Сите првоодделенци во општина Струмица ќе добиваат бесплатна училишна униформа

Четврток, 07 Февруари 2019

Општината Струмица на сите ученици од прво одделение во основните училишта на територијата на општина Струмица ќе им обезбедува секоја учебна година бесплатна училишна униформа, односно маици и дуксерки со логото на училиштето каде посетуваат настава.

Генерацијата првоодделенци од учебната 2018/2019 година, односно 639 ученици во деветте основни училишта веќе ја користат училишната униформа, а градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска ги посети првачињата во основното училиште „Видое Подгорец“ за да види како им стојат училишните униформи.

Денеска ги видовме и мене ми се допаднаа како изгледаат, тие се задоволни, се надевам дека и родителите се задоволни и како и досега и понатаму сите наши ветувања кои што ги дадовме во корист на поквалитетен живот на нашите сограѓани, посебно на овие генерации првачиња кои што се иднина на нашата општина, треба да ги исполниме и еве се движиме во тој правец. Тендерската постапка максимално транспарентно ја спроведовме, 639 дечиња добија нови униформи, модерни, убави, функционални, јас лично сум многу задоволен, останува тој проект да го продолжиме и во наредната година и размислуваме за некои други слични вакви проекти кои што мислам дека ќе помогнат и на родителите и на децата“ - рече градоначалникот Јаневски.

Фирмата „Филаделфија“ од Кочани беше избрана како најповолен понудувач на објавениот јавен тендер на општина Струмица, а за униформите од општинскиот буџет се издвоени 519.981 денар.

ФОТОГАЛЕРИЈА

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Се запали автомобил во движење кај Дабиље

Се запали автомобил во движење кај Дабиље

Апр 17, 2019 Вести

Синоќа околу 19:00 часот на локален пат од село Градско Балдовци кон село Самоилово, поточно пред село Дабиље, се запалил автомобил во движење „Опел В...

Прогласена епидемија на мали сипаници во цела држава, во Струмица двајца заразени, но со лесна клиничка слика

Прогласена епидемија на мали сипаници во цела држава, во Стр…

Апр 16, 2019 Вести

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство денеска донесе одлука за прогласување епидемија на мали сипаници на територијата на цела...

На денешен ден е роден познатиот струмички писател и новинар Бранко Бјадов

На денешен ден е роден познатиот струмички писател и новинар…

Апр 16, 2019 Вести

Доколку беше жив денеска ќе полнеше 80 години, познатиот струмички писател и новинар Бранко Бјадов, кој почина на 30 декември 2006 година. Бранко Бја...

ФОТО: Блесна новото светло на „Младинска“, Јаневски и Бујуклиев со „селфи“

ФОТО: Блесна новото светло на „Младинска“, Јаневски и Бујукл…

Апр 16, 2019 Вести

Блесна новото ЛЕД светло на улицата „Младинска“ во Струмица, во должина од 1700 метри. 47 нови ЛЕД светлечки места, од кај главната болница до училишт...

Костадин Георгиев државен првак во традиционално карате, струмичкиот клуб „Шихан“ со 18 медали

Костадин Георгиев државен првак во традиционално карате, стр…

Апр 15, 2019 Вести

Костадин Георгиев од Карате клубот „Шихан“ Струмица е државен првак на 51-от МТКФ Државен шампионат во традиционално карате што се одржа вчера во Будо...

ФК „Беласица“ остана без тренер, Хаџиевски си замина од Струмица

ФК „Беласица“ остана без тренер, Хаџиевски си замина од Стру…

Апр 15, 2019 Вести

Фудбалскиот клуб „Беласица“ остана без тренер, актуелниот стратег Ѓоко Хаџиевски си поднесе оставка, објави спортскиот портал www.gol.mk Според инфор...

Во пресрет на доаѓањето на Папата Фрањо во Македонија во Нова Маала поставени четири крста

Во пресрет на доаѓањето на Папата Фрањо во Македонија во Нов…

Апр 15, 2019 Вести

Во пресрет на доаѓањето на Папата Фрањо во Македонија, вчера во Парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала, со благослов на Н.В.П д-р. ...

Мартин Динев од СОУ „Никола Карев“ со злато на Македонската олимпијада по информатика

Мартин Динев од СОУ „Никола Карев“ со злато на Македонската …

Апр 15, 2019 Вести

Ученикот Мартин Динев од СОУ „Никола Карев“ од Струмица го освои првото место и златниот медал на 23-та Македонска олимпијада по информатика, која вик...