Деца од Струмица го најавија големиот христијански празник, Раѓањето Христово

Недела, 06 Јануари 2019

Со стиховите од старата коледарска византиска песна „Вечниот Бог“, околу сто дечиња од Струмица и нивните родители, денеска тргнаа во бадникова поворка, од црквата „Св. Григориј Палама и Св. Димитриј“, да го најават големиот христијански празник, Раѓањето Христово. Со себе ја носеа иконата која симболично го претставува раѓањето на господ Исус Христос.

Децата поминаа низ булеварот „Маршал Тито“, плоштадот „Гоце Делчев“, покрај зградата на општината Струмица, долж улицата „Димитар Влахов“, се упатија кон Чурлински мост, пеејќи ги стиховите свет, свет, пресвет си господи и стигнаа до Црквата „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, каде ги пречека Епископот Полјански Јаков, кој ги даруваше коледарите со пакетчиња и им посака добро здравје.

По втор пат годинава се случува оваа празнична поворка во Струмица, која е дел од манифестацијата која се одржа во 35 градови во Македонија.

Денешниот свечен настан има за цел, радоста и топлината на Бадник и Божиќ да ја почувствува секое детско срцe, а во Скопје на централната манифестација беше промовирана и Божиќната песна „Небо и земја“, отпеана од Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, Некст Тајм, Љубојна и хорот „Златно славејче“.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица се фрлија два крста во осветената вода на базенот „Аквариус“

Во Струмица се фрлија два крста во осветената вода на базено…

Јан 19, 2019 Вести

Традиционално напладне во осветената вода на базенот „Аквариус“ во Струмица, во присуство на голем број струмичани од страна на отец Димитар Крцев од ...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2019 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос вовод...

За првпат во Струмица деца со попреченост ќе можат да тренираат одбојка

За првпат во Струмица деца со попреченост ќе можат да тренир…

Јан 18, 2019 Вести

Одбојкарскиот клуб „Наковски Волеј“ од Струмица доби Сертификат од Специјалната Олимпијада на Македонија за работа со лица со интелектуална попреченос...

Тренерот Раде Цицмиловиќ се враќа во „Беласица“

Тренерот Раде Цицмиловиќ се враќа во „Беласица“

Јан 18, 2019 Спорт

Раде Цицмиловиќ се враќа на кормилото на „Беласица“ откако на стартот на сезоната беше заменет со Марјан Живковиќ, кои заради слаби резултати беше пак...

На Водици, Светиот крст ќе биде спуштен во базенот „Аквариус“

На Водици, Светиот крст ќе биде спуштен во базенот „Аквариус…

Јан 18, 2019 Вести

Утре 19-ти јануари - Богојавление во 12:00 часот Светиот крст ќе биде спуштен во осветените води на Градски базен „Аквариус“ во Струмица. Со чинот на...

Корејската компанија „Nuga Medical“ отвори „Нуга Бест“ центар во Струмица

Корејската компанија „Nuga Medical“ отвори „Нуга Бест“ цента…

Јан 16, 2019 Магазин

Светски познатата компанија за производство на напредна медицинска опрема „Nuga Medical“ од Сеул, Јужна Кореја, синоќа во Струмица отвори Центар за зд...

Нова термичка фасада на средното училиште „Јане Сандански“ во Струмица

Нова термичка фасада на средното училиште „Јане Сандански“ в…

Јан 16, 2019 Вести

Заврши поставувањето на нова термичка фасада на Средното општинско училиште „Јане Сандански“ во Струмица. Овој проект е реализиран од Агенцијата на СА...

Од понеделник стартува новиот мобилен оператор 074 Телекабел

Од понеделник стартува новиот мобилен оператор 074 Телекабел

Јан 16, 2019 Вести

Кабелскиот бренд „Телекабел“ од вчера, на 22-годишнината од своето постоење и официјално станува нов мобилен оператор. Со ова „Телекабел“ го заокружи ...