Општина Струмица со препораки до струмичани по загадувањето на воздухот во последните неколку денови

Среда, 05 Декември 2018

По неколкудневното загадување на амбиенталниот воздух во градот Струмица, посебно во вечерните часови, а по известување од Министерството за животна средина, од Кабинетот на градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска со препораки до струмичани.

Врз основа на добиеното известување од Министерството за животна средина и просторно планирање на ден 04.12.2018 година, а согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели, за надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 µg/m3, 2 последователни дена на 1, 2 и 3 декември 2018 година, со среднодневни концентрации над 100 µg/m3, градоначалникот на општина Струмица, ги објавува следните ПРЕПОРАКИ до граѓаните:

- Да се користи јавен превоз со мотори на плин (такси автомобили, такси комбиња), користење на јавен превоз кога станува збор за локалните населени места,

- Приватните возила да не се користат без поголема потреба,

- Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време,

- Министерството за внатрешни работи да ја активира и да ја спроведе одлуката и контролата на воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила,

- Да не се користи како огревно средство за затоплување на простории: прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал,

- Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и отпадоци,

- Печките за дрва да се користат и одржуваат според упатствата на производителот и редовно да се чистат оџаците,

- Да се користат печките на пелети бидејќи имаат повисока ефикасност на согорување во споредба со дрвата,

- Пелетите да бидат квалитетни, направени само од необработено дрво и без остатоци од каква било обработка (лепило, растворувачи, бои и лакови),

- Ефикасното грејно тело го загрева домот, заштедува гориво и пари и ги намалува емисиите во атмосферата,

- На децата, старите лица, хронично болните од белодробни и срцеви заболувања, но и за лицата кои работат на отворен простор им се препорачува ограничено движење и активности на отворен простор,

- Носење на филтер маски за дишење,

- Редовно чистење на улиците и пешачките површини во градот од страна на ЈПКДКомуналец“.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Сликарите од „Пресек“ со новите дела пред струмичката публика

Сликарите од „Пресек“ со новите дела пред струмичката публик…

Дек 13, 2018 Вести

Во рамките на празнувањето по повод патрониот празник на Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, синоќа во Изложбениот салон на „З...

Асфалтирaни четири улици во градот со површина од 11.000 метри квадратни

Асфалтирaни четири улици во градот со површина од 11.000 мет…

Дек 13, 2018 Вести

Во изминатиот период се реализираа повеќе градежни зафати како во населените места така и во градот Струмица, а денеска заврши и реализацијата на еден...

Прекин на електричната енергија во реонот околу Брана Турија

Прекин на електричната енергија во реонот околу Брана Турија

Дек 13, 2018 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 14 декември), во периодот од 10:00 до 16:00 часот ќе биде прекинато снабдувањето со еле...

Филмот „Златна петорка“ на Горан Тренчовски достапен и на YouTube

Филмот „Златна петорка“ на Горан Тренчовски достапен и на Yo…

Дек 12, 2018 Магазин

Од вчера, македонскиот долгометражен игран филм „Златна петорка“ на режисерот Горан Тренчовски, филм инспириран од вистинит настан за петтемина струми...

Излезе од затвор поранешниот градоначалник на општина Ново Село

Излезе од затвор поранешниот градоначалник на општина Ново С…

Дек 12, 2018 Вести

Поранешниот градоначалник на општина Ново Село, Боро Стојчев, наместо шест, издржа затворска казна од пет месеци. Тој денеска излезе од затворот во Ст...

Пред младите од југоистокот презентиран проектот Гаранција за млади

Пред младите од југоистокот презентиран проектот Гаранција з…

Дек 12, 2018 Вести

Во рамките на проектот „Младите од руралните средини во поддршка на евроинтеграцијата на Македонија“, спроведуван од CNVP Foundation, денеска во хотел...

Да се поттикнат новитети во земјоделството – Панел дискусија во Струмица

Да се поттикнат новитети во земјоделството – Панел дискусија…

Дек 12, 2018 Вести

Денеска во хотелот „Глигоров“ во Струмица се одржа Панел дискусија на тема „Креирање платформа за калитетен еко систем за развој на иновациите и претп...

Кривична за струмичанец кој вршел обљуба врз девојче со психичка попреченост

Кривична за струмичанец кој вршел обљуба врз девојче со псих…

Дек 12, 2018 Вести

Секторот за внатрешни работи во Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Џ.Д. (32) од Струмица, поради пост...