Новогодишно обраќање на градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски

Понеделник, 31 Декември 2018

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, на неколку часа пред крајот на веќе старата 2018-та година со обраќање до граѓаните на општина Струмица со желби за здравје, благосостојба и лична среќа. 

Почитувани мои сограѓани,

Времето си тече незапирливо, а со него и ние се движиме напред, чувствувајќи ја динамиката на нашето живеење. Од ден на ден, од месец во месец, од година во година, стануваме позрели, поискусни и посвесни за суштината на сите значајни и помалку значајни нешта кои го сочинуваат мозаикот на животот.

И еве, повторно сме пред мигот кога мерачите на времето ќе означат крај на една и почеток на друга година, миг во кој сите ќе го посакаме тоа што го немаме, но и да го зачуваме тоа што го имаме.

Годината со која полека но сигурно се збогуваме, секој од нас ќе ја памети по своите индивидуални доживувања, по животните епизоди кои ја одбележале истата, по своите победи и порази, подеми и падови, радости и разочарувања, но сите ќе ја паметиме по нашите заеднички битки за доброто на општината во која живееме. Искрено се надевам дека најголемиот дел од тие битки се добиени, како добра основа така заеднички да продолжиме и во наредниот период.

Испробаниот рецепт за непречен напредок, вели дека лошите работи треба да ги заборавиме или да ни бидат поука како да ги избегнуваме, а убавите работи да ги понесеме со нас како добар пример, како да ја креираме нашата индивидуална иднина и иднината на нашата заедница.

Новата година значи нов предизвик, нова шанса, нова можност, нови перспективи, нови стремежи и свртување нова страница од нашите животи. Нека биде тоа страница која ќе ја испишуваме со добри и позитивни нешта, нешта кои ќе ги претворат нашите соништа во едно големо и убаво јаве.

Од длабочината на мојата душа, Ви посакувам пред се добро здравје и живот по Ваша мерка, среќа, љубов, спокој и хармонија во семејствата и исполнување на сите Ваши желби.

Нека 2019 година биде Ваша година, година која ќе ја паметите само по добро. Истовремено, нека биде тоа година на мирот, заедништвото, хуманоста и милосрдието со кои сите ќе се гордееме. Нека биде тоа успешна година за сите нас и за нашата заедничка општина Струмица.

Среќна Нова година и благословени Божиќни празници.

Коста Јаневски,

градоначалник на општина Струмица

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ДРНКА: На плацот на шумското во Струмица нема дрва, ама има старо железо и хаварисани возила

ДРНКА: На плацот на шумското во Струмица нема дрва, ама има …

Мар 25, 2019 Вести

Место со огревни дрва, складот на Шумското стопанство „Беласица“ во Струмица стана плац на старо железо и хаварисани моторни возила – пишува www.drnka...

„Комуналец“ продолжува со пролетната акција, викендот се садеа јавори

„Комуналец“ продолжува со пролетната акција, викендот се сад…

Мар 25, 2019 Вести

Викендот вработените во ЈПКД „Комуналец“ продолжија со пролетното разубавување на градот Струмица. Нови висококвалитетни листопадни садници Јавор беа...

„Џио Струмица“ го доби првиот тежок пораз

„Џио Струмица“ го доби првиот тежок пораз

Мар 24, 2019 Вести

Одбојкарите на Струмица по 14 победи оваа сезона денеска на гости во Кичево го добија првиот пораз од домаќините, одбојкарите на „Шутова“, со убедливи...

Модната ревија „Убави сме, свои сме“ на децата со попреченост и во Радовиш

Модната ревија „Убави сме, свои сме“ на децата со попреченос…

Мар 24, 2019 Вести

После Струмица и во Радовиш се одржа модната ревија на децата со попреченост „Убави сме, свои сме“, во организација на Здружението за помош и поддршка...

Протестен марш на млади од општината Босилово против отворањето рудник над Иловица

Протестен марш на млади од општината Босилово против отворањ…

Мар 24, 2019 Вести

Денеска во Босилово беше организиран протестен марш на младите од оваа општина, со поддршка на еко-здруженија од регионот. Тие ја испратија пораката ...

Иконата Богородица Брзопослушничка по дводневната литија низ улиците на Струмица вратена во „Свети Петнаесет“

Иконата Богородица Брзопослушничка по дводневната литија низ…

Мар 24, 2019 Вести

И денеска се одбележува двегодишнината од доаѓањето на чудотворната икона на Богородица Брзопослушничка во Струмица. По вчерашната литија низ улиците ...

Еуромакс: Лажни вести и говор на омраза не е граѓански активизам

Еуромакс: Лажни вести и говор на омраза не е граѓански актив…

Мар 24, 2019 Вести

Вклученост, навремено и точно информирање на сите засегнати страни за сите карактеристики и придобивки од идниот рудник се принципите според кои работ...

Денеска се чистеа дивите депонии во Банско, Муртино и Просениково

Денеска се чистеа дивите депонии во Банско, Муртино и Просен…

Мар 23, 2019 Вести

Продолжуваат акциите за чистење на комуналниот отпад во повеќе населени места на територијата на општина Струмица со конкретни теренски активности на ...