2018-та година на 22-то издание на мега-популарната манифестација „З...

Во Дабиле и Просениково се гради канализациона мрежа во должина од 16.181 метар

Во Дабиле и Просениково се гради канализациона мрежа во долж…

Фев 22, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, заедно со директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Ѓоргиев, денеска беа во Дабиле и Просениково каде...

Утре во „Партизан“: Џио Струмица против Универзитет Тетово

Утре во „Партизан“: Џио Струмица против Универзитет Тетово

Фев 22, 2019 Вести

Утре во Спортската сала „Партизан“ во Струмица, одбојкарите на „Џио Струмица“ ќе бидат домаќини на одбојкарите на „Универзитет Тетово“, тим кој по есе...

200 километри пеш до вечниот дом на претседателот Борис Трајковски

200 километри пеш до вечниот дом на претседателот Борис Трај…

Фев 22, 2019 Вести

Десеттина планинари од Струмица, Радовиш, Валандово и Неготино денеска од пред споменикот „Македонија“ во големиот Градски парк во Струмица, го започн...

Во недела по трет пат Струмичко дерби помеѓу Беласица и Академија Пандев

Во недела по трет пат Струмичко дерби помеѓу Беласица и Акад…

Фев 21, 2019 Вести

Во недела двата Струмички прволигашки клубови „Беласица“ и „Академија Пандев“ повторно ќе се соочат, овој пат на на стадионот „Младост“ во Струмица со...

Десеттина планинари утре пеш ќе тргнат кон вечниот дом на претседателот Борис Трајковски

Десеттина планинари утре пеш ќе тргнат кон вечниот дом на пр…

Фев 21, 2019 Вести

Десеттина планинари од Струмица, Радовиш, Валандово и Неготино утре (петок, 22 февруари), од пред споменикот „Македонија“ поставен во големиот Градски...

Во Струмица се одржа Инфо-сесија за јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 2“

Во Струмица се одржа Инфо-сесија за јавниот повик „Предизвик…

Фев 21, 2019 Вести

Во просториите на на Домот на АРМ во Струмица се одржа четвртата Инфо-сесија за јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 2“ на Фондот за иновации...