Специјалното возило од бугарската Влада конечно ќе тргне да ја извршува својата функција

Понеделник, 03 Декември 2018

Специјалното возило за превоз на лица со посебни потреби, кое Владата на Република Бугарија го донираше за општина Струмица на 23 ноември минатата година, конечно ќе тргне да ја извршува својата функција.

Денеска, на меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3-ти декември, општината им го стави на располагање на тие за кои е наменето, лица од ранливите групи, првенствено на децата со попреченост од сите категории, заради решавање на проблемот со превозот.

Денеска е ден во кој се потсетуваме дека во нашето општество и секаде во светот се уште постојат бариери за кои се заколнавме и ветивме дека ќе ги рушиме. Бариери психолошки, физички, бариери со стереотипи, бариери социјални, кои што мораме една по една да ги рушиме. Еве денеска, една од бариерите во нашата општина на некој начин ја рушиме, ја олеснуваме, со тоа што го ставаме во функција специјалното возило за лицата кои што имаат потреба од такво возило, ја зголемуваме нивната мобилност, ја зголемуваме пристапноста до институциите кои што им се потребни. На тој начин им го олеснуваме животот и продолжуваме со следните бариери кои што се предизвик во нашето општество. Се обидуваме од овие лица кои се наши сограѓани да извлечеме максимум, а нашата заложба е да пронајдеме што е тоа што тие лица можат да го направат, за тоа што не можат, ние сме тука да им помогнеме, да бидат корисни и да бидат еден украс на нашето општество“ - рече градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски по средбата со претставници на здруженија на лица со попреченост, која се одржа во салата на Советот на општина Струмица, на која разговараа за нивните проблеми и како тие да се решат.

Ова возило ќе се користи согласно Правилникот кој што го донесе општината, обезбеден е специјален лиценциран придружник кој што ќе помага во транспортот, Општина Струмица обезбеди возач, има точно определени начини и правила како ќе се користи.

Инаку, донацијата на специјалното возило од бугарската Влада, „Рено Трафик“ со рампа и 8 до 10 седишта за превоз на лица со посебни потреби е во вредност од 35.790 евра.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Непоразениот „Џио Струмица“ останува лидер на прволигашкиот шампионат

Непоразениот „Џио Струмица“ останува лидер на прволигашкиот …

Фев 23, 2019 Спорт

Моќните момци на ОК „Џио Струмица“ продолжуваат да бидат неприкосновени во својата игра. И денеска на свој терен славеа уште една победа над една од н...

„Џамбо Агушеви“ најпопуларен оркестар на „Златна Бубамара“

„Џамбо Агушеви“ најпопуларен оркестар на „Златна Бубамара“

Фев 22, 2019 Магазин

Оркестарот на Џамбо Агушев повторно избран за најпопуларен оркестар за изминатата 2018-та година на 22-то издание на мега-популарната манифестација „З...

Во Дабиле и Просениково се гради канализациона мрежа во должина од 16.181 метар

Во Дабиле и Просениково се гради канализациона мрежа во долж…

Фев 22, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, заедно со директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Ѓоргиев, денеска беа во Дабиле и Просениково каде...

Утре во „Партизан“: Џио Струмица против Универзитет Тетово

Утре во „Партизан“: Џио Струмица против Универзитет Тетово

Фев 22, 2019 Вести

Утре во Спортската сала „Партизан“ во Струмица, одбојкарите на „Џио Струмица“ ќе бидат домаќини на одбојкарите на „Универзитет Тетово“, тим кој по есе...

200 километри пеш до вечниот дом на претседателот Борис Трајковски

200 километри пеш до вечниот дом на претседателот Борис Трај…

Фев 22, 2019 Вести

Десеттина планинари од Струмица, Радовиш, Валандово и Неготино денеска од пред споменикот „Македонија“ во големиот Градски парк во Струмица, го започн...

Во недела по трет пат Струмичко дерби помеѓу Беласица и Академија Пандев

Во недела по трет пат Струмичко дерби помеѓу Беласица и Акад…

Фев 21, 2019 Вести

Во недела двата Струмички прволигашки клубови „Беласица“ и „Академија Пандев“ повторно ќе се соочат, овој пат на на стадионот „Младост“ во Струмица со...

Десеттина планинари утре пеш ќе тргнат кон вечниот дом на претседателот Борис Трајковски

Десеттина планинари утре пеш ќе тргнат кон вечниот дом на пр…

Фев 21, 2019 Вести

Десеттина планинари од Струмица, Радовиш, Валандово и Неготино утре (петок, 22 февруари), од пред споменикот „Македонија“ поставен во големиот Градски...

Во Струмица се одржа Инфо-сесија за јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 2“

Во Струмица се одржа Инфо-сесија за јавниот повик „Предизвик…

Фев 21, 2019 Вести

Во просториите на на Домот на АРМ во Струмица се одржа четвртата Инфо-сесија за јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 2“ на Фондот за иновации...