Локалниот Совет за превенеција одржа Свечена седница по повод Денот на превенцијата

Четврток, 06 Декември 2018

По повод денот на превенцијата 9-ти декември, во рамките на активностите на Отсекот за превенција при СВР Струмица, денеска во хотелот „Вила Парк“ во Струмица се одржа Свечена седница на Локалниот Совет за превенција при општина Струмица.

Присутните ги поздрави началникот на СВР Струмица, Танчо Пројковски, кој истакна дека полицијата и локалните власти и понатаму остануваат партнери за создавање безбедни заедници, најавувајќи дека продолжуваат со активностите од проектот „Поблиску до граѓаните“, во соработка со ОБСЕ и локалната самоуправа.

Во изминатата година, Отсекот за превенција во Полициската станица и во Полициските одделенија реализираше повеќе значајни проекти на полето на општа превенција, превенција од областа на јавниот ред и мир, превенција од областа на криминалитетот, превенција од областа на сообраќајот. Дел од нив беа реализирани во партнерство со општините, а дел беа одржани од Мисијата на ОБСЕ“ - рече началникот Танчо Пројковски, упатувајќи јавна благодарност за поддршката и посветеноста во реализцијата на заедничките активности до градоначалниците и единиците на Локалната самоуправа од Струмичкиот регион, државни и локални институции, здруженија на граѓани и поединци.

На свеченоста, Хризантема Рендевска, началник на Отсекот за превенција при СВР Струмица, направи презентација за Превенција на криминалот преку дизајн на животната средина. Рендевска најави дека во подготовка е заеднички проект на СВР Струмица и Општина Струмица за поставување на видео надзор во централното градско подрачје, преку кои ќе се следи вандализмот, кое го имаме се почесто на плоштадот во Струмица, но и да се намали и документираат сообраќајни и други прекршоци.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Сликарите од „Пресек“ со новите дела пред струмичката публика

Сликарите од „Пресек“ со новите дела пред струмичката публик…

Дек 13, 2018 Вести

Во рамките на празнувањето по повод патрониот празник на Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, синоќа во Изложбениот салон на „З...

Асфалтирaни четири улици во градот со површина од 11.000 метри квадратни

Асфалтирaни четири улици во градот со површина од 11.000 мет…

Дек 13, 2018 Вести

Во изминатиот период се реализираа повеќе градежни зафати како во населените места така и во градот Струмица, а денеска заврши и реализацијата на еден...

Прекин на електричната енергија во реонот околу Брана Турија

Прекин на електричната енергија во реонот околу Брана Турија

Дек 13, 2018 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 14 декември), во периодот од 10:00 до 16:00 часот ќе биде прекинато снабдувањето со еле...

Филмот „Златна петорка“ на Горан Тренчовски достапен и на YouTube

Филмот „Златна петорка“ на Горан Тренчовски достапен и на Yo…

Дек 12, 2018 Магазин

Од вчера, македонскиот долгометражен игран филм „Златна петорка“ на режисерот Горан Тренчовски, филм инспириран од вистинит настан за петтемина струми...

Излезе од затвор поранешниот градоначалник на општина Ново Село

Излезе од затвор поранешниот градоначалник на општина Ново С…

Дек 12, 2018 Вести

Поранешниот градоначалник на општина Ново Село, Боро Стојчев, наместо шест, издржа затворска казна од пет месеци. Тој денеска излезе од затворот во Ст...

Пред младите од југоистокот презентиран проектот Гаранција за млади

Пред младите од југоистокот презентиран проектот Гаранција з…

Дек 12, 2018 Вести

Во рамките на проектот „Младите од руралните средини во поддршка на евроинтеграцијата на Македонија“, спроведуван од CNVP Foundation, денеска во хотел...

Да се поттикнат новитети во земјоделството – Панел дискусија во Струмица

Да се поттикнат новитети во земјоделството – Панел дискусија…

Дек 12, 2018 Вести

Денеска во хотелот „Глигоров“ во Струмица се одржа Панел дискусија на тема „Креирање платформа за калитетен еко систем за развој на иновациите и претп...

Кривична за струмичанец кој вршел обљуба врз девојче со психичка попреченост

Кривична за струмичанец кој вршел обљуба врз девојче со псих…

Дек 12, 2018 Вести

Секторот за внатрешни работи во Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Џ.Д. (32) од Струмица, поради пост...