Цивилизација стара 7500 години пронајдена кај Костурино

Вторник, 04 Декември 2018

Неолитската населба на локалитетот Орниче во близина на селото Костурино кај Струмица е најстарата населба од средниот неолит во Југоисточна Македонија и една од најстарите во државата. Ваквите сознанија ги потврдија и последните истражувања и наодите добиени од објектот кој е датиран од пред 7500 години. Покрај објектот кој бил живеалиште пронајдени се и голем број движни наоди и неколку култни предмети меѓу кои и редок примерок на жртвеник.

Според археологот м-р Зоран Рујак од НУ „Завод и Музеј“ Струмица, објектот е од средниот неолит со сите постројки внатре, со печки, со огништа, со места каде се мелело житото, места каде практично живееле луѓето од времето на неолитот и засега е најстар објект во југоисточниот дел на Република Македонија.

На денешната презентација на истражувањата на овој археолошки локалитет присуствуваше и Јосиф Христов од Општина Струмица, кој рече дека убаво е чувството да си го потврдуваме сознанието дека потекнуваме од регион кој имал богато и бурно минато, регион во кој уште во дамнешни времиња се градела и надградувала цивилизацијата во која живееме и чии вредности се универзални и подеднакво им припаѓаат на сите и на целиот свет.

Тој најави дека веќе следната година ќе започне реализацијата на проектот за реконзервација, реконструкција и реставрација на локалитетот „Цареви кули“, за кој е обезбедена донација од еден милион евра.

Неолитската населба кај Костурино носи и туристичко-економски потенцијал, кој може да се валоризира преку реконструкција на објектите. Местоположбата, близината до регионалниот фрекфентен пат, може да бидат искористени за локален економски развој, а со тоа и развој и промоција на артефактите кои лежат во утробата на македонската почва.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Одбојкарите на Струмица ја освоија и седмата Шампионска титула

Одбојкарите на Струмица ја освоија и седмата Шампионска титу…

Мај 23, 2019 Вести

Одбојкарите на „ЏИО Струмица“ уште една година ќе бидат на тронот во македонската одбојка, откако вечерва во салата „Парк“ во Струмица ја одбранија ти...

Товарно моторно возило со регистарски ознаки од Струмица удрило во моторциклист кај селото Другово

Товарно моторно возило со регистарски ознаки од Струмица удр…

Мај 23, 2019 Вести

28-годишен моторциклист почина во сообраќајната несреќа што се случи на патот Кичево-Охрид, кај селото Другово. Обвинителството информира дека во неср...

Струмичките клубови „Академија Пандев“ и „Беласица“ добија лиценца за Европа, „Вардар“ и „Победа“ извисија

Струмичките клубови „Академија Пандев“ и „Беласица“ добија л…

Мај 23, 2019 Вести

Двата прволигашки клубови од Струмица, ФК „Академија Пандев“ и ФК „Беласица“, добија лиценца за настап во Лигата на Европа следната сезона, информираа...

Заев ги разреши сите претседатели на Општинските организации на СДСМ

Заев ги разреши сите претседатели на Општинските организации…

Мај 23, 2019 Вести

Претседателот на СДСМ и актуелен премиер, Зоран Заев донел одлука за разрешување на сите претседатели на Општински организации на СДСМ, меѓу нив е и п...

Сообраќајка на патот Струмица – Дабиље, едно лице повредено

Сообраќајка на патот Струмица – Дабиље, едно лице повредено

Мај 23, 2019 Вести

Вчера околу 10:00 часот на патот од Струмица кон село Дабиље се случила сообракајна незгода помеѓу патничко возило „Пежо Експерт“ со скопски регистарс...

ВИДЕО/ФОТО: Пандевци со плех музика славеа на плоштадот во Струмица

ВИДЕО/ФОТО: Пандевци со плех музика славеа на плоштадот во С…

Мај 23, 2019 Вести

Ечеше плех музика на плоштадот во Струмица. Синоќа фудбалерите на „Академија Пандев“ го донесоа трофејот во Струмица, славеа на плоштадот и во „кафана...

Фудбалерите на „Академија Пандев“ КУП пехарот го носат во Струмица

Фудбалерите на „Академија Пандев“ КУП пехарот го носат во Ст…

Мај 22, 2019 Вести

ФК „Академија Пандев“ од Струмица е победник на 27-то финале во Купот на Македонија и за првпат по клупската историја го освои трофејот во најмасовнот...

ФИНАЛЕ НА КУПОТ: Академија Пандев по пехар за историја

ФИНАЛЕ НА КУПОТ: Академија Пандев по пехар за историја

Мај 22, 2019 Вести

Фудбалерите на ФК „Академија Пандев“ денеска против ФК „Македонија ЃП“ го игра првото КУП финале во својата историја. Натпреварот се игра на Националн...