Контраверзниот филм на Јани Бојаџи доживеа премиера во неговата Струмица

Петок, 07 Декември 2018

Контравезниот филм на струмичанецот Јани Бојаџи, „Ругање со Христа“, синоќа доживеа премиерна изведба во родниот град на режисерот. Во Центарот за култура „Антон Панов“, во преполнетата сала филмот го следеа и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски со членови на Советот на општината. Пред проекцијата на филмот, со едноминутно молчење му беше оддадена почит на познатиот македонски театарски режисер, драмски критичар, Љубиша Георгиевски, кој почина вчера на 81-годишна возраст.

Во овој филм четири приказни се раскажуваат одделно, секоја за себе, но сите заемно се вкрстуваат во една приказна. Се работи за Александар Филипопулос (Љупчо Тодоровски, Македонија), новинар во познат политички магазин во Париз, кој по потекло е од Грција. Во деновите кога неговиот личен и професионален живот е на крстосница добива писмо од неговиот братучед Вани (Младен Крстевски, Македонија) од неговото родно село Герман дека татко му Лазар (Мето Јовановски, Македонија) умрел во Македонија. Александар во Франција ја напушта неговата сопруга Магда (Јана Клејн, Франција) и од Париз се враќа во Атина, а од таму во неговото родно место, селото Герман (Агиос Германос, на северот од Грција покрај Преспанското Езеро. Оттаму тој тргнува во потрага по вистината за тоа кој всушност бил неговиот татко Лазар.

Актери во филмот се Мето Јовановски, Марина Поп Панкова, Андреј Серафимовски, Владо Јовановски...

По двочасовната проекција, струмичани имаа можност да му поставуваат прашања на режисерот Јани Бојаџи и на дел од учесниците во филмот „Ругање со Христа“, кои присуствуваа на самата премиера.

Филмот во Струмица ќе се прикажува и вечерва и во сабота со почеток во 20:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Фудбалерите на „Академија Пандев“ КУП пехарот го носат во Струмица

Фудбалерите на „Академија Пандев“ КУП пехарот го носат во Ст…

Мај 22, 2019 Вести

ФК „Академија Пандев“ од Струмица е победник на 27-то финале во Купот на Македонија и за првпат по клупската историја го освои трофејот во најмасовнот...

ФИНАЛЕ НА КУПОТ: Академија Пандев по пехар за историја

ФИНАЛЕ НА КУПОТ: Академија Пандев по пехар за историја

Мај 22, 2019 Вести

Фудбалерите на ФК „Академија Пандев“ денеска против ФК „Македонија ЃП“ го игра првото КУП финале во својата историја. Натпреварот се игра на Националн...

Ракометарите на Македонија против Грција, место во Скопје ќе играт во Струмица

Ракометарите на Македонија против Грција, место во Скопје ќе…

Мај 22, 2019 Вести

Ракометната репрезентација на Македонија одново ќе игра натпревар надвор од Скопје. Како што е објавено на официјалната страна „ЕХФ“ Македонија натпре...

Струмичанецот Митко Ников со прва награда за Веб платформа за подобра интерактивна настава

Струмичанецот Митко Ников со прва награда за Веб платформа з…

Мај 22, 2019 Вести

17-годишниот струмичанец Митко Ников, ученик во трета година при СОУ „Јане Сандански“ во Струмица го освои првото место на средношколскиот натпревар з...

Годишен концерт на Музичкото училиште „Боро Џони“ во чест на патронот

Годишен концерт на Музичкото училиште „Боро Џони“ во чест на…

Мај 22, 2019 Вести

Општинското основно музичко училиште „Боро Џони“ од Струмица, синоќа го одржа својот Годишен концерт, во чест на својот патрон - 75 години од убиствот...

Фирма за достава има потреба од работници

Фирма за достава има потреба од работници

Мај 22, 2019 Веб Билборд

Фирма за достава има потреба од работници со полно или скратено работно време. Кандидатите потребно е да имат возачка дозвола од „Б категорија“, а пож...

„Паркиралишта Струмица“ ги обновува пешачките премини во градот

„Паркиралишта Струмица“ ги обновува пешачките премини во гра…

Мај 21, 2019 Вести

За зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ја обновува хоризонталната сигнализација в...

ФОТО: Прекрасна убавина! Пречистителната станица за отпадни води прерасна во бајка од сликовниците

ФОТО: Прекрасна убавина! Пречистителната станица за отпадни …

Мај 20, 2019 Вести

Пречистителната станица за отпадни води кај Сачево, во близина на Струмица, од денеска изгледа како бајка од сликовниците. Животински свет, куќички во...