Гимназијалците приредија ново Божиќно изненадување со песни од 70/80-тите

Сабота, 05 Јануари 2019

Во диско ритам од 70-тите и 80-тите помина годинашниот Новогодишно-божиќен концерт на СОУ „Јане Сандански“, традиционално веќе деветта година. Во големата сала на Центарот за култура се слушаа песни од Модерн Токинг, АББА, Бони М, а во нивниот ритам и се играше на сцената.
Во изминатите осум години, секоја година средствата од влезниците се донираа за лекување на млади луѓе, но годинава ќе бидат наменети за опремување на кабинетот по музика во Струмичката гимназија.
Станува збор за овозможување подобри услови за оние кои и го приредија ова предбожиќно музичко расположение на публиката присутна во салата, така што ќе имаат каде да го развиваат својот талент во музиката и да направат концертни изненадувања.
Временски далечно и отмено, а неодоливо младешки, опуштено и модерно. Со своите гласови и музички инструменти, 70-тина средношколци се обидоа да пренесат начин на живот, а не само музика.
Салата беше полна со струмичани од различни генерациии, ги имаше и оние кои ги знаат песните, ја започнале својата љубов со нив, ги имаше и помладите кои можеби и не ги слушнале овие песни, но слушнаа каква музика слушале нивните родители.
Меѓу публиката беше и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој е и покровител на концертот. Тука беа и членовите на Советот на општината, пратеници, кои уживаа во песните од 70-тите и 80-тите години на минатиот век.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Богородица Брзопослушница повторно низ Струмичките улици

Богородица Брзопослушница повторно низ Струмичките улици

Мар 20, 2019 Вести

Во спомен на пристигнувањето на иконата на Пресвета Богородица „Брзопослушничка“ и оваа година ќе биде одржана свечена литија во Струмица. Пред две г...

Во петок прекин на струјата на „Младинска“, во Баница и Просениково

Во петок прекин на струјата на „Младинска“, во Баница и Прос…

Мар 20, 2019 Вести

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...

Ученици од основните училишта цртаа на тема „Нацртај ја водата“

Ученици од основните училишта цртаа на тема „Нацртај ја вода…

Мар 20, 2019 Вести

Во рамките на културно-уметничкиот проект „Уметност и вода – магија на животот“, кој го спроведува Здружението за третман на вода со поддршка на Европ...

Повредена припадничка на Шумската полиција

Повредена припадничка на Шумската полиција

Мар 20, 2019 Вести

Припадничка на Шумската полиција денеска е повредена и пренесена во болницата во Струмица откако дрвокрадци удриле во два џипа на полицајците – објави...

Струмичанец уапсен на скопскиот аеродром

Струмичанец уапсен на скопскиот аеродром

Мар 20, 2019 Вести

Струмичанец бил уапсен вчера во 16:30 часот на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“. При пасошка контрола, било констатирано дека лицето П...

Со Флеш моб на 500 деца ќе биде одбележан денот на лицата со Даунов синдром

Со Флеш моб на 500 деца ќе биде одбележан денот на лицата со…

Мар 20, 2019 Вести

Утре е светскиот Ден на лицата родени со Даунов синдром – 21 март, а Здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром ќе го одбележени со и...

Здружението „ВЕРА“ и струмичкиот Црвен крст со Сертификат за благодарност од мрежата „Сите сити“

Здружението „ВЕРА“ и струмичкиот Црвен крст со Сертификат за…

Мар 19, 2019 Вести

Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „ВЕРА“ од Струмица и Општинската организација на Црвен крст во Струмица, денеска ...

Се нивелираат шахтите на повеќе улици во Струмица

Се нивелираат шахтите на повеќе улици во Струмица

Мар 19, 2019 Вести

Шахтите во градот Струмица кои се подигнати повеќе од потребното или кои се пропаднати во коловозот се нивелираат од страна на работните единици на ЈП...