Објавен оглас за распределба на 37 социјални станови во Струмица

Среда, 06 Февруари 2019

Струмичани од најранливите категории на граѓани од денеска до 6 март можат да аплицираат на огласот за распределба на 37 социјални станови во Струмица, што го објави Министерството за транспорт и врски.

За становите може да аплицираат седум категории граѓани: деца без родители или родителска грижа кои до 18 година биле згрижени во институција, корисници на социјална или постојана парична помош, лица погодени од елементарни – природни непогоди, инвалидни и лица на кои им е потребна помош од друго лице и семејства со инвалидизирани лица, припадници на Ромската заедница, самохрани родители со малолетни деца, слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош, лица со инвалидитет, самохрани родители со малолетни деца, деца кои користат социјална помош, лица од ромската заедница, слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош.

Социјалните станови ќе се распределуваат во транспарентна постапка согласно методологијата за бодирање на кандидати за добивање социјален стан под закуп“ - изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Тој истакна дека на огласот може да се пријават само лица кои влегуваат во една од седумте категории. Доколку лицето или некој од членовите на неговото заедничко домаќинство аплицира во повеќе од една од категориите на корисници, сите поднесени обрасци, како што рече Сугарески, ќе бидат отфрлени.

Апликантите треба да бидат државјани на Македонија со постојано место на живеење во Струмица и да не поседуваат стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на државава.

Документацијата се поднесува во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Струмица, каде ќе се обезбеди помош за лицата кои не се во можност сами да ги комплетираат документите. Подносителот на барањето за добивање на социјален стан може да поднесе документација и да аплицира само за една од седумте категории корисници на социјални станови.

Зградата е лоцирана на ул. „Ѓорѓи Василев“ во Струмица. Во неа има 41 стан, од кои четири ќе бидат доделени на Министерството за труд и социјална политика кое пак ќе ги подели на граѓани од најранливите категории граѓани. Изградена е преку Програмата на АД за изградба и стопанисување со јавен и државен простор.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Непоразениот „Џио Струмица“ останува лидер на прволигашкиот шампионат

Непоразениот „Џио Струмица“ останува лидер на прволигашкиот …

Фев 23, 2019 Спорт

Моќните момци на ОК „Џио Струмица“ продолжуваат да бидат неприкосновени во својата игра. И денеска на свој терен славеа уште една победа над една од н...

„Џамбо Агушеви“ најпопуларен оркестар на „Златна Бубамара“

„Џамбо Агушеви“ најпопуларен оркестар на „Златна Бубамара“

Фев 22, 2019 Магазин

Оркестарот на Џамбо Агушев повторно избран за најпопуларен оркестар за изминатата 2018-та година на 22-то издание на мега-популарната манифестација „З...

Во Дабиле и Просениково се гради канализациона мрежа во должина од 16.181 метар

Во Дабиле и Просениково се гради канализациона мрежа во долж…

Фев 22, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, заедно со директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Ѓоргиев, денеска беа во Дабиле и Просениково каде...

Утре во „Партизан“: Џио Струмица против Универзитет Тетово

Утре во „Партизан“: Џио Струмица против Универзитет Тетово

Фев 22, 2019 Вести

Утре во Спортската сала „Партизан“ во Струмица, одбојкарите на „Џио Струмица“ ќе бидат домаќини на одбојкарите на „Универзитет Тетово“, тим кој по есе...

200 километри пеш до вечниот дом на претседателот Борис Трајковски

200 километри пеш до вечниот дом на претседателот Борис Трај…

Фев 22, 2019 Вести

Десеттина планинари од Струмица, Радовиш, Валандово и Неготино денеска од пред споменикот „Македонија“ во големиот Градски парк во Струмица, го започн...

Во недела по трет пат Струмичко дерби помеѓу Беласица и Академија Пандев

Во недела по трет пат Струмичко дерби помеѓу Беласица и Акад…

Фев 21, 2019 Вести

Во недела двата Струмички прволигашки клубови „Беласица“ и „Академија Пандев“ повторно ќе се соочат, овој пат на на стадионот „Младост“ во Струмица со...

Десеттина планинари утре пеш ќе тргнат кон вечниот дом на претседателот Борис Трајковски

Десеттина планинари утре пеш ќе тргнат кон вечниот дом на пр…

Фев 21, 2019 Вести

Десеттина планинари од Струмица, Радовиш, Валандово и Неготино утре (петок, 22 февруари), од пред споменикот „Македонија“ поставен во големиот Градски...

Во Струмица се одржа Инфо-сесија за јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 2“

Во Струмица се одржа Инфо-сесија за јавниот повик „Предизвик…

Фев 21, 2019 Вести

Во просториите на на Домот на АРМ во Струмица се одржа четвртата Инфо-сесија за јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 2“ на Фондот за иновации...